thumb|250px|Идејна ракета која ја истражува вселената

Истражувањата на вселената вклучуцаат употреба на астрономија и вселенска технологија за да се истражи поблиската и подалечната вселена.

400px|thumb|right|Астронаутот Пјер Селер на третата мисија, СТС-121 во 2006 година.

Физичкото истражување на вселената е водено како од летала управувани од човек така и од летала управувани од роботи. Надгледувањето на објектите во вселената, познато како астрономија, претходи на сигурно запишана историја, каде што тоа беше развивањето на големи раќетни мотори на течно гориво за време на дваесеттиот век кои овозможија физичкото истражување на вселената да стане реалност. Заеднички принципи за истражување на вселената вклучуваат напредни научни истражувања, обединување на различни нации, осигурување на опстанокот на човештвото и развивање воена и стратегиска предност против други земји. Некогаш за вселенското истражување се кажани различни критики.

Вселенското истражување често е користено како замена на конкурентноста на геополитичките соперници како што е Студената војна. Раната ера на вселенското истражување се случило поради „Вселенската трка“ ( “Space race“) помеѓу Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави (САД), а често како граници за периодот се земени лансирањето на првото летало направено од човекот за кружење околу земјата, Советскиот Спутник 1 (на македонски: патник), на 4 октомври 1957 година, како и првото спуштање на Месечината од страна на американското вселенско летало, Аполо 11 на 20 јули 1969 година. Советската вселенска програма достигна многу од првите важни настани, вклучувајќи го и првото живо суштество во 1957 година, првиот лет на човек во вселената Јуриј Гагарин Восток 1 (на македонски: Исток 1) во 1961 година, првото одење во вселената (од Алексеј Леонов) во 1965 година, првото автоматско слетување на друго небесно тело во 1966 година и лансирање на првата вселенска станица Саљут 1 (на македонски: поздрав) во 1971 година.

По првите 20 години од истражувањата лансирањата биле вршени со ракети и друга опрема која се користела само еднаш. Главното преместување во овој контекст претставува американската шатл програма и советската вселенска станица Мир. Од 90-те години на минатиот век понатаму започна да се промовира вселенскиот туризам, како и приватните вселенски истражувања на Месечината.

Во 2000-те, Кина започна успешна програма за летање во вселената со екипаж. Европската унија, Јапонија и Индија, исто така, планираат идни вселенски мисии со екипаж. САД се обврзаа за враќање на месечината до 2018 година а потоа и на Марс. Кина, Русија, Јапонија и Индија планираат да испратат мисии со екипаж на Месечината во 21 век, додека пак, Европската унија планира да испрати мисии со екипаж и на месечината и на Марс во текот на 21 век.

хронологија на вселенското истражување 16 април 1946 - САД започнуваат со лансирање на ракети В2.

4 октомври 1957 - Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу земјата првиот вештачки сателит "Спутник 1".

31 јануари 1958 - САД од космодромот Кејп Канаверал (Флорида), во орбитата околу земјата го лансираа својот прв вештачки сателит "Експлорер 1".

17.03.1958 - САД од космодромот Кејп Канаверал во орбитата околу Земјата го лансираа вториот американски сателит "Вангард".

2 јануари 1959 - СССР го лансираа сателитот "Луна 1" кој беше упатен кон Месечината. Притоа беше откриен "сончевиот ветер".

3 март 1959 - И САД упатија сателит кон Месечината, "Пионер 4".

12 септември 1959 - СССР го лансираа "Луна 2". Првиот сателит (без екипаж) кој се спушти на површината на Месечината на 14 септември 1959 г.

4 октомври 1959 - СССР го лансираа сателитот "Луна 3", кој на 7 октомври 1959 г. ги испрати првите снимки од тамната страна на Месечината.

30.03.1960 - Во САД, во вселенската база Кејп Кенеди е лансиран првиот метеоролошки вештачки сателит - Тајрос 1.

