Народната федеративна партија„Историја на македонскиот народ“, ИНИ, Скопје, 2003, том III, стр. 433. или некаде се сретнува како Народна федеративна партија (бугарска секција)Решенија на основачкиот конгрес на Народната федеративна партија, Солун, 1909 г. () — легална политичка партија која произлегла од левото крилоТреба да се истакне дека еден дел од историчарите сметаат дека поделеноста на ТМОРО не била врз идеолошка основа, туку станува збор за групи кои се бореле за контрола на организацијата. на ТМОРО, создадена по Младотурската револуција во Отоманското Царство. Опстојува една година, од август 1909 до август 1910 год. кога е забранета. Нејзин главен идеен противник е Сојузот на бугарските конституциони клубови.Бугарското национално дело за време на хуриетот, основан од страна на десното крило на ТМОРО и на дел од структурите на поранешниот Врховен комитет.Црнушанов, Коста, „Македонизмот и спротивата на Македонија срешту него“, Унив. изд. „Св. Климент Охридски“, Софија, 1992.
Партијата била планирана да претставува федерација од повеќе нејзини секции, формирани од сите незадоволни народности во Отоманското Царство, но пошто била формирана единствено секција од страна на МОРО, а други секции никогаш не биле формирани, останала само Бугарската секција.We, the People: Politics of National Peculiarity in Southeastern Europe, Diana Mishkova, Central European University Press, 2009, ISBN 9639776289, pp. 130-131.Historical Dictionary of the Republic of Macedonia, Dimitar Bechev, Scarecrow Press, 2009, ISBN 0810862956, p. 75.Entangled Histories of the Balkans: Volume One: National Ideologies and Language Policies, Roumen Daskalov, Tchavdar Marinov, BRILL, 2013, ISBN 900425076X, p. 303.
Народната федеративна партија под ова име се појавила во јануари 1909 г. Во периодот од јули до декември 1908 таа делувала под името Македоно-одринска револуционерна организација (МОРО) и ја сочинувале окружните организации на Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ, предводена од Серската група на Јане Сандански.„Историја на македонскиот народ“, ИНИ, Скопје, 2003, том III, страна 433. По Илинденското востание, особено по Рилскиот конгрес левото крило се ориентирало кон барање соработка со сите прогресивни сили во Турција, врз основа на борбата против султанскиот апсолутизам и за запазување на национално-територијалната целост на Македонија.„Историја на македонскиот народ“, ИНИ, Скопје, 1969, книга втора, стр. 307.
Предуслови за формирање на партијата мини|лево|250п|Димо Хаџи Димов, Тодор Паница и Јане Сандански со младотурците По расцепот (поларизацијата) на ВМОРО што се случил на Рилскиот конгрес 1905 год. на лево (македонско национално) и десно (врховистичко) крило дејствувањето на Организацијата продолжило во две насоки, десното крило под името ВМРО, именувано на Ќустендилскиот конгрес одржан во почетокот на март 1908 год., а левото крило под името МОРО, именувано на Мајскиот конгрес во Банско одржан во втората половина на мај 1908 година. Во согласност со одлуките на конгресот, левото крило се ориентирало кон соработка со сите прогресивни сили во Турција, а врз основа на борба против султанскиот апсолутизам и за запазување на национално-територијалната целост на Македонија. Јане Сандански и Христо Чернопеев стапиле во контакт со Младотурскиот комитет и Грчкиот комитет во Неврокоп и заедно ја донеле таканаречената Неврокопска програма за соработка и заедничко делување во условите по Младотурската револуција. По Мајскиот конгрес и Младотурската револуција од јули 1908 г. МОРО преминала во легално делување.
На 31 јули 1908 година бил издаден „Манифест до сите народности во Османлиското Царство“Манифест до сите народности во империјата напишан од Павел Делирадев, кој работел и на изготвување устав и програма за Народната федеративна партија, а е потпишан од Јане Сандански. Во повикот, упатен до сотатковинците, сите што ја населувале Македонија, се вели:
мини|десно|220п|Павел Делирадев (лево) со Тодор Паница и Сандански, 1908 г. „Денешниот момент е голем. Во него ќе се реши големото прашање: ќе биде или не слободен нашиот народ? Кој ќе биде победник - тоа зависи исклучиво од вас, од вашата волја и готовност да умирате за слободата. И зарем вие, граѓани, што веќе вкусивте од слатките плодови на слободата, ќе се поколебате да ја исполните својата пресуда и да не го закопате злосторничкиот апсолутизам?“ Обраќајќи се кон сонародниците, во Манифестот се вели: „Вие, кои сте дале толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Сега вие не сте сами - ете зошто и вашата борба станува полесна и понадежна. Со заедничките усилби на сите народи ние ќе ја извојуваме нашата слобода. Не подавајте им се на престапната агитација која можеби ќе ја поведат официјалните власти во Бугарија против вашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода.“
До крајот на септември 1908 год. трите окружни организации од левицата дејствувале на организирање нов општ конгрес на организацијата. На 8 август 1908 год. групата серчани почнала да го издава весникот „Конституциона зарја“ со уредници: Димо Хаџи Димов и Димитар Мирасчиев, што:
Атентатот над Сандански, на 24 септември 1908 год. извршен во Солун од група врховисти испратени од Софија Историја на македонскиот народ, Скопје, 1969, том II, стр. 308. влијаел да се одложат подготовките за формално формирање на НФП и подготовките за конгрес при што се јавила и колебливост во Организацијата и некои дејци се откажале од МОРО и нејзината изготвена проект програма, како Христо Чернопеев и Струмичкиот револуционерен округ и од 27 септември 1908 год. излегле со одделно свое гласило „Единство“ под редакција на Делирадев и со активна соработка со Димитар Влахов и Ангел Томов. Подоцна се издвоил и Солунскиот револуционерен округ. Сепак, засилената активност на Конституционите клубови во Отоманското Царство повлијаела кон зближување на револуционерните окрузи во потесна соработка.
Формирање на партијата мини|десно|180п|Правилник на НФП (бугарска секција) На 15 јануари 1909 година се постигнало организациско обединување на трите револуционерни групи кое се манифестирало како решеност за изградба на нова политичка организација под името Народна федеративна партија на местото на дотогашната МОРО. Една од пречките за прибирање на граѓанството била отстранета, но се изгубило многу драгоцено време. Наместо претходните два било одлучено како партиски весник да се издава еден, под името „Народна волја“ кого го редактирал Ангел Томов. Во следните месеци до одржувањето на основачкиот конгрес, партијата била во фаза на организационо-политичка изградба, дејствувајќи исклучиво со легални политички средства. Во периодот до основачкиот конгрес се случила контрареволуцијата на опозицијата во Царството, во чие задушување значајна улога одиграла помошта на доброволните вооружени одреди предводени од Јане Сандански, Тодор Паница и други.
Основачки конгрес мини|лево|280п|Фотографија од делегатите на конгресот, сликана на првиот ден од конгресот Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија е одржан од 3 до 10 август 1909 год, во кафулето „Сплендид палас“ во предградието на Солун. На конгресот присуствувале 33 делегати од цела Македонија: Христо Јанков и Димитар Влахов од Солун, Христо Мадникаров и Т. Клифов од Горни Порој, Стоју Хаџиев и Илија Бижев од Демирхисарско, Јане Сандански и Георги Казепов од Мелник, Стојко Пашкулов и Алексо Божиков од Неврокоп, Димитар Коштанов и Г. Захариев од Горна Џумаја, Г. Огњанов од Малешевијата, Коне Самарџиев и Христо Чернопеев од Струмица, Панде Попманушев од Петрич, Методи поп Гошев и Димитар Мирасчиев од Велес, Добри Даскалов и Дончо Лазаров од Тиквеш, Иван Икиљулев и Никола Петров од Кукуш, Иван Манолев од Битола, Јордан Шурков и Ф. Бајрактаров од Скопје, Георги Скрижовски и Иван Елезов од Разлог, Таската Спасов Серски и Христо Стамболиев од Сер, Тодор Паница од Драма, Ангел Попкиров од Одринско, Б. Христов од Долни Порој и Анастас Митрев од Охрид.
