Тутун (од , ) — род на кратколисни растенија од фамилијата зрнци по потекло од Северна и Јужна Америка, или сушените остри листови на овие растенија. Тутуновите листови често се пушат (видете пушење тутун) во облик на пури, цигари, во луле или наргиле. Ова е потенцијално штетно за белите дробови и може да предизвика рак и други заболувања како, на пример, астма. Тутунот може и да се џвака, „макнува“ (става помеѓу образот и непцето) и вшмркува во носот како фино мелен бурмут. Најголем дел од уживателите на тутунот, во кој и да било облик, стекнуваат навика да го користат секој ден.

Тутунот содржи никотин, силен невротоксин кој е особено опасен за инсектите. Секој начин на земање на тутун резултира со апсорпција на никотин во разни количества во крвотокот на уживателот, и со време, развиток на толеранција и зависност. Количеството на апсорпција, неговата честота и брзина се тесно поврзани со мерата на зависност и толеранција (доколку ги има) која може да се создаде. Смртоносна доза на никотин има во половина пура или три цигари; меѓутоа, само мал дел од никотинот во овие производи оди во чадот и речиси сите случаи на никотинско труење се резултат на концентрирани облици на состојката која се користи кај инсектицидите. Други активни алкалоиди во тутунот се хармалините.

Долготрајното пушење со себе носи ризици за развој на разни ракови и срцеви удари, како и тешки кардиоваскуларни и дишни болести. Health harms have induced by cigarette smoking Пушењето може да доведе и до значително пократок живот.

Многу земји имаат забрана за пушење со цел за намалување на потенцијалната штета врз здравството како резултат на пушење тутун. Прилично зголемениот ризик за развој на рак се должи на големата концентрација на нитрозамини и други канцерогени состојки кои се наоѓаат во тутунот и неговите остатоци заради анаеробно загревање, заради пушењето или начинот на сушењето на тутунот на оган. Некои методи на сушење на тутунот го зголемуваат ризикот на орален рак. Oral cancers in Mumbai, India: a fifteen years perspective with respect to incidence trend and cumulative risk. Наспроти тоа, со употреба на парен тутун (снус) се избегнува канцерогеноста со тоа што не се лачат нитрозамини, но штетните ефекти врз кардиоваскуларниот систем и панкреасот остануваат исти.Overview of knowledge of health effects of smokeless tobacco. Increased risk of cardiovascular diseases and mortality because of snuff

Историја

thumb|200px|Пупки на северноамерикански тутун Индијанците го користеле тутунот пред доаѓањето на Европејците во Северна и Јужна Америка. Од нив, раните европски доселеници научиле да пушат и ја донеле оваа практика во Европа, каде таа станала енормно популарна. При екстремно високи дози, тутунот станува халуциноген; затоа Индијанците обично не го користеле тутунот од рекреациони причини. Наместо ова, тие го користеле во огромни количини како ентеоген; ова обично било изведувано од искусни шамани или врачеви. Покрај пушењето, тутунот се користел несушен за јадење, пиење на неговиот сок, или употребуван при клизма. По воведувањето во Европа, ваквата употреба на тутунот значително се намалила. И ден денес, религиозната употреба на тутунот е честа кај домородците, особено оние во Јужна Америка.

Со доаѓањето на Европејците, тутунот станал еден од главните стопански производи кои биле двигатели на колонизацијата во југот на Северна Америка, долго пред создавањето на Соединетите Американски Држави. Првичната колонијална експанзија била придвижена токму од тутунската индустрија, и истата била причина за еден од првите колонијални конфликти помеѓу Индијанците, како и водечка причина за употребата на африкански робови.

