Таип Таипи (албански: Taip Taipi; , Ресенско, - , ) — македонски и југословенски политичар од албанска народност, учесник во НОБ.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1463 стр.
Животопис Таипи е роден на 29 октомври 1924 година во преспанското село Асамати. Завршил Правен факултет. Бил учесник во НОБ од 1941 година како заднински соработник, а потоа, од јули 1943 година, бил борец во Битолско-преспанскиот партизански одред, во Првата, а потоа во Третата македонска ударна бригада, од каде преминува во Четвртата македонска албанска бригада.Нешо Маркоски „Беличица во пламен“, „Полог“, Тетово, 1975, 13 стр.
По ослободувањето, тој бил на разни раководни должности во ЈНА до 1956 година, а потоа бил стручен соработник и секретар на Сојузното јавно обвинителство од 1956 до 1966 година, републички секретар за правосудство на СРМ (1966 - март 1969) и пратеник во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ во 1970 година. Умира во Белград, Србија на 19 октомври 2001 година.
Наводи
Надворешни врски Излагање на состанокот со претставниците на Третата македонска ударна бригада, 1989.
Категорија:Луѓе од Асамати Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски општественици Категорија:Југословенски општественици Категорија:Учесници во НОБ