12.04.1961 - Јуриј Гагарин со своите 27 години, е првиот човек што изврши космички лет околу Земјата, во вселенскиот брод - "Восток 1" летајќи на височина помеѓу 181 и 327 км. По поминати 41.000 км успешно се спушти на Земјата, кај селото Смеловск, јужно од Саратов.

05.05.1961 - Во Флорида, од лансирната рампа на Кејп Канаверал, со вселенски брод "Меркјури" лансиран е Алан Шепард, прв американски космонаут во вселената. Бродот достигна висина од 185 км и по 15 мин. се врати на Земјата.

20.02.1962 - САД го лансираше вселенскиот брод “Меркјури атлас МА-6“ со првиот американски космонаут Џон Глен. Бродот трипати ја обиколи Земјата и се спуштил во Атлантикот.

07.03.1962 - Во САД е лансирано првото автоматско меѓупланетарно летало - ОСО 1. (Орбитална Сончева Опсерваторија).

26.04.1962 - Во Кејп Канаверал, САД лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, Ова е заеднички американско-британски проект.

14.06.1962 - Во Париз е основана Европската организација за истражување на вселената.

10.07.1962 - САД го лансираа телекомуникацискиот сателит за пренос на телевизиските програми од САД во Европа.

22.07.1962 - Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.

23.08.1962 - Американскиот телекомуникациски сателит "Телстар" за првпат емитуваше телевизиски пренос на линија САД - Европа.

16.06.1963 - Летна советскиот вселенски брод - Восток 6. кој ја носеше првата жена во вселената (Валентина Владимировна Терешкова, родена на 06.03.1937 г.). Таа леташе до 19.06.1963 г. и ја обиколи Земјата 48 пати, поминувајЌи 1.960.000 км. (Таа беше 6-ти советски, а 10-ти светски космонаут).

20.09.1963 - Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации предложи заедничка советско-американска експедиција на Месечината.

18 март 1965 - Советскиот астронаут Алексеј Леонов е првиот човек кој престојувал во вселената, надвор од својот вселенски брод Восток 2(12 минути).

06.04.1965 - Од Кејп Канаверал на Флорида беше лансиран првиот комерцијален комуникациски сателит - Ранобудникот. Сателитот почна да функционира на 28 јуни истата година.

15.07.1965 - Американското вселенско летало "Маринер 4" ги испрати првите снимки од планетата Марс.

01.03.1966 - Советското вселенско летало Венера 3 се спушти на планетата Венера. Тоа е прво што се спуштило на друга планета.

02.06.1966 - На Месечината се спушти првиот американски вселенски брод "Сервејер-1", без човечки екипаж.

10.08.1966 - Американските вселенски научници од Кејп Кенеди го лансираа "Орбитер 1" првото вселенско летало што на Земјата испрати фотографии од површината на Месечината, кои требаше да им помогнат на научниците да одредат место за слетување на летало на Месечината. Орбитер 1 се урна на темната страна на Месечината на 29 октомври.

18.10.1967 - Како прва во историјата на космонауката, советската атомска меѓупланетарна станица "Венера-4" спушти научна лабораторија на површината на Венера. Со автоматски апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. Сателитот леташе 4 месеци од Земјата до Венера.

30.10.1967 - Првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачкии Земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата "Космос - 186" и "Космос - 188".

27.03.1968 - При еден пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, првиот човек во вселената, херој на Советскиот Сојуз и светот.

21.12.1968 - САД го лансираа кон Месечината вселенскиот брод "Аполо 8" со човечки екипаж (Френ Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс).

24.12.1968 - Екипажот на вселенското летало "Аполо 8" влезе во орбитата околу месечината. Бродот десет пати ја обиколи Месечината на 27.12.1968 г. и успешно се спушти на Земјата.

14.01.1969 - Во СССР се лансирани во вселената бродовите “Сојуз-4” и “Сојуз-5” и првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на космонаутите од еден во друг вселенски брод.

16.05.1969 - На планетата Венера се спушти советското вселенско летало - Венера 5.

