Погребот на Лех Качињски, кој почина на 10 април 2010 година во авионска несреќа кај Смоленск, Русија беше извршен на 19 април 2010 година. Заедно со претседателот загинале вкупно 96 патници. Неговата сопруга, Марија Качинска исто така загинала во несреќата. По смртта на Качињски, во земјата била прогласена недела на жалост. Погребот на државникот се случил на 18 април 2010 година. Двете тела биле погребени во Вавелската катедрала.

Смрт

right|thumb right|thumb

Претседателот Лех Качински требало да го посети Смоленск по повод 70 години од Катинскиот масакар, односно од убиството на 22.000 полски офицери и интелектуалци во 1940 година од советските агенти во Катинската шума, во близина на Смоленск. Летот започнал од престолнината Варшава, од аеродромот Фредерик Шопен.

Во составот на полската делегација имало повеќе високи функционери - началникот на претседателскиот кабинет Владислав Сташак, началникот на генерал-штабот на полските вооружени сили Фратишек Гонгор, поранешниот министер за одбрана Јежи Шмајџински и гувернерот на Централната банка Славомир Шкрзипек. Пилотот трипати неуспешно се обидел да слета, а четвртиот обид бил кобен. Авионот Ту-154, кој бил управуван од екипаж на претседателскиот авионски тим, се урнал при слетувањето на аеродромот во Смоленск, на околу 400 километри западно од Москва. Несреќата се случила поради условите на густа магла. Се претпоставува дека авионот удрил во дрво на околу 300 до 400 метри од пистата на воениот аеродром, по што избувнал пожар.

Погреб right|thumb right|thumb

Во земјата била прогласена недела на жалост. Полјаците од цел свет жалеле во своите матични земји, запалувајќи свеќи или слично покрај амбасадите на Полска низ светот. голем број на граѓани жалеле по својот претседател. Знамињата биле спуштени на половина. Сите спортски натпревари биле одложени. Сите културни манифестации биле одложени. Во тој период не рабтеле голем број на кина, театри, ресторани и трговски центри.

На улиците низ варшава излегле десетици илјади граѓани за да се збогуваат за последен пат со својот претседтел. По престигнувањето, ковчегот на претседателот бил обвиен со знамето на Полска. По церемонијата, ковчегот бил испретен во претседателската палата во Варшава. влезот на палатата бил преполнет со свеќи, бели и црвени цвеќиња, според знамето на земјата. На 13 април пристигнал и ковчегот на неговата сопруга.

12 април во русија бил прогласен како ден на жалост. Украина исто така 12 април прогласила ден на жалост, како и Европската унија и НАТО. Соседот Литванија прогласила тридневен ден на жалост.

На церемонијата на 17 април на плоштадот во Варшава присуствувале повеќе од 100.000 луѓе. На денот на пшогребот, ден на жалост прогласиле Бугарија, Чешка, Унгарија, и Словачка.

Сепак, околу погребот на Качињски се појавиле и несогласувања. На улиците излегле демонстранти кои зборувале дека трагичната смрт на претседателот сепак не го правела доволно достоен за тој да почива до полските кралеви, херои и државници.http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2010/04/100416_poland_funeral.shtml Вулканскиот прав од ерупцијата во Исланд спречил поголем дел од светските водачи да дојдат на закопот на Качински. Меѓу тие што не дошле се Барак Обама, Николас Саркози и многумина други. Заедно со илјадниците Полјаци со Качински се простија Димитри Медведев, Вацлав Клаус, Данило Тирк, Трајан Басеску и други.http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122180

Кофчезите на претседателската двојка допатувале од Варшава на воен транспортен авион кој летал и покрај облакот вулканска прав во Краков, родното место на претседателот. Двете тела биле закопани во саркофагот до Јозеф Клеменс Пилсудски во Вавелската катедрала.

Наводи

Категорија:Полска во 2010 година Категорија:Погребани во Полска