Белгиски парламентарни избори (2010) — предвремени парламентарни избори во Белгија одржани на 13 јуни 2010. По падот на владата на Летерм поради повлекувањето на либерал-демократите, кралот го распуштил парламентот и свикал нови предвремени избори. Новата фламанска алијанса предводена од Барт Де Вебеер издвоила победа на овие избори освојувајќи 27 места, едно повеќе од франкофонската Социјалистичка партија предводена од Елио Ди Рупо која била најголема партија во регионите Валонија и Брисел.Zuvela, Matt and Connor, Richard (13 June 2010). Party supporting Belgian division claims election victory. Deutsche Welle. Retrieved 14 June 2010.
Заднина Пад на владата По континуираното несогласување околу тоа како да се реши конфликтот околу изборните арондисменти во Брисел-Хале-Вилворде, либерал-демократите ја напуштиле владата на Летерм на 22 април 2010 со тоа продолжувајќи ја белгиската политичка криза. Премиерот Ив Летерм од Демохристијанската флеманска партија веднаш ја поднел доставил својата оставка на кралот Алберт II која била прифатена на 26 април 2010. По одржувањето на изборите на 13 јуни, се стравувало од времето кое би поминало околу договарање за коалиција поради тоа што белгиското претседателство со Советот на Европската Унија би можело да започне под привремена влада.
Уставност на изборите Според изјава дадена од страна на фламанскиот претседател на белгискиот Уставен суд, Марк Босујт, изборите можеле да бидат неуставни доколку арондисментот Брисел-Хале-Вилворде би бил претходно поделен. На 4 мај, сите освен еден фламански судија-претседател на 13. фламанските првостепени судови напишале колективно писмо, каде што се велело дека изборите не можат да се одржат поради постојаните изборни единици и дека враќањето на дотогашните изборни арондисменти е неопходно. Спротивно на ова, Гислејн Лондерс, претседател на Касациониот суд изјавил дека сите судии се обврзани да соработуваат во однос на избирачкиот процес. Пред писмата на судиите, поранешниот претседател на Претставничкиот дом, Херман Де Кро изјавил дека ниеден суд не може да го спречи одржувањето на изборите.
Важност на изборите
Меѓународните медиуми гледале на изборите како клучни за одлучување на иднината на Белгија, и покрај тоа што се сметало дека децентрализација не би се случила веднаш.
Партии
Фламански партии (холандско говорно подрачје) Овие фламански партии дале свои кандидати во Фландрија и во избирачката единица Брисел-Хале-Вилворде.
Нова фламанска алијанса - централно-десничарска партија, се залага за отцепување на Фландрија. Демохристијанска флеманска партија – демохристијанска партија. Фламанска социјалистичка партија – социјалдемократска партија. Партија на отворени фламански либерал-демократи – либерална партија. Фламански интерес – партија која бара независност на Фландрија и строго ограничување на имиграцијата. Зелена партија – зелена политичка партија. Слободарска, директна, демократска партија – конзервативно-либерална партија.
Валонски партии (француско говорно подрачје) Овие франкофонски партии дале свои кандидати во Валонија и во избирачка единица Брисел-Хале-Вилворде.
Социјалистичка партија - социјалдемократска партија. Реформистичко движење - либерална партија. Хуманистички демократски центар - демохристијанска партија. Еколошка партија – зелена политичка партија. Народна партија – конервативно-либерална партија.
Резултати Претставнички дом Партија Гласови +/- Места +/- Нова фламанска алијанса 17,40 % - 27 - Социјалистичка партија 13,71 % +2,84 26 +6 Демохристијанска флеманска партија 10,85 % - 17 - Реформистичко движење 9,28 % -3,24 18 -5 Фламанска социјалистичка партија 9,24 % -1,02 13 -1 Партија на отворени фламански либерал-демократи 8,64 % -3,19 13 -5 Фламански интерес 7,76 % -4,23 12 -5 Хуманистички демократски центар 5,53 % -0,53 9 -1 Еколошка партија 4,80 % -0,31 8 0 Зелена партија 4,38 % +0,40 5 +1 Слободарска, директна, демократска партија 2,31 % -1,72 1 -4 Народна партија 1,29 % +1,29 1 +1 Други 4,84 % - 0 - Вкупно 100 % - 150 -
Сенат Партија Гласови +/- Директно избрани +/- Места Нова фламанска алијанса 19,61 % - 9 - 14 Социјалистичка партија 13,62 % +3,37 7 +3 13 Демохристијанска флеманска партија 9,99 % - 4 - 7 Реформистичко движење 9,27 % -3,04 4 -2 8 Партија на отворени фламански либерал-демократи 9,48 % - 4 - 7 Фламанска социјалистичка партија 8,24 % -4,16 4 -1 6 Фламански интерес 7,60 % -4,29 3 -2 5 Еколошка партија 5,46 % -0,36 2 0 5 Хуманистички демократски центар 5,13 % -0,77 2 0 4 Зелена партија 3,89 % +0,25 1 0 2 Слободарска, директна, демократска партија 2,02 % -1,36 0 -1 Народна партија 1,53 % - 0 - Други - - Вкупно 100 % - 40 - 71
Наводи
Категорија:Избори во Белгија Категорија:Белгија во 2010 година