Во 1609 година, Џон Ролф пристигнал во Џејмстаун во Вирџинија. Тој се смета за првиот човек кој успешно одгледувал тутун за комерцијални цели. Во тоа време тутунот кој се одгледувал во Вирџинија, Nicotiana rustica, не им се допаѓал на Европејците, но Ролф со себе имал понесено некои семиња од Nicotiana tabacum од Бермуда. Накратко по неговото пристигнување, неговата прва жена починала, и тој се оженил за Покахонтас, ќерка на поглавицата Поватан. Иако речиси сите доселеници биле сосема незаинтересирани за тутунот, Ролф се збогатил одгледувајќи го за извоз во плантажите во Варина. Потоа тој отишол во Англија со Покахонтас, веќе како богат човек. По смртта на Покахонтас во Англија, тогаш се вратил во Џејмстаун и продолжил со подобрување на квалитетот на тутунот. Веќе во 1620 година, 40.000 фунти (околу 18 тони) биле испратени во Англија. Во времето на неговата смрт во 1622 година, Џемјстаун бил просперитетно тутунарско место со максимално население од 4.000 жители. Токму тутунот довел до увоз на робови од Африка и жени од Англија во 1619 година.

thumb|250px|На оваа слика од 1670 година поробени црнци работат во тутунски стреи на колонијален тутунски монопол

Увозот на тутунот во Европа не поминал мазно, дури и во XVII век. Кралот Џејмс I на Англија и Џејмс VI на Шкотска) напишал славна полемика со наслов Противудар за тутунот (A Counterblaste to Tobacco) во 1604 (издадена во 1672). Во овој есеј, кралот најостро го критикува пушењето и неговите штетни последици. Истата година бил донесен статут со кој се наплаќала голема заштитна царина на секоја фунта тутун увезена во Англија.

Во текот на XVII и XVIII век, тутунот и понатаму останал најпрофитната стока на колонијата Вирџинија, заедно со Каролините. Тутунските магацини биле мошне бројни крај пристаништата во сега просперитетните градови Ричмонд и Манчестер на т.н. падна линија (главата на устието) на Џејмсовата Река и Питерсбург на реката Апоматокс.

Сѐ до 1883 година, данокот на тутун сочинувал една третина од внатрешните приходи на владата на САД.

Како профитабилна култура, тутунот бил подложен на бројни биолошки и научни истражувања. Економското влијание на болеста наречена тутунски мозаик бил стимулот кој довел до изолација на тутунскиот мозаичен вирус, првиот востановен вирус; среќна околност е тоа што ова е една од најпростите вирози и може да се самосостави од пречистена нуклеинска киселина и белковина, што довело до забрзан развиток на вирологијата. Во 1946 година Нобеловата награда за хемија била споделена од Вендел Мередит Стенли за неговата работа на кристализација на вирусот од 1935 година, притоа покажувајќи дека дури и во тој случај, тој останува активен.

Одгледување

Десет најголеми производители на тутун - 2005(во милиони метрички тони) 22п Кина 2,51 22п Бразил 0,88 22п Индија 0,60 22п САД 0,29 22п Индонезија 0,14 22п Турција 0,14 22п Грција 0,12 22п Аргентина 0,12 22п Италија 0,11 22п Пакистан 0,08Вкупно во светот 6,38Извор: ОХЗ при ООН (FAO)

Сеидба Тутуновото семе се расејува по површината на почвата, бидејќи тоа 'рти на светлина. Во колонијална Вирџинија, насадите се ѓубреле со дрвен пепел или животинско ѓубриво (често коњски измет во прашок). Потоа насадот се покривал со гранки за заштита на фиданките од мраз. Вака, тие се оставале да растат до април.

Во XIX век, младите растенија сѐ повеќе биле напаѓани од растителни болви (Epitrix cucumeris или Epitrix pubescens), предизвикувајќи го уништувањето на половина од тутуновите насади во САД во 1876 година. Во следните години биле расправани и направени многу експерименти за контролирање на оваа наезда. Во 1880 година се дошло до заклучок дека замената на гранките со рамка покриена со тенка ткаенина делотворно ги штити растенијата од инсекти. Оваа практика станала сѐприсутна веќе во 1890-тите години.

Денес во САД, за разлика од другите земји, тутунот се ѓубри со минерален апатит со цел растението да се изгладни за азот, што ја менува аромата на тутунот. Ова (заедно со употребата на сладунец и други адитиви) го објаснува поразличниот вкус на американските цигари од оние од други земји. Меѓутоа, предложено е дека тука постои опасност од полониумот кој се содржи во апатитот.

