Мезофилот ― организам, којшто вирее на умерени температури, ниту многу високи ниту многу ниски, вообичаено помеѓу 25 и 40 °C. Поимот претежно се однесува на микроорганизми.
Ареалот на овие организми ги вклучува почвите, човечкото тело, животните и др. Оптималната температура за многу патогени мезофили е 37 °C, т.е. нормалната температура на човечкото тело. Мезофилните организми играат важна улога во прехранбената индустрија, посебно при правење на сирење и кисело млеко, пиво и вино.
Организмите кои ја претпочитаат студената средина се нарекуваат психрофили, а оние кои претпочитат повисоки температури се нарекуваат термофили. Организмите кои живеат на екстремно високи температури се нарекуваат хипертермофили.
Поимот „мезофил“ често се спомнува во ботаниката, особено во структура на лист и истото означува основно ткиво, кое се наоѓа меѓу горен и долен епидермис. Неговиот долен дел кој е исполнет со воздушни простори се нарекува сунгересто ткиво.
Живеалиште мини|230п|Постапки за определување на број на колонии на аеробни мезофилни бактерии во млеко. Живеалиштата на мезофилите може да се сирењето и јогуртот. Тие често се вклучени за време на ферментација на пиво и вино правење. Бидејќи нормалната температура на човечкото тело е 37 °C, поголемиот дел од човечките патогени се мезофили, како и повеќето од организмите што го сочинуваат човечки микробиом.
Примери Некои значајни мезофили се Listeria monocytogenes, Staphylococcus aureus, и Escherichia coli. Други примери на видови мезофили се Clostridium kluyveri, Pseudomonas maltophilia, Thiobacillus novellus, Streptococcus pyogenes, и Streptococcus pneumoniae.
Поврзано Анаеробно варење Мезофилен варилник Мезофит Неутрофил Обратна екологија Мезогенеза. Појавата на мезофили.
Наводи
Категорија:Анаеробно варење Категорија:Раководење со биоразградлив отпад Категорија:Биоразградување Категорија:Микробен раст и исхрана Категорија:Управување со биоразградлив отпад