16.07.1969 - Од Кејп Кенеди е лансиран вселенскиот брод "Аполо 11" на Месечината, во која се наоѓаа Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин. Астронаутот Н.Амстронг на 21 јули прв стапна на Месечината.

20 јули 1969 - Месечевото возило "Орел" на американскиот вселенски брод "Аполо 11" со космонаутите Нил Амстронг и Едвин Олдрин, се упати на поврината на Месечината, додека Мајкл Колинс продолжи да кружи околу Месечевата орбита со матичниот брод.

06?08.08.1969 - Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица "Зонд - 7" со задача да ја проучува месечината и пространствата околу неа.

05.11.1969 - САД го лансираа првиот вселенски брод "Маринер-3" во правец кон Марс. Поради технички грешки, мисијата претрпе неуспех.

05.02.1971 - Американските космонаути од вселенскиот брод Аполо 14 се спуштија на површината на месечината.

19.04.1971 - СССР ја лансира вселенската станица - Саљут во орбитата околу земјата.

28.05.1971 - СССР во правец на Марс ја лансира автоматската вселенска сонда Марс -3, со тежина од 5 тони.

07.06.1971 - Советскиот вселенски брод "Сојуз 2" во орбитата околу Земјата се спои со вселенската станица "Саљут". Тоа е првото автоматско спојување во Вселената.наслов на врска

14.02.1972- Советскиот вселенски брод - Луна 20, се упатил кон месечината. По 11 денови престој, на земјата донел примероци од површината на Месечината.

02.03.1972- Во САД е лансиран вселенскиот брод Пионер 10 за испитување на планетата Јупитер.

20.04.1972 - Американското вселенско летало "Аполо 16" се спушти на површината на Месечината.

11.12.1972 - Американските астронаути и членови на екипажот на вселенскиот брод "Аполо 17" стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на програмата Аполо.

05.02.1974 - Американската вселенска сонда Маринер-10, која беше лансирана на 03.11.1973 г., ја надлета планетата Венера на височина од 6 000 км. и на 29.03.1974 г. првпат сними крупни кадри од оваа планета.

??.07.1976 - Американскиот вселенски брод "Викинг" лансиран кон Марс, пристигна.

10.01.1978 - Двајцата руски астроанути (Гречко и Романенко) од "Саљут 6" излегоа во безвоздушниот простор и имаа кусо "рандеву". Тие останаа во вселената 96 дена.

12.01.1978 - Советскиот вселенски брод “Сојуз 27” се спои со системите “Сојуз 6” и “Сојуз 26” и така околу Земјината орбита првпат е создаден пилотиран научно-истражувачки комплекс што го сочинуваат орбиталната станица и два транспортни брода.

22.01.1978 - Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена - операција снабдување. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж “Прогрес-1” автоматски се спои со системот “Саљут-6”-“Саљут-27”. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.

02.11.1978 - Двајца советски космонаути се вратија на Земјата од вселенската станица "Саљут 6", на која поминаа 139 дена и 14 часа - најдолгиот вселенски престој дотогаш.

11.07.1979 - Американската вселенска станица "Скајлаб" по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.

12.04.1981 - Од Кејп Канаверал на Флорида беше лансирано првото вселенско летало што може да патува повеќепати во вселената - спејс шатлот Колумбија.

18.06.1983 - Сели Рајд стана првата Американка во вселената. Таа летна кон орбитата со спејс шатлот "Челинѓер".

17.07.1984 - Лансиран е советскиот вселенски брод "Сојуз 12". Членот на екипажот Светлана Савицкаја стана прва жена која "прошета" во вселенскиот простор надвор од леталото.

28.01.1986 - Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод “Челинџер”, експлодирал над Кејп Канаверал и во парчиња се урнал во водите на Атлантикот. Тоа е најголемата несреќа што се случила во космичките летови во кои загинаа сите 7 членови на екипажот.

11.02.1994 - 5 Американци и 1 Русин се вратија со шатлот “Дискавери “ на Земјата, по првата американски-руска вселенска шатл-мисија.