Ново Лисиче — високоурбанизирана населба во Општина Аеродром, на 5 км од средиштето на Скопје.
Потекло на името Бидејќи било изградено на атарот на Горно Лисиче, го добило топонимот Лисиче, и бидејќи била сосем нова населба, ја добило претставката Ново.
Историја Населбата Ново Лисиче е изградена во годините 1985-1990, во атарот на тогаш селото Горно Лисиче. На местото на денешната населба се наоѓала најплодната алувијална рамнина во Скопската Котлина, на која наместо пченица никнале згради. Основни фирми кои ја граделе населбата биле Бетон, Маврово и Гранит.
Населбата порано припаѓала кон Општина Кисела Вода, но со Законот за новата територијална поделба во август 2004 година е создадена новата Општина Аеродром и населбата потпаднала кон новосоздадена општина, створена на 12 април 2005 кога за првпат била одржана седница на Советот на општината.
Местоположба, сообраќај и инфраструктура мини|лево|200п|Графички дел од деталниот урбанистички план за Урбана Зона А. 170px|десно|мини|„Детската улица“ Населбата се наоѓа на десниот брег на реката Вардар. На исток се граничи со Горно Лисиче, на запад со населбата Јане Сандански и Аеродром, на југ со Реонски Центар, а на север се допира до брегот на Вардар.
Како пооддалечена населба од средиштето на градот, а со голем број на станбени згради и жители, кон Ново Лисиче водат многу автобуси како 3, 3А, 3Б, 15, 15А, 5, додека автобусот 23 го обиколува цело Ново Лисиче бидејќи населбата има облик на квадрат. Со Центар и западниот дел на Скопје (Карпош, Ѓорче Петров) е поврзана со булеварот „Јане Сандански“ кој преку населбите Аеродром и Јане Сандански оди кон Центар, а кон Маџари, Автокоманда и Индустриската зона води мостот „Тодор Александров“/„Близнаци“.
Во Ново Лисиче водат два главни булевари, и тоа „АСНОМ“ и „Видое Смилевски-Бато“. Булеварот „Видое Смилевски-Бато“ потоа преминува во булеварот Јане Сандански. Двата главни булевара се разгрануваат во многу улички и паркинзи кои ја сочинуваат патната инфраструктура на Ново Лисиче.
Демографија Ново Лисиче е урбана населба составена исклучиво од станбени згради со оглед на тоа има голем број на жители и има разни демографски движења.
Според пописот од 2002, населбата Ново Лисиче била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
Според некои проценки и пописни списоци за Скопје (во периодот на првата половина на 2000-тите), Ново Лисиче имало околу 17.200 жители од кои 97,5% се Македонци, 1% Срби, 0,5% Албанци и 1% други. Младо население во Ново Лисиче имало од 32-34%, наталитетот е со средна големина (исто бил како во Капиштец), а миграционите движења се сѐ уште големи како внатрешните од други скопски населби така и од другите делови на Македонија многу луѓе се доселуваале и отселувале од Ново Лисиче. Вработеноста била околу 81%, а писменоста на населението околу 94,8%.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Ново Лисиче била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност Вкупно Македонци 63.764Албанци 850Турци 464Роми 459Власи 651Срби 2.125Бошњаци 403Други6.392
Самоуправа и политика
Избирачко место +Населба Ново Лисиче, општина Аеродром - организација на избориБрој на избирачко местоУстанова кадешто се наоѓаЖенски гласачиМашки гласачиРегистрирани гласачи2708ОУ „Лазо Ангеловски“4325219532709ОУ „Лазо Ангеловски“3914618522710ОУ „Лазо Ангеловски“3794137922711ОУ „Лазо Ангеловски“45954110002712ОУ „Лазо Ангеловски“4464709162713ОУ „Лазо Ангеловски“47257010422714ОУ „Лазо Ангеловски“72378415072717ОУ „Лазо Ангеловски“4375149512718ОУ „Лазо Ангеловски“4685119792719ОУ „Лазо Ангеловски“70484615502720ОУ „Лазо Ангеловски“4595019602721ЈУДГ „Буба Мара“49352910222722ЈУДГ „Буба Мара“3944338272723ЈУДГ „Буба Мара“4264378632724ЈУДГ „Буба Мара“251263514Вкупно6.9347.79414.728
На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 9.575 жители, каде 55% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 14% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.
Општествени установи ОУ „Лазо Ангеловски“ ЈУДГ „Буба Мара“
Културни знаменитости 200px|десно|мини|Спомен фонтаната со ликот на Тоше Проески. На 28 август 2010 година, свечено била пуштена во употреба спомен фонтаната со ликот на Тоше Проески. Фонтаната се наоѓа на Детската улица и е изработена од мермер со кружен облик, со пречник од седум метри. Средишниот дел е со квадратен облик, висок 1,45 метри, каде е поставена слика од Тоше. Фонтаната и околниот дел е осветлен со канделабри и неонски светилки, хортикултурно е уреден со зеленило и клупи. Фонтаната била пуштена на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица. 200px|мини|десно|Црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“. Цркви Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — прва црква во населбата, заштитничка на кулите 39, 41 и 43; Црква „Св. Јован Крстител“ — црква од поново време, дел од комплексот парк „Аеродром“;
Редовни настани Секоја година се одржува натпревар во мал фудбал на Спортскиот центар Ново Лисиче, кој е одржуван на 28 август (Успение на Пресвета Богородица).
Традиционално е одржуван Меѓународениот фестивал на комедијата „Гола месечина“. Од 20 до 29 јуни 2016 година било одржано неговото трето издание.
Култура и спорт Во Ново Лисиче се наоѓа Спортскиот центар „Марко Божиновски“. Порано го носел името Спортски центар Ново Лисиче и е разговорично познат како „Дупка“.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Појавено во 1980-тите