Свети Димитрија Солунски () — црква која се наоѓа во Солун, Егејска Македонија, посветена на Свети Димитрија Солунски - светец заштитник на градот Солун. Црквата датира од времето кога градот бил втор по големина и значајност во Византија. Црквата „Св. Димитриј“ е вклучена во списокот на Светско и културно наследство на УНЕСКО од 1988 година.
Историја Византиски период
Свети Димитрија Солунски е роден во Солун во 280 година и починал како маченик за христијанската вера во 303 година. Кога царот Константин Велики го забранил прогонувањето на христијаните од царството, на местото на затворот на Св. Димитрија (по друга верзија - над неговиот гроб) во 313 - 323 година била изградена мала цркваПапахатзис Н. Памятники Салоник. Салоники: MOLHO. С. 80. ISBN 960-7964-05-5. По сто години, во 412 - 413 година, илирскиот големец Леонтиј поради неговото излекување од парализа, ја изградил првата голема црква (трикорабна базилика) меѓу урнатините на античките терми и стадионот. Олтарниот дел на црквата бил сместен над наводното место на гробот на светителот и при изградбата биле откриени неговите мошти, тајно закопани таму, според житието од солунските христијани во 306 година. Од старата црква се задржани само некои архитектонски елементи и уметнички мозаик.
thumb|250px|left|Внатрешноста на базиликата
Според друга верзија, првата базилика посветена на Свети Димитрија Солунски била изградена во Солун дури во V век (постојат разлики во верзиите - во почетокот или во последната четвртина на V векDavid Woods Thessalonica’s Patron: Saint Demetrius or Emeterius? // The Harvard Theological Review, Vol. 93, No. 3. (Jul., 2000), p. 222). Оваа дата е поврзана со верзијата за зародиш на култот на Свети Димитрија во град Сирмиум (денешна Сремска Митровица во Србија), од каде неговите мошти биле пренесени во Солун или заземањето на градот од Атила во 441 година, или од Аварите во 582 година, но последноата претпоставка е оспорена од археолозите, кои ги спровеле ископувањата во базиликата.Иванова О. В. Святой великомученик Димитрий Солунский // «Православная Энциклопедия», т. XV .
Црквата пострадала од пожар во владеењето на царот Ираклиј I (веројатно меѓу 628 - 634 година), но бргу била обновена и проширена до петкорабна базилика. Во овој пожар пострадал и сребрениот балдахин, кој се наоѓал во средината на централниот кораб на базиликата:
Балдахинот имал шестаголна основа, ѕидови и покрив, крунисани со крст. Внатре имало сребрена одаја со слика на ликот на светителотCharalambos Bakirtzis Pilgrimage to Thessalonike: The Tomb of St. Demetrios // Dumbarton Oaks Papers, Vol. 56. (2002), p 176.. Верниците можеле да влезат внатре и да палат пред него свеќи. Описот на балдахинот бил направенод солунскиот архиепископ Јован Солунски во средината на VII век, а негова слика имало на мозаикот на северната колонада на базиликата (познато единствено од акварелите на англискиот архитект Волтер Сајкс ЏорџCormack, R. The Church of Saint Demetrios: The Watercolours and Drawings of W.S. George (Thessaloniki, 1985)))
thumb|250px|right|Колонадата на базиликата до пожарот од 1917 година (слика од 1910 година)
По овој пожар биле направени последните градежни работи, кои и ги дале на базиликата современиот нејзин изглед. Во овој период биле направени и дел од мозаиците, кои денеска ја украсуваат базиликата. Конечниот ентериер на базиликата бил оформен кон средината на IX век. По Солунскиот пожар од 1917 година на источната колонада бил откриен мозаичен натпис од почетокот на IX век:
Споменатиот во текстот Леон (Лав), најверојатно е татко на апостолите Св. Кирил и Методиј, кој тогаш бил друнгариј на управителот на СолунКирилл и Мефодий // Новый энциклопедический словарь. Том 21. 1914 год.
Околу богослужбите во солунските храмови, вклучувајќи ја овде и базиликата на Свети Димитрија, пишува Јован Каменијат во својот труд "За заземањето на Солун", посветен на заземањето и грабежите на градот од Арапите во 904 година (базиликата тогаш не пострадала):
Во 1185 година, кога Солун бил освоен од Норманите, базиликата била ограбена, а гробот на Свети Димитрија осквернет. На крајот на XIII век кон базиликата била додадена пристројка посветена на Евтимиј, изградена во форма на мала трискатна базиликаПапахатзис Н. Памятники Салоник. С. 77.
Османлиски период
По освојувањето на Солун од страна на Османлиите во 1430 година, базиликата била оставена на христијаните. При предвањето на црквата на османлискиот султан Мурат II, според зборовите на византискиот историчар Дука, султанот пренел жртва на овен и наредил да се остави храмот во рацете на христијанитеВизантийские историки Дука и Франдизи о падении Константинополя. Перевод и предисловие А. С. Степанова. М., 1953 г., но сите украси на храмот и гробот на Свети Димитар биле уништени од Турците, а храмот целосно ограбен.Васильев А. А. История Византийской империи (Падение Византии. Эпоха Палеологов (1261-1451))
Во 1493 година црквата била претворена во џамија. Во овој период за христијаните бил зачуван пристапот до кенотафот на Св. Димитрија, сместен во еден помал објект во западниот дел на левиот кораб, каде што бил направен посебен влез. Тогаш фреските и мозаиците на храмот биле покриени со вар.
Грчки период thumb|250px|right|Мермерна крстилница во дворот на базиликата
Базиликата останала муслимански храм до 1912 година, кога во текот на Првата балканска војна, Солун станал дел од Грција. Храмот практично целосно бил опожарен во 1917 година.. Реставрацијата започнала во 1926 година, кога бил отворен влез кон криптата, а под олтарот бил пронајден сад, наводно со крвта на Димитрија. Исто така започнало враќањето на фреските и мозаиците, кога била отстранета варта. Од пожарот во 1917 година настрадал и покривот. Дел од мозаиците се наоѓаат во криптата претворена во музеј. При реставрацијата максимално се користеле старите столбови. Подот при реставрацијата бил направен од обоени камења и мермер, покривот бил направен повторно од бетон, но го задржал изгледот на безтавански дрвен покрив, карактеристичен за ранохристијанските базилики.
Рестсаврацијата завршила и на 26 октомври 1949 година било извршено ново осветување на црквата и од тој момент црквата започнала да биде активна со редовни богослужбиΙερός Ναός Αγίου Δημητρίου. ΣΕΡΕΤΗΣ ΚΩΝΣΤΑΝΤΙΝΟΣ ΤΣΕΣΜΕΤΖΗΣ ΠΑΝΑΓΙΩΤΗΣ, ΤΡΙΑΝΤΑΦΥΛΛΙΔΟΥ ΒΑΣΙΛΙΚΗ, ΣΟΥΦΗΣ ΣΤΑΘΗΣ, ΑΝΑΣΤΑΣΟΠΟΥΛΟΥ Ε’Ι’ΜΗ, ΤΑΞΗ Ε3, σελ. 3.Ο Ιερός Ναός του Αγίου Δημητρίου στη Θεσσαλονίκη. Μ.Κ.Ο. "Ρωμηοσύνη".. Влезот во базиликата и во Археолошкиот музеј во криптата е слободен. Во базиликата, освен моштите на Свети Димитрија, се чуваат и моштите на Анисија Солунска во сребрени ковчег.
Во денешен Солун базиликата се наоѓа во историскиот центар, до археолошкиот комплекс на античката Агора, на пресекот на улиците "Селевкос" и "Агиос Димитриос".
Во 2003 година во гробница, изградена на влезот во базиликата бил погребан солунскиот митрополит Пантелејмон II (Хрисофакис), со чии напори во храмот биле вратени моштите на Свети ДимитријаПогребение митрополита Фесалоникийского Пантелеимона II.
Архитектура
Базиликата била изградена во ранохристиански елинистички стил и има форма на четириаголник. За изградбата биле користени тули и камења од претходните градби.
Базиликата е петкорабна, должината на нејзиниот дел со олтарниот е 43,58 метри, а ширината - 33 метри. Ова е најголемата црква во Солун. Има два влеза, од кои главниот е во тремот.
Покривот се состои од пет ската и нема купола. Во секој од страничните скатови и во наосот има балкони. Фасадата на базиликата е несимметрична, кон левата страна е доградена камбанарија со крст. Од надворешната страна на олтарниот дел има, неупотребливи денес, влезови кон криптата на базиликата, откриени при реконстркцијата во првата половина на XX век.
