Централниот комитет бил раководното тело на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Револуционерната мрежа на ВМРО била изградена од селски, окружни и околиски комитети а целосната дејност и важните решенија на организацијата зависеле од Централниот комитет (ЦК). За прв претседател на комитетот бил избран Христо Татарчев во 1894 година. Паралелно со Централниот комитет во 1896 година со работа започнува и Задграничното претставништво кое било прекинато во 1928 година. Централниот комитет прекинува со работа по Деветнаесетомајскиот преврат во 1934 година во Бугарија кога биле преземени мерки за ликвидирање на ВМРО и тогашниот раководител Иван Михајлов. Членови на Централниот комитет Име Години науправување Христо Татарчев 1894-1901 Даме Груев 1894-1901 Иван Хаџи Николов 1894-1901 Христо Матов 1896-1902 Христо Поп Коцев 1896-1897 Григор Попев 1896-1901 Димитар Стефанов 1901-1902 Пере Тошев 1905-1908 Туше Делииванов 1901-1902 Христо Матов 1902-1905 Христо Татарчев 1902-1905 Иван Гарванов 1903 Спас Мартинов 1903 Димитар Мирчев 1903 Христо Поп Коцев 1903-1904 Даме Груев 1905-1906 Петар Поп Арсов 1905-1906 Димитар Стефанов 1905-1906 Ѓорче Петров 1905-1907 Пере Тошев 1905-1908 Тодор Поп Антов 1905-1908 Борис Сарафов 1906-1907 Иван Гарванов 1906-1907 Христо Матов 1906-1907 Тодор Александров 1907-1908 Павел Христов 1908 Ефрем Чучков 1908 Петко Пенчев 1908

Наводи

Категорија:Македонска револуционерна организација