За историјата на партијата СКМ по 20 април 1991 година, видете Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ) — македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија, владејачката партија во СФР Југославија во текот на нејзиното постоење. До април 1952 го носи називот „Комунистичка партија на Македонија“ (КПМ).

Историја мини|лево|Куќата на Јовановци во Тетово во која е создадена Комунистичата Партија на Македонија на 19 март 1943

КПМ е основана на 19 март 1943 година во Тетово. Нејзиниот прв Централен комитет бил во состав: Лазар Колишевски (политички секретар), Мара Нацева (организациски секретар), Цветко Узуновски, Кузман Јосифовски - Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев. Првиот конгрес на КПМ се одржал во 1948 година.

Плурализам Со воведувањето на партискиот плурализам, СКМ го менува своето име во СКМ - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП) и под тој назив учествува на првите повеќепартиски избори во Република Македонија во 1990 година. Истовремено, ја менува својата комунистичка идеологија со социјалдемократска. На својот конгрес од април 1991 СКМ - ПДП повторно го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, СДСМ. Мал дел од членството на СКМ-ПДП се отцепил од матичната партија и ја задржал комунистичката идеологија, или барем комунистичкото име.

Конгреси на СКМ (КПМ)

Прв конгрес 1948 Втор конгрес 1953 Трет конгрес 1959 Четврт конгрес 1963 Петти конгрес 1968 Шести конгрес 1974 Седми конгрес 1978 Осми конгрес 1982 Деветти конгрес 1986 Десетти конгрес 1989

Секретари на СКМ (КПМ)

Име Слика Период на функција Лазар Колишевски 65px 19 март 1943 – 3 јули 1963 Крсте Црвенковски 65px 3 јули 1963 – 24 март 1969 Ангел Чемерски 65px 24 март 1969 – 8 мај 1982 Крсте Марковски 8 мај 1982 – 5 мај 1984 Милан Панчевски 5 мај 1984 – 10 мај 1986 Јаков Лазароски 10 мај 1986 – 27 ноември 1989 Петар Гошев 65px 27 ноември 1989 – 20 април 1991

Галерија

Наводи

Категорија:Социјалистичка Република Македонија