Самофинансирање е финансирање кое деловните субјекти го вршат од сопствени извори на средства.Б.Трајкоски, Деловни финансии со финансиски менаџмент, Прилеп 2002 година

Внатрешни извори на самофинансирање Внатрешни извори на самофинансирање се оние кои деловниот субјект како самостоен правен субјект ги создава во работењето било со амортизација на основните средства и долгорочните пласмани, со долгорочни резервирања, или со акумулирана нето-добивка за себе .

Амортизацијата e економска појава со која се изразуваат трошоците на основните средства во процесот на репродукција. Наплата на главицата на долгорочни пласмани e деловниот субјект, понекогаш, кога има вишок на финансиски средства на жиро-сметката може тој вишок да го пласира, да го позајми на рок подолг од една година со камата.Б.Трајкоски,Деловни финансии со финансиски менаџмент ,Прилеп 2002 година , стр 260 Акумулирана нето-добивка е нето финансиски резултат што деловниот субјект го остварил во текот на деловната година. При акумулирање на целокупната нето-добивка за зголемување на сопствениот капитал,нето-добивката во целост претставува извор на самофинансирање. Нето-добивката се распределува, само оној дел од нето-добивката што го акумулира за финансирање на растот и развојот, било за резервен капитал, претставува извор на самофинансирање.Б.Трајкоски,Деловни финансии со финансиски менаџмент ,Прилеп 2002 година , стр 261

Надворшени извори на самофинансирање

Надворшени извори на самофинансирање - правни и физички субјекти коишто обезбедуваат средства за финансирање на деловните субјекти, а нивниот домицил е вон претпријатието.Б.Трајкоски,Деловни финансии со финансиски менаџмент ,Прилеп 2002 година , стр 262

Емисија на акции е чин на финансирање на деловниот субјект, така што, од една страна, се јавуваат акционери а од друга страна се јавува деловен субјект.На стопанскиот субјект му се потребни финансиски средства и врши емисија на акции. На ваков начин финансиските средства од акционерите доаѓаат на жиро-сметката на деловниот субјект. Трајните влогови од трети лица се наоѓаат најголема примена во претпријатијата што не се акционерски т.е еден вид на ортачки претпријатија во кои две физички лица воспоставуваат ортачки однос и вложуваат свои средства било како основен капитал, било како капитал што ќе го потикнат развојот. Вложувања на капитал од сопствениците на инокосни претпријатија се јавува кај инокосните претпријатија т.е кај кои сопственик е поединец. Продажба на долгорочни обврзници над номиналната вредност е кога претпријатието може да купи акции по номинална вредност, а да ги продава по продажна т.е повисока вредност.Разликата меѓу номиналната и продажната вредност на обврзниците претставува извор на самофинансирање.

Предности на самофинансирањето бесплатен облик на финансирање доказ за кредитна способност; поголема финансиска независност и флексибилност .

Недостатоци на самофинансирањето тешкотијата која настанува при покривањето на краткорочните и долгорочните потреби на деловните субјекти со парични средства кои можат да се обезбедат по пат на самофинансирање; финансиските средства од изворите на самофинансирање се поекономични од туѓите извори на средства а со тоа можат да бидат вложени и во помалку рентабилни проекти, што не е оправдано за развојот на земјата; порастот на цената на производите и услугите.

Наводи