IX Зимске олимпијске игре се одржале од 29 јануари до 9 февруари 1964 година во Инсбрук, Австрија.
Организаторите имале големи потешкотии во организацијата, поради недостигот на снег. Војската помогнала да се донесат 20.000 ледени коцки од планините за подготвување на патеката за натпреварите во боб и 40.000 м3 снег за скијачките патеки.Инсбрук 1964, МОК За да биде уште полошо, десетина дена пред почетокот на игрите преовладувало невообичаено топло време, а врнело и дожд, но сепак подготовките биле навремено завршени и имало услови за натпреварување.
Ова биле првите Зимски олимписки игри на кои олимпискиот оган бил запален во древната Олимпија во Грција. Оттогаш, ова било својствено за сите Зимски олимписки игри.
Во спортската програма бил воведен спортот санкање, а во скијачки скокови било додадено натпреварување на различна скокалница. Во алпско скијање, за првпат остварените времиња биле мерени до стоти дел од секундата.
Избор на град-домаќин Инсбрук бил избран за град-домаќин на игрите на 55. седница на МОК, која се одржала на 26 мај 1959 година во Минхен. Останати кандидати за организација на игрите биле Калгари и Лахти.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1964 Град ЗемјаПрв кругИнсбрук49Калгари20п Канада 9Лахти-
Краток преглед Лидија Скобликова од Советскиот Сојуз освоила златни медали во сите четири дисциплини во брзо лизгање (во трките на 500, 1000, 1500 и 3000 m), притоа поставувајќи 3 Олимписки рекорди. Италијанскиот натпреварувач во боб, Еуџенио Монти, забележал дека на конкурентската двојка од Велика Британија им се скршила санката, па им ја позајмил својата. По завршувањето на трката, Британците го освоиле златниот медал, а Монти бронзениот. Кога новинарите го запрашале зошто им помогнал на Британците, тој им одговорил дека тие не победиле поради тоа што тој им ја позајмил санката, туку поради тоа што најбрзо ја извозеле патеката. Меѓународниот олимписки комитет го вовел медалот „Пјер де Кубертен“ и на Зимските олимписки игри и за овој спортски гест, Монти станал првиот добитник на оваа награда за заслуга на Зимските олимписки игри. Во алпско скијање, сестрите Кристине и Мариеле Гоичел ги зазеле првото и второто место во дисциплините слалом и велеслалом, но со обратен редослед. Кавдија Бојарских од Советскиот Сојуз освоила три златни медали во скијачко трчање, а во машка конкуренција два освоил финскиот скијач Еро Мантиранта, по што го добил прекарот „г. Зеефелд“.
Спортови Натпреварувачите на игрите биле одликувани со медали во 34 дисциплини во 6 спортови. За првпат на игрите биле доделени медали во санкање. По пауза од две Олимпијади, на игрите повторно имало демонстративен спорт, а тоа бил спортот ајсшток (варијанта на спортот карлинг). Алпско скијање Биатлон Боб Брзо лизгање Хокеј на мраз Санкање Нордиско скијање: Скијачко трчање Нордиска комбинација Скијачки скокови Уметничко лизгање
Земји-учеснички На игрите во Инсбрук се нтпреварувале 1091 натпреварувач од 36 земји. За првпат на Зимските олимписки игри учествувале: Индија, Монголија и Северна Кореја. СФР Југославија се вратила на игрите, откако последен пат учествувала на игрите во 1948 година. Спортистите од Западна и Источна Германија за последен дел нстапиле како дел од Обединетиот тим на Германија.
20п Бугарија 20п Германија 20п Грција
20п Иран
20п Канада
20п Романија
20п Шпанија
Освојувачи на медали 1 1186252 453123 366154 343105 34076 20п Германија 33397 33178 12369 110210 20п Канада 1023
Поврзано
Олимписки игри Зимски олимписки игри Меѓународен олимписки комитет
Наводи
Надворшни врски
Инсбрук 1964, МОК
Категорија:Зимски олимписки игри