XII Зимски олимписки игри се одржале од 4 до 15 февруари 1976 година во Инсбрук, Австрија. Меѓународниот олимписки комитет имал доста потешкотии со организацијата на овие игри. Имено, првоизбраниот град-домаќин на игрите Денвер, поради неможноста за остварување на финансискиот план, кој не бил изгласан на реферндум од страна на граѓаните, градот морал да се откаже од организацијата. Следниот кандидат бил градот Винслер, но и во овој случај имало тешкотии, бидејќи по изборот на новата влада, челниците се ооткажале од организацијата на игрите. Тогаш, од МОК стигнала молба до градот Инсбрук, кој како град-домаќин на Зимските олимпсики игри 1964 ја имал потребната инфраструктура, само 12 години по организирањето на игрите, повторно да биде град-домаќин.
Маскота на игрите бил тиролскиот снешко.
Игрите биле одбележани по строгите безбедносни мерки, поради стравот од терористички напади, како ониие четири години порано, кога за време на одржувањето на Летните олимписки игри во 1972 година, 8 Палестинци киднапирале 11 израелски спортисти.
Избор на град-домаќин Во конкуренција за организација на игрите биле градовите: Денвер, Сион, Тампере и Вислер. Организацијата на игрите му била доделена на градот Денвер во мај 1970, но трикратното зголемување м на трошоците и грижата за околината совеле, градот да се откаже од организацијата на игрите на 7 ноември 1972, откако граѓаните на референдум не ја изгласале можноста, организацијата на игрите да се финансира со издавање на хартии од вредност во износ од 5 милиони $.
Официјално, денвер се откажал од организацијата на игрите на 15 ноември, а МОК организацијата му ја понудил на градот Вислер во Канада, кој поради незаинтересираноста на новоизбраната влада да ја финансира организацијата на игрите, морал да се откаже од истата. Конечно, организацијата на игрите била доделана на градот Инсбрук.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1976 Град ЗемјаПрв кругВтор кругТет кругДенвер292939Сион183130Тампере128-Ванкувер-Гарибалди9--
Краток преглед Миленикот на публиката Франц Кламер победил во дисциплината спуст во алпско скијање. Снимката од неговото возење, во која може да се забележи дека при целото негово возење во долниот дел од патеката, бил на граница од излетување, и денес им го одзема здивот на многу гледачи. Рози Митермаер од Западна Германија доминирала во алпско скијање во женска конуренција. Таа освоила злато во дисциплините спуст и слалом и сребро во велеслалом, заостанувајќи само 0,13 s.Infoplease Во уметничко лизгање, Британецот Џон Кери, кој уште пред игрите бил познат по своето елегантно и примамливо лизгање успеал да ги поправи грешките при изведувањето на техничките елементи, за кои судиите најчесто го казнувале и со одлично лизгање доминантно го освоил златниот медал. На овие игри, започнала доминацијата на натпреварувачите од Источна Германија во боб четворорсед. Тие го освоиле првото од трите последователни златни медали на Олимписките игри. Хокеарската репрезентација на Советскиот Сојуз го освоила четвртото последователно злато на Олимписките игри. Репрезентацијата на Канада повторно ги бојкотирала игрите. Советската лизгачка Татјана Аверина освоила два златни и два сребрени медали во брзо лизгање, а натпреварувачите од САД во истиот спорт освоиле вкупно 6 медали. Со напредокот на спортската технологија, во спортовите алпско скијање, брзо лизгање и скијачки скокови, за првпат натпреварувачите носеле заштитна опрема, која вклучувала и кациги на главите. Олимпискиот оган бил запален во нов казан, но по игрите и двата казана (и оној во кој бил запален огнот во 1964 година) биле симнати. За првпат, натпреварите во боб и санкање се одржале на иста патека.
Спортови Натпревари за освојување на медали имало во 37 дисциплини во 6 спортови. Алпско скијање Биатлон Боб Брзо лизгање Хокеј на мраз Санкање Нордиско скијање: Скијачко трчање Нордиска комбинација Скијачки скокови Уметничко лизгање
Земји-учеснички На игрите учествувале 1123 спортисти од 37 земји. Република Кина, за последен пат на Олимписките игри учествувала под ова име. По признавањето на НР Кина како легитимна земја со власт над целата територија на Кина, спортистите од Република Кина биле принудени да настапуваат под името Кинески Тајпеј, со старо знаме и национална песна, наместо државната химна. За првпат на Зимските олимписки игри уествувале споритисти од Андора и Сан Марино.
20п Бугарија 20п Грција 20п Западна Германија 20п Иран
20п Романија
20п Шпанија
Освојувачи на медали 1 13 6 8 272 7 5 7 193 3 3 1 74 3 3 1 75 20п Западна Германија 2 5 3 106 2 4 1 77 2 2 2 68 1 3 1 59 1 2 3 610 1 2 1 4
Поврзано
Олимписки игри Зимски олимписки игри Меѓународен олимписки комитет
Наводи
Надворшни врски
Инсбрук 1976, МОК
Категорија:Зимски олимписки игри