„Аграрни реформи и варијации на тема...“ е прв албум на Fighting Windmills. Издаден за Lithium Records во 2008 година. На албумот има 15 песни работени во периодот од средината на 2007 до средината на 2008 година. Албумот е снимен во студиото Кај Трајче, сниман и миксан од страна на Трајче Митревски и Дарко Поповски – Блуз во мај 2008 година.
Промоцијата на албумот се случи во декември 2008 година во склоп на Таксират 10 фестивалот, на вечерта предвидена за промоција на албуми, на која настапија заедно со Рамбо Амадеус.
Омотот за албумот е работен од страна на Јован Балов. Снимени се два спота за нумери од овој албум, едниот за песната „Одата за една Нула“ комплетно изработен од Јован Балов и другиот за песната „Моето `Најдобро Другарче`“ работен со 3D Production Studio во соработка со членовите на бендот.
'''|„Аграрни реформи и варијации на тема...“ - 2008'''1Аграрни реформи...2Алиса на ганџа!3Плашиш-Убиеш! 4Диши! Издишан човеку...5Одата за една Нула.6Ѕидчето!7Моето “ Најдобро другарче”8А што ако тоа што го чекаш, навистина дојде?!9Цетчињата.10Засукај го тој Брк!11Ние сме Хард-Кор, освен кога не сме!12Енче сонува.13Мажето со розова маичка...14Тротоарчето на мојот крај.15Голем, шарен, нервен... СЛОН!
На овој албум Fighting Windmills се: Ена Балова: вокал и виолина Филип Букршлиев – Бука: гитара и вокал Филип Вирановски – БумБар: бас и вокал Нина Георгиева: тапани и вокал
Категорија:Fighting Windmills