Конгресот го отворил секретарот на Солунскиот револуционерен округ Христо Јанков кој истовремено поднесол и извештај за активностите во подготвителниот период на конгресот. На првите заседанија на конгресот се избрани шест комисии за изработка на основните програмски документи и резолуции на Партијата. Најважната комисија онаа за изработка на програмата ја сочинувале; Димитар Влахов, Јане Сандански, Христо Чернопеев, Димитар Коштанов и Иван Манолев. Со учество во дискусиите се истакнале особено: Јане Сандански, Димитар Влаахов, Ангел Томов, Добри Даскалов, Јордан Шурков и Димитар Коштанов.
На конгресот биле усвоени основните програмски документи (програма, статут, декларација и неколку резолуции). Во Централното биро биле избрани: Димитар Влахов - претседател, Христо Јанков – секретар и Анастас Матлиев - касиер, како и шест членови на партискиот совет: Александар Бујнов, Христо Чернопеев, Добри Даскалов, Димитар Коштанов, Јане Сандански и Јордан Шурков. Со тоа организационо-политичката изградба на партијата била завршена. Димитар Влахов, кој бил претходно избран на изборите во 1908 г. станал претставник на партијата во Отоманскиот парламент, а по основачкиот конгрес го презел редактирањето на „Народна волја“.
десно|мини|Јане Сандански и Нуредин-бег со знамето на Отоманското Царство во позадина На конгресот Партијата застанала зад оној дел од населението што го сочинувал и најглавниот елемент на таа партија - лишените од државни грижи, безимотните и малоимотните чифлигари, ситните стопанственици, занаетчии и трговци. Партијата се заложила да се реформира Османлиското Царство во Источна федерација при што да се создадат и автономни вилаети во Македонија, Албанија и Ерменија.
Во програмата се бараат мерки за заштита на трудот, бесплатно основно образование, училиштата да се под управа на локалните општини и надвор од религиозни организации, да се воведе прогресивен данок, аграрни реформи и земја за безимотното земјоделско население, реформи во индустријата, трговијата, во работните односи - права на работниците итн.
За аграрното прашање конгресот донел резолуција со низа барања. Во резолуцијата за училишните прашања се барало и Македонците да учествуваат во уредувањето на просветните прашања, да се отстрани централизмот и бирократизмот во просветата. Данокот што се плаќал за просвета да се распределува праведно на сите, да престане секакво влијание и дејствување на бугарската влада и бугарскиот двор врз просветата на Македонците-отомански граѓани итн.
„На крајот основачкиот Конгрес на НФП изјави дека Партијата ќе се бори за отстранување на секакво влијание и воздејство на бугарските влади и на бугарскиот двор врз просветното дело на Македонците – отомански граѓани и против претворањето на училишниот оддел од еден национален институт во партизански институт којшто ги прогони сите оние учители што не сакаат во својата општествена дејност, да се пројавуваат како орудија на бугарскиот монархизам и ги фаворизира оние што работат за победата на одделни интереси, а не за слободата и народниот суверенитет.Мемоари од Димитар Влахов, Скопје, 2004, 118 стр.
Состојби и цели на партијата Во наредните неколку месеци до почетокот на 1910 година, НФП покажувала тенденции на постепено опаѓање, кое уследило не само како резултат од рекционерната политика на младотурците, туку и од значителните опортунистички тенденции на нејзиното централно биро.