Садење

Откога растенијата ќе достигнат одредена големина, тие се садат во поле. Ова првобитно се изведувало со правење на дупка во изораната земја со колче, по што малото растение се сместувало во таа дупка. Во доцниот 19 и раниот 20 век е конструирана е различна механизација за автоматизација на оваа постапка, имено отворање на бразди, ѓубрење и поставување на растението во неа - сето наеднаш.

Берба thumb|Берба на тутун во Лопатица (Битолско) Тутунот може да се бере на два начина. Според најстарата метода целото стебло се сече со закривен нож. Во XIX век, светлолисниот тутун почнал да се бере лист по лист, од долу, нагоре како што зреат листовите. Така стеблата доживуваат неколку берби (кинења) пред да бидат конечно обрани. Вака листовите се ставале на санки кои ги влечеле мулиња. Подоцна за оваа намена почнале да се користат трактори, кои ги превезувале листовите до направата т.н. „нижачка“.

Некои земјоделци користат трактори со приколки (берачки) каде качените работници ја делат работата на кинење, нижење и врзување на тутунот. Овие обично бројат 10 души.

Штетници

Штетници на тутунот се молците Endoclita excrescens, Manduca sexta и Manduca quinquemaculata. Други лепидоптери чии ларви се хранат на тутун се мермерен молец, зелкин молец, молец-глушец, молецот-морско оревче, црн молец и репкин молец. Сувите листови и цигари понекогаш се храна за цигаретната буба (Lasioderma serricorne).

Сушење thumb|Историска тутунска печка во Австралија Исечените растенија или набраните листови веднаш се пренесуваат во амбари за тутун каде тие се сушат. Методите на сушење зависат од видот на тутун, и затоа амбарот е соодветно конструиран во зависност од тоа. За воздушно сушење тутунот се обесува во добро проветрени амбари и се чека неколку недели за тој да се исуши. За сушење на оган пак, тутунот се обесува во големи амбари каде се одржува оган од тврдо дрво кој тлее. Кај сушењето на пламеник (оџак и сл.) тутунот првобитно се нижел на стапови, кои потоа биле обесувани во амбари. Овие амбари имаат пламеници кои водат од надворешно полнети ложишта, така сушејќи го тутунот со топлина без негово изложување на чад. Сушењето и подоцна, одлежувањето на тутунот дава бавна оксидација и разложување на каротиноидите во листовите. Ова прави извесна смеса во тутунот и дава арома слична на сено, чај, розово масло, или пак овошна арома која игра улога во „глаткоста“ на пушењето. Скробот се претвора во шеќер што ги глицира белковините и оксидира во виши крајни производи на гликацијата, процес на карамелизација кој исто така додава вкус. Вдишувањето на овие крајни производи придонесува до атеросклероза и рак.

Неодлежаниот или тутунот со низок квалитет често се збогатува по вкус со овие природни смеси. Ароматизирањето на тутунот е значаен дел на оваа мултимилионска стопанска гранка.

Процесот на одлежување продолжува со месеци и често по процесот на сушење.

По сушењето

Откога тутунот ќе се исуши, тој се пренесува во склад за понатамошна дообработка. Ако тој бил во гранки, сега се вадат листовите. Потоа листовите се сортираат и се складираат според тоа. Тутунот порано се продавал во „фатки“, додека денеска највеќето тутун се балира пред продавање.

Типови Ароматични, сушени на оган Ароматичниот тутун сушен на оган е робусна сорта кој се користи како додаток во тутуни за луле. Се суши со чадење над тивок оган.

Друг тутун сушен на оган е „Латакија“ кој се прави од ориенталните сорти N. tabacum. Листовите се сушат и пушат над тлеечки оган од локални тврди дрва и ароматични џбунови во Кипар и Сирија. Латакијата има истакнат вкус и мошне специфична чадена арома, која се користи во мешавини за луле во Балкански и Англиски стил.

frame|Жнеење млад тутун во стакленик во Јужна Каролина

Светлолисен тутун (Вирџинија) Пред Американската граѓанска војна, речиси сиот тутун што растел во САД бил темнолисен, сушен на оган или воздух. Овој се садел во плодни низини и користел робусна сорта на листови.