Колонада
Корабите на базиликата се поделени со колонада од бели, зелени и темноцрвени мермерни столбови. Веројатно тие биле земени од постара градба, бидејќи се разликуваат и по висина, и по изглед. Капителите се сосема различни; особено интересно изгледаат оние со лисја на трње. Овој тип е распространет главно во IV век и се среќава, на пример, во Сант Аполинаре ин Класе во Равена. Листовите имаат кружна форма и се затворени во дршка рамка. Дел од нив се со коринтски капители
Мозаици
Во текот на реставрацијата биле обновени некои мозаици кои датираат од VII и VIII век, додека останатите биле засекогаш изгубени при пожарот на црквата од 1917 година. Овде се среќаваат и ретки мозаици од времето на иконоборствотоРайс, Дэвид Тальбот. Искусство Византии. Москва: Слово, 2002. Стр. 60-64.. Тешко е да се каже зошто иконоборците ги поштедиле овие слики. Во мозаиците се гледа античката традиција, но лицата на светците веќе потсетуваат на доцновизантискиот период. При споредба на мозаиците од базиликата Св. Димитрија и цариградските од истиот период, се забележува изобилство на источните типовиОтто Демус. Мозаики византийских храмов. Сите мозаици на великомаченикот Димитрија имаат поединечни црти на лицето, што сведочи за различно време на изработката. thumb|150px|right|Мозаик „Свети Димитрија со деца“ thumb|150px|right|Мозаик „Свети Димитрија и ктитори“
Димитрија и свештенициПапахатзис Н. Памятники Салоник. С. 88-89
Мозаикот бил откриен за време на реконструкцијата при уривањето на ѕидот, изграден од Османлиите од десната страна на олтарот на базиликата. Светителот е прикажан како ја држи својата рака врз рамото на свештеникот, изразувајќи ја својата добродушност. Првично светлата правоаголна рамка околу главата на свештеникот е прифатена за ореол, но по отворањето на мозаикот "Св.Димитрија со ктитор" било заклучено дека овој квадрат е амбразура на градски ѕид, на позадината на која се прикажани фигурите. Долниот дел на мозаикот содржи натпис: Најсреќниот маченик Христов, кој го сака градот, опколен од грижата на жителите и гостите на градот.
Димитрија и децаПапахатзис Н. Памятники Салоник. С. 90-91
Мозаикот се наоѓа во западниот дел на олтарот и најверојатно е подарок од родителите на децата, на кои Свети Димитрија им дал помош. Лицата на децата имаат поединечни црти. Светецот ја држи раката врз рамото на едно од нив, а другата му е подигната со отворена дланка. Овој гест веројатно условно покажува дека светителот се моли. Овој е еден од најстарите мозаици во базиликата (најверојатно направен веднаш по обновувањето на црквата во средината на VII век). На неа Димитрија е претставен како млад човек со идеализирани црти на лицето и со кратка права коса, облечен во хитон и раскошна мантија, која, слично на сите други слики, е врзана на десното рамо. Мантијата е украсена со табилион што го одразува благородното потекло на светецот наведен во неговите житијата.
Димитрија со ктиториПапахатзис Н. Памятники Салоник. С. 92
Овој мозаик е исто така еден од најстарите мозаици во црквата. Димитрија е прикажан како опкружен со црковните (десно) и световните (лево) владетели на градот. Се смета дека ова се епархот Леонтиј и архиепископ Јован, кои ја организирале обновата на базиликата по пожарот во VII век. Својата благонаклонетост, светителот ја одразува преку позицијата на неговите раце кој тој ги држи на нивните рамена. Под мозаикот има натпис: Од десно и лево се гледаат градителите на славното строение на маченикот Димитрија, кој го тргна бранот на варварските флоти и го спаси градот. Станува збор за опсадата на Словените во 615 година.
Богородица и Теoдoр СтратилатПапахатзис Н. Памятники Салоник. С. 93
Мозаикот се наоѓа во јужниот дел на олтарниот дел и бил создаден кон крајот на IX век и почетокот на X век. Богородица и Теoдoр Стратилат се прикажани како се молат, а на небото над нив се гледа фигурата на Христос, кој ги благословува со десната рака. Во рацете на Богородица има свиток со зборовите: Господ Бог, благоволен си да го слушнеш гласот на мојата молитва, бидејќи јас се молам за луѓето.