мини|десно|Александар Василевич Александров Александар Василевич Александров (; - ) — руски и советски композитор, основач на ансамблот „Александров“ и автор на химната на СССР, а од 2001 г. и химна на Русија (со друг текст). Бил доктор на науки по уметност и предавал како редовен професор на Московскиот конзерваториум. Прогласен е за Народен уметник на СССР и лауреат на Сталиновата награда.Ансамбл „Александров“: Биографија на А.В. Александров ru

Историја

Александров е роден на 13 април во с. Плахино, југоисточно од Москва. Како дете пеел толку добро што отишол во Санкт Петербург и станал хорист во Казањската катедрала. Учел компонирање кај Николај Метнер во Санкт Петербург и во Москва, каде во 1918 станал професор по музика.

Александров го основал ансамблот „Александров“ и долги години бил негов раководител, и во тоа својство на Јосиф Сталин. Хорот доживеал успех на Светскиот саем во 1937 во Париз, а во 1942 Сталин побарал од Александров и текстописецот Сергеј Михалков да создадат нова химна на СССР, која потоа била официјално усвоена на 1 јануари 1944 г. Оваа химна била во употреба сè до распадот на СССР во 1991 г. Во декември 2000 г. било одлучено истата да стане и химна на Русија, но со поинаков текст.

Александров ја искомпонирал музиката за славниот марш „Света војна“.

Починал на 8 јули 1946 на турнеја во Берлин, или (според други извори) на враќање кон Русија.Точното место каде што починал Александров до денес е спорно и контроверзно.

Награди Ленинова награда Сталинова награда, I степен (1942), за „Химна на болшевичката партија“ и црвеноармиската песна Сталинова награда, I степен (1946), за концертна и изведувачка дејност Народен уметник на СССР (1937)Театральная энциклопедия. Гл. ред. С. С. Мокульский Том 1. М.: Советская энциклопедия, 1961 годМузыкальная энциклопедия. Гл. ред. Ю. В. Келдыш. Том 1. М.: Советская энциклопедия, 1973 годАлександар Василевич Александров на hrono.ru ru

Поврзано Ансамбл „Александров“ Борис Александрович Александров

Надворешни врски Биографија на А.В. Александров од неговиот внук ru

Наводи

Категорија:Руски композитори Категорија:Советски композитори Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Народни уметници на СССР Категорија:Родени во 1883 година Категорија:Починати во 1946 година Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Починати во Берлин Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта