Никола Оровчанец - Сандански (Велес, - Москва, ) — македонски комунист, жртва на Сталиновите чистки.
Животопис
Учел во велешката гимназија. Заедно со Ганчо Хаџипанзов, Бане Андреев, Георги Шоптрајанов и други, членува во Литературно-уметничкото друштво „Нада“. Бил член на СКОЈ. Од јуни 1923 година е член на КПЈ.
Во втората половина на 1925 година заминува на школување во СССР, на Универзитетот за националните малцинства на Западот. Во 1925 година е примен за член на КП на СССР.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1084 стр. По завршувањето на студиите во 1929 година, испратен е во Украина во заводот „Петровскиј“, а оттаму како инструктор при реонскиот комитет во Днепропетровск.Tодор Зографски и Димче Зографски „КПЈ и ВМРО (Обединета) во Вардарска Македонија во периодот 1920-1930”, ИНИ, Скопје, 1974, 125-126 стр. Таму останува до пролетта 1933 година, кога е повикан од Коминтерната и е испратен на работа во Југославија.
Во Македонија се враќа во август 1933 година, како инструктор на ЦК КПЈ. Создава Областен комитет на КПЈ за Македонија во Скопје, во чиј состав, покрај него, влегуваат и Кочо Рацин и Живоин Ќурчиќ. Пред годишнината на Октомвриската револуција во 1933 година ја напишал брошурата „Советскиот Сојуз и Македонија“.
Сепак, Оровчанец не останува долго во Македонија. Во јануари 1934 година доаѓа до провала во која се уапсени 15 македонски комунисти. Првично, додека провалата не се проширила, Оровчанец конспиративно живее во Куманово, а на 23 јануари 1934 година конечно заминува од Скопје.Иван Катарџиев (ур.) „Документи и материјали 1919-1920”, „Комунист”, Скопје, 1985, 2 книга, 265 стр. Кон крајот на јануари, кога провалата почнува да се шири, особено кога на 3 февруари во весникот „Политика“ е објавена полициска потерница по него, заедно со негова слика,Катарџиев, цит. дело, 2 книга, 265 стр. тој е принуден, за да не биде уапсен, да ја напушти Македонија.Славко Николов „Револуционер со срце и дарба“, „Вардарски глас“, 27 септември 1978, 11 стр.
По враќањето во Москва го продолжува своето политичко школување. Станува аспирант на Ленинската школа. Во 1937 година е назначен за помошник директор за просветно-политичка работа во Медицинско-фармацевтскиот комбинат во Москва. Во 1937 година е исклучен од Партијата,Катарџиев, цит. дело, 2 книга, 238 стр. но следната година е повторно примен.Petar Požar, "Jugosloveni, žrtve staljinističkih čistki" . Уапсен е на 8 февруари 1938 година, а на 2 април истата година е осуден за шпионажа и истиот ден е стрелан. Рехабилитиран е на 11 декември 1963 година.„Книга Памяти Жертв Коммунистического Террора“ (руски)
Во негова чест една улица во Велес го носи неговото име.
Наводи
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Сталинови чистки