Коста Шахов (-) ― македонски преродбеник, прв претседател на Младата македонска книжевна дружина, соработник на списанието „Лоза“, соработник на бројни гласила во кои се објавувале прилози со македонска тематика. Автор на неколку книги со белетристички и публицистички карактер. Иако се сметал за Бугарин, вешто урамнотежувал помеѓу идејата за културно и политичко осамостојување на Македонија и нејзиното присоединување кон Бугарија.
Животопис
Коста Шахов е роден на 6 јули 1862 година во градот Охрид. Дипломирал правни науки при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Бугарија. Најпрво работел во Русенскиот окружен совет и во Русенската околиска управа, а потоа бил назначен за службеник при Русенскиот судски истражител и Апелациониот суд во Русе. Шахов, Коста. Едно осветление по нашите работи, во: От София до Костур. Спомени, ИК Синева, София, 2003, стр.38-68.
Дејноста меѓу македонската емигарција
Коста Шахов на 21 октомври 1888 година во Русе, Бугарија, започнал со издавање на весникот „Македонија“. Првите 25 броја излегле во Русе, потоа дошло до привремено запирање, а од 14 јуни 1889 година весникот почнал да излегува во Софија сè до 1893 година.П. Константин, Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979 Во првиот број на весникот било истакното дека:
Низ своите страници весникот разгледувал и политички прашања, во смисла дека треба да дојде до организирање и обединување на македонските друштва во Бугарија и тоа во интерес на Македонија. Се повикувале македонските друштва да се обединат на чело со еден Комитет, кој требало да ја кординира ниваната акција и да преземе дејности, најпрво по мирен дипломаски начин, а пота и да се преземат револуционерни средства. Според весникот Македонија, целата на Комитетот треба да биде Автономија на Македонија врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес. Автономијата би овозможила да се прекратат пропагандите на соседните држави и би овозможола да зе зачува територијалната целовитост на Македонија. Во тој контекст било истакнато дека во борбата за политички права на Македонија треба да се обединат сите народности во Македонија. Прашањето за обединување на сите народности во Македонија било посебно разгледано во статијата:
потпишана со псевдонимот:
Според овој автор, ослободувањето на Македонија треба да биде поставено врз неутрална македонска почва и истакнува дека:
Понатаму во статијата било истакнато дека населението во Македонија треба да биде нарекувано исклучиво како Македонци, додека пак македонските друштва како македонски без претставките бугаро, србо, елино и румуно. Оваа статија предизвикала реакции и полемика во кои се вклучила и самата редакција на весникот. Подоцна, в. Македонија еволуирал во правецот на ставовите на Еден Македонец.
Учество во македонското националноослободително движење мини|десно|150п|Портрет на Коста Шахов Коста Шахов бил посебно заслужен за формирањето на МСД (Македонско студенско друштво).Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов Негови позначајни членови биле Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев и други. Целта на асоцијацијата меѓу другото било ослободување на Македонија и борба против пропагандите. Оваа асоцијација била самораспуштена во 1891 година. Но веќе по неколку месеци Коста Шахов се нашол меѓу основачите на Младата Македонска Книжевна Дружина и станал член на Лозарското движење, притоа ММКД започнала да издава и едно списание Лоза (весник), а Шахов учествувал во неговата подготовка.
Во јули 1893 година Шахов имал средба со Иван Хаџи Николов кој дошол од Солун и побарал да му биде препорачано авторитетно лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов како таков го посочил Гоце Делчев кој тогаш учел во военото училиште во Софија. Иван Х. Николов тогаш на Коста Шахов и на Делчев им посочил дека:
По четиричасовниот разговор К. Шахов и Г. Делчев го прифатиле планот.
Членувањето во Македонскиот комитет
Коста Шахов учествувал во работата на І македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија, при овој конгрес дошло до обединувањето на македонската емиграција во рамките на Македонскиот комитет, подоцна познат како (Врховен македонско-одрински комитет). Официјалната цел на оваа асоцијација е Автономија на Македонија. Коста Шахов учествувал до крајот на егзистирањето на оваа организација, а за време на IV македонски конгрес бил избран за член на Комитетот, на местото на Гоце Делчев.
Однос кон Македонското прашање
Коста Шахов се залагал за решавање на Македонското прашање преку создавање на македонска самостојна држава, а тоа го дознаваме од извештајот на Кузман Дамјановиќ од 4.03.1899 година. Дамјановиќ се наоѓал во хотелот „Батемберк“ во Софија и притоа таму се нашле и некој од дејците на МК, Коста Шахов, Андреј Љапчев и други, при што дошло до дискусија во која било истакнато дека:
Во весникот „Македонија“ (број 4, Русе, 11. ХI.1888 година), во непотпишаниот уводник, секако од перото на самиот уредник - тогаш 26-годишниот Шахов, се повлекува мислата дека на пример:
Смрт
По долгогодишна дејност во македонското националноослободително дело и македонската емиграција во Бугарија, Коста Шахов починал на 15 август 1917 година во Софија.
Публицистика
Соработува во списанието „Лоза“ (1892), по обновата на Младата македонска дружина, тој учествувал во работата на неговиот службен орган „Глас македонски“ (1894-1898), потоа во весниците „Борба за слободата на Македонија и Одринско“, „Борба“ (1905).
Наводи
Литература Боро Мокров „Весникот „Македонија“ на Коста С. Шахов“, Охрид, 1991.
Надворешни врски „Покана“ од Коста Шахов од 1888 година на Викиизвор. "Зугра. Разказ од животот на македонските бугари во 1880 – 1 г." од Коста Шахов
Категорија:Македонски дејци Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски општественици Категорија:Отомански Македонци Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет