Шиптар (албански: Shqip(ë)tar) — словенизиран облик на етнонимот со кој Албанците се нарекуваат самите себеси.Албанците во енциклопедијата - „шиптари“

Називот „Шиптари“ (Shqiptarët) започнува да се употребува за време на Народноослободителната борба на Југославија како замена за претходните синоними „Арбанаси„, „Арнаути“, како и „Шипнија“ (Shqipëri, Shqipni) наместо „Арбанија“ (т.е. Албанија). Воведувањето на зборот требало да послужи како исказ кој наведува на единството на албанскиот народ кој живеел во Југославија и Албанија. На практика, меѓутоа, за разлика од првобитната намера, се случило токму обратното. Регионализираниот израз се употребувал како средство за разликување на припадниците на албанската народност во Југославија од Албанците во Албанија и ширум светот. Со текот на времето овој назив добива и негативна конотација. Токму поради тоа, во Југославија се забранува употребата на овој назив и наместо него се употребува единственото национално име — Албанци.

Во Македонија, овој назив беше причината за огромниот скандал во 2009 година, кога МАНУ ја издаде Македонската енциклопедија во која Албанците беа наречени „Шиптари“, па потоа беше повлечена од употреба заради големиот број на приговори.

Во Србија, зборот има статус на политички некоректенUpotreba termina Šiptari na sajtu NSPM и се употребува само од националистички автори и Српската православна црква. Интересно е што поимот кај младите станал жаргон кој има сосема различно значење, па се употребува дури и како замена за „добар другар“ или „драга личност“ (само во Србија).Rečnik žargona: šiptar

Зборот „Шиптар“ се смета за навредлив и политички некоректен во српски, македонски и другите јужнословенски јазици.

Поврзано Албанци Албанија

Наводи

Категорија:Албанци Категорија:Дискриминација