Момина солза (Convallaria majalis) или ѓурѓовденче — единствен вид од родот Convallaria. Цвета во мај. Има ѕвонести цветови. Сите делови од растението се отровни. Таа е лековито растение и се користи за лекување на срцеви болести. Околу 38 различни срцеви гликозиди се пронајдени во момината солза, меѓу кои и: конваларин, конваламарин, конвалатоксин и др.

Распространетост Момина солза живее во Европа, но не на Средоземјето ниту крај Атлантикот. Постои источна варијанта, (manschurica) што расте во Јапонија и во делови од источна Азија. Исто така во ограничен број, ова растение го има иво источниот дел од САД, познато како варијанта монтана.Flora of North America : Convallaria majalis Постои несогласување околу тоа дали ова растение е навистина ендемско во САД или е донесено.Gleason, Henry A. and Cronquist, Arthur, (1991), Manual of Vascular Plants of Northeastern United States and Adjacent Canada, New York Botanical Garden, Bronx, New York, pp. 839-40

Легенди и традиции мини|лево|Момина солза во градина thumb|right|Цртеж од 19 век Христијанска легенда Во Македонија ова растение се нарекува Момина солза, но постои легенда според која се нарекува и Солзите на Марија. Христијанската легенда го поврзува настанокот на ова цвеќе со солзите на Богородица Марија што ги исплакала за време на распетието Христово. Според некои толкувачи на легендите, ова се солзите на Ева што ги исплакала откако со Адам биле избркани од Еденската градина.

Англиското име на ова цвеќе „Крин од долината“ (lily of the valley) е употребено во некои преводи на Библијата, во песна над песните 2:1, но хебрејскиот израз shoshannat-ha-amaqim во оригиналниот текст (буквално значи крин од долината) не се однесува на овој вид растение.

Симбол е на понизност и скормност во религиозното сликарство, но исто така го означува и Второто пришествие на Христос.

Наводи

Категорија:Цвеќиња Категорија:Отровни растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј