мини|десно||Милениумскиот крст на планината Водно. мини|десно|150п|Билет издаден од Скопската православна епархија на МПЦ за користење на лифтот Милениумскиот крст се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје. Изграден е во 2002 год. Со 66 м височина, тој е еден од највисоките градби во Македонија. Неговите архитекти се Јован Стефановски-Жан и Оливер Петровски. Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.
Конструкција
мини|лево|300п|Милениумскиот крст во зимско руво Конструкцијата на крстот започнала во 2002 и била финансирана од Македонската православна црква, македонската Влада и дарители од Македонија и Македонци од целиот свет. Крстот е изграден на највисоката точка на планината Водно на место познато како „Крстовар“, што значи Место на крстот, бидејќи таму во минатото се наоѓал помал крст. На 8 септември 2008, денот на независност на Република Македонија, во внатрешноста на крстот бил вграден лифт.
Жичница „Милениумски крст“
Жичницата „Милениумскиот крст“ е жичарница со кабини која води до крстот и служи за панорамско разгледување на градот и планината. Со неа стопанисува превозникот ЈСП Скопје.
Tендерот за изградба на жичарницата е распишан на 25 ноември 2009, со краен рок за пријава на проктанти и изведувачи на 11 февруари 2010.Утрински весник , Жичарницата до Милениумски крст ќе ја гради Владата, пристапено на 8 мај 2010 г. Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА, а од него е наполно исклучена фондацијата „Милениумски крст“.
Жичарницата (т.е. првиот дел) е пуштена во употреба на 3 јуни 2011.Водно доби жичарница - build.mk
Поврзано мини|десно|Кабини на жичницата со градот Скопје во позадина Крстовар Милениум Христијански крст
Наводи
Надворешни врски
Жичница „Милениумски крст“
Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Споменици во Македонија Категорија:Монументални крстови Категорија:Македонската архитектура во 2002 година Категорија:Водно