Владимир Владимирович Мајаковски (; – ) — руски писател, еден од најпознатите претставници на поетскиот футуризам во Царска Русија и Советскиот Сојуз во раниот XX век.

Животопис мини|десно|Мајаковски во Кутаиси Владимир Мајаковски, кој себеси се нарекувал Владим Владимич, е роден на 19 јули 1893 година, во грузиското село Багдади (кое денес се вика Мајаковско) во близината на Кутаиси. Уште како дете покажувал наклонетост кон поезијата: татко му постојано ја фалел неговата способност за паметење и за сите слави го терал да учи стихови. Не бил добар ученик, особено бил лош по математика, но затоа пак многу читал. Пред приемниот испит за гимназијата, неговото семејство се преселило во Кутаиси, а тој за малку ќе паднел на приемниот испит. Тогаш, кај него се појавила одбивност кон старото и црковнословенското. Во училиштето, нагло почнале да му се развива уметничката дарба. Како дете, во 1905 година учествувал во демонстрациите против царската власт. Меѓутоа, во 1906 година претрпел голем удар - починал татко му, а потоа, со мајка му и со двете сестри (Људа и Оља), се преселил во Москва, каде семејството живеело многу бедно, а тој морал да работи - цртал на дрво со жешко железо, вапцувал велигденски јајца, итн. Во 1908 година, откако бил исклучен од гимназијата, поради неплатената школарина, Мајаковски ја започнал илегалната работа и им се приклучил на болшевиците, дејствувајќи како пропагандист во трговско-индустрискиот реон. Истата година бил уапсен, но бил ослободен како малолетник.Радојица Нешовић, „О песнику“, во: Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 295-296. Поради своите револуционерни идеи, во 1909 година, бил уапсен заради поседување револвер и одлежал неколку месеци во ќелијата број 103, во Бутирскиот затвор во Москва.Владимир Мајаковски, На сет глас. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 74.Владимир Мајаковски, Нови облак у панталонама. Београд: Нолит, 1963, стр. 178. По неговото трето апсење, почнал да прави скандали поради што често го преместувале од едно во друго место, а во самица поминал дури 11 месеци. Потоа, свесен дека мора да го испече писателскиот занает, ја напуштил партиската работа и приватно започнал да учи сликарство и рачна работа, а потоа се запишал во училиште за сликање, скулптура и архитектура. Кога почнала Првата светска војна, Мајаковски се пријавил како доброволец, но бил одбиен како „политички неподобен“.Радојица Нешовић, „О песнику“, во: Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 296-297. мини|десно|Мајаковски во 1910 година Во 1915 година, Мајаковски ја запознал својата голема љубов и муза Лилја Брик чиј сопруг му ги откупувал песните, плаќајќи му по 50 копејки. Истата година, Мајаковски бил повикан на фронтот, но тој ја одбил поканата и започнал да цртаРадојица Нешовић, „О песнику“, во: Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 296-298. На почетокот од 1920-тите, Мајаковски носел знамиња за време на првите саботници (доброволни работни акции во саботите) кои се организирале за време на Новата економска политика,Božo Bulatović, „Majakovski“, во: Majakovski, Pesme. Beograd: Rad, 1964, 150-151. а пишувал и рекламни пароли за големите московски стоковни куќи, „ГУМ“ и „Москвопром“. Одредено време работел во руската телеграфска агенција „Роста“, а од 1921 година работел за весникот „Известија“, но истовремено ја организирал работата во МАФ (Московската асоцијација на футуристите), додека од 1923 до 1925 година работел во списанието ЛЕФ (Лев фронт на уметноста). Во 1925 година го започнал своето патување по светот (Берлин, Париз, Хавана, Њујорк) при што известувал за весниците „Известија“, „Труд“, „Работничка Москва“, „Зора на Истокот“, „Бакински работник“ итн. Во 1927 година, повторно го активирал списанието ЛЕФ, но повеќе работел за „Комсомолска правда“.Радојица Нешовић, „О песнику“, во: Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 300. мини|десно|Мајаковски и Лилја Брик Иљја Еренбург го опишал Мајаковски на следниов начин: „Понекогаш беше неиздржливо невесел и болно внимателен, во џебот носеше кутија со сапун, и кога мораше да се ракува со човек кој му беше физички непријатен, веднаш заминуваше и внимателно ги миеше рацете. Во париските кафеани пиеше жешко кафе со сламка, која ја даваа за студените пијалаци, само за да не ја допре шолјата со устата. Го исмејуваше суеверието, но постојано се плашеше од нешто, ги обожуваше хазардните игри - круна или глава, пар или непар.“Бора Ћосић, „Мајаковски и ми“, во: Владимир Мајаковски, Нови облак у панталонама. Београд: Нолит, 1963, стр. 180. мини|десно|Мајаковски во 1914 година На 12 април 1930 година, Мајаковски напишал проштално писмо, адресирано „На сите“ во кое, покрај другото, стоело: „Не окривувајте никого за мојата смрт и, ве молам, да не правите сплетки. Покојникот тоа никако не го сакаше. Мамо, сестри, другари, простете, ова не е начин (на другите не им го препорачувам), но навистина немам излез. Лилјо, сакај ме. Другарке Владо - моето семејство се Лилја Брик, мама, сестрите и Вероника Витолдовна Плонска. Ако им овозможиш пристоен живот - ти благодарам. Започнатите стихови дајте им ги на Брикови - тие знаат што треба.“ Во писмото, Мајаковски напишал и една строфа (и Есенин постапил на истиот начин кога извршил самоубиство):Božo Bulatović, „Majakovski“, во: Majakovski, Pesme. Beograd: Rad, 1964, 156-157.Радојица Нешовић, „О песнику“, во: Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 301-302.

Понекогаш велат - „Случајот е целосно јасен“, На брегот на живеењето се скрши љубовниот брод. Со животот ги заклучив сметките, не треба список гласен на заемните болки, навреди и караници. Останете среќни, Владимир Мајаковски. мини|десно|Последното писмо на Мајаковски Два дена подоцна, на 14 април 1930 година, во 10 часот и 15 минути, во Москва, Мајаковски извршил самоубиство. Борис Пастернак ја дал следнава романтична слика на умрениот Мајаковски: „Тој лежеше настрана, свртен кон ѕидот, намуртен, крупен, под чаршавот до брадата, со половично отворена уста, како да спие. Гордо свртувајќи им го грбот на сите, дури и лежејќи, дури и во овој сон, тој тврдоглаво некаде стремеше и заминуваше. Лицето нè враќање во она време кога тој самиот се нарече убав, дваесет и двегодишен, затоа што смртта ја беше скаменила мимиката, која речиси никогаш не достасува во нејзините шепи. Тоа беше изразот со којшто се започнува животот, а не оној со којшто се завршува. Тој се потсмеваше и негодуваше.“Бора Ћосић, „Мајаковски и ми“, во: Владимир Мајаковски, Нови облак у панталонама. Београд: Нолит, 1963, стр. 179-180. По повод неговата смрт, Пастернак ја напишал песната „Смртта на поетот“ во која вели: „Спиеше мирен, тих / Дваесетгодишник убав / Како што претскажа твојот стих“, како и: „Твојот пукот сличен на Етна е / Во предгорјето на кукавиците.Борис Леонидович Пастернак, Песме и поеме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 204-205. Осврнувајќи се на Мајаковски, во последниот дел од својата автобиографија од 1958 година, Пастернак пишува: На Мајаковски сакаа да му накалемат сила како што правеа со компирот во времето на Катарина. Тоа беше неговата втора смрт. За неа — тој не е одговорен.“Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 14.

До ден-денес, самоубиството на Мајаковски останува голема мистерија и се води обемна дебата за причините за самоубиството. На таа тема, неговиот биограф, Дмитриј Биков пишува: „Самоубиството на Мајаковски - тоа е ексцес во неговата биографија и ниту оддалеку не е она главното во неа. Во право е Марина Цветаева кога рекла дека Мајаковски на своите долги нозе заминал некаде далеку, зад хоризонтот и дека таму уште долго ќе нè чека... И ние секако ќе пристигнеме таму... ќе пристигнеме на таа главна патека на човештвото која тоа во 20. век ја трасира, ја искомпромитира, ја заборави... И, на крајот на краиштата, тој магистрален, единствениот вистински пат од кој погрешно и предавнички скршнавме, порано или подоцна, во тоа сум уверен, повторно ќе стане наш... Тоа е главната лекција што може да се научи од биографијата на Мајаковски.“Радојица Нешовић, „О песнику“, во: Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 302. Мајаковски оставил две деца: синот Глеб-Никита Лавински и ќерката Елена Владимировна Мајаковска (подоцна позната како Патриша Томпсон). мини|десно|Мајаковски (во средината) со своите другари-футуристи

Творештво Својата прва песна Мајаковски ја објавил во илегалното гимназиско списание, а подоцна неа ја опишал како „неверојатно револуционерна и исто толку грда“. И за време на престојот во затворот пишувал песни, но не бил задоволен од напишаното. Подоцна, во својата биографија запишал: „Ѝ благодарам на стражата што ми ги одзеде при излегувањето од затворот. Инаку, ќе ги отпечатев!“ Пресвртна точка во неговата кариера претставува запознавањето на Бурљук, тогашниот водач на авангардните уметници и едне од најистакнатите претставници на кубофутуристите, кој со восхит ја пофалил генијалноста на Мајаковски. Бурљук го надгледувал, му купувал книги, го поттикнувал да пишува и му давал по 50 копејки дневно „за да не гладува додека пишува“. Кон крајот на 1912 година, Мајаковски ја објавил својата прва професионална песна, „Пурпурен и бел (Ноќ)“, а потоа следеле „Утро“ и други. Во 1913 година го објавил зборникот „Јас“, полн со илустрации и цртежи, како негови, така и на неговите другари од училиштето за сликарство. Весниците и списанијата биле полни со впечатливите текстови на Бурљук и Мајаковски, кои воопшто не се грижеле за предупредувањата, па набргу биле избркани од уметничкото училиште, а Мајаковски не можел повеќе да најде издавачи за неговите дела.

Како што забележила Марина Цветаева, Мајаковски влегол во поезијата од сликарството. Сликовитоста, развиените метафори и концизниот исказ ги презел од симболистите, така што неговите рани песни потсетуваат на неговите претходници, но многу брзо неговата самосвест ќе се развие во футуризмот. Во 1914 година објавил неколку антивоени песни („Војната е објавена“ и други), во текот на зимата „заборавил на уметноста“, а во мај 1915 година заминал во градот Куокала, во Финска, познатата поема „Облак во панталони“ Таму го сретнал Максим Горки, кој ја пофалил неговата поезија. Полн со антибуржоаски протест, Мајаковски започнал да пишува за хумористичното списание „Нов Сатирикон“. Многу негови песни од тој период имаат тажна нота, но се одликуваат со осторумна сатира која често преминува во гротеска. Истата година ја напишал и поемата „Флејта-’рбет“. Во 1917 година, по преселбата во Петербург, започнал да работи на поемата „Поетохроника на револуција“ и ја осмислил поемата „Мистеријата буф“.Радојица Нешовић, „О песнику“, во: Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 297-299.