thumb|220px|Док Холидеј

Џон Хенри „Док“ Холидеј (14 август 1851 – 8 ноември 1887) бил американски заболекар, коцкар, и пиштолџија од американскиот Див Запад, кој е запаметен по неговото пријателство со Вајат Ерп и неговото учество во Престрелката кај ОК Корал. Животот и карактерот на Холидеј биле прикажани во многу книги и портретирани од познати актери во бројни филмови и телевизиски серии.

Животопис

Детство и образование

„Док“ Холидеј е роден во Грифин, Џорџија, на Хенри Буроуз Холидеј и Алис Џејн Холидеј (моминско МекКи). Неговиот татко учествувал и во Мексиканско-Американската војна и во Граѓанската војна. Мајката на Холидеј умрела од туберкулоза на 16 септември 1866, кога имал 14 години. По три месеци татко му се оженил со Рејчел Мартин. По венчавката семејството се преселило во Валдоста, Џорџија, каде Холидеј се образувалво Валдоста Институтот. Таму се здобил со класично секундарно образование по реторика, граматика, математика, историја и јазици особено латински, но и француски и малку Старогрчки. Во 1870, 19-годишниот Холидеј го напуштил домот за да оди на училиште за заболекари во Филаделфија. На 1 март 1872, добил диплома Доктор за забна хирургија од Колеџот за Стоматолошка Хирургија во Пенсилванија. Подоцна истата година, отворил заболекарска ординација со Артур Ц. Форд во Атланта. Во Атланта, Холидеј престојувал кај чичко му и неговото семејство додека ја почнувал својата заболекарска кариера. Позната братучетка на Холидеј била Маргарет Мичел, позната по нејзината книга Однесено од виорот. Се вели, но не е потврдено, дека ликот Ешли Вилкс е моделиран по Холидеј.

Здравје

Од раѓање, имал пукнато горно непце и делумно зајачка усна. На двемесечна возраст, овие недостатоци биле хируршки поправени од чичкото на Холидеј, Џ. С. Холидеј, М.Д., и братучедот, познатиот лекар Крафорд Лонг. Операцијата не оставила пречка во говорот, иако говорна терапија била неопходна, која била вршена од мајка му. Меѓутоа, еден од поновите биографи на Холидеј, Гери Л. Робертс, тврди дека не е возможно на дете од два месеци да му се направи операција на пукнато непце во тоа време, најчесто ваквите операции биле одложувани додека детето не наполнело две години. Робертс тврди дека ваква рана процедура немало да биде од значење да се спомне во локалните и националните медиуми и во медицинските весници. Според ова, тој мисли дека е не е сигурно дека Холидеј имал пукнато непце, а ги отфрла и тврдењата дека хируршка лузна се гледа на неговата слика од матурата. Овој портрет, сликан на 20-годишна возраст, ги поддржува тврдењата дека Холидеј бил пепелаво-русокос. Како адосцелент бил висок 178 cm, а тежел 70 кг. За кратко време откако ја започнал заболекарската практика, на Холидеј му била дијагностицирана туберколоза. Можно е болеста да ја добил од мајка му, бидејќи туберколозата не била позната како заразна до 1882. Му биле прогнозирани само уште неколку месеци да живее, но преселбата кон посувите и потпли предели на југозападниот дел на САД би можела да го намали влошувањето на неговото здравје.

Патувања

Во септември 1873, се преселил во Далас, Тексас, каде отворил заболекарска ординација на Улицата на Брестовите бр.56, околу четири блока источно од денешната Dealey Plaza. Почнал да се коцка и открил дека ова е попрофитабилен начин за приход, бидејќи пациентите се плашеле да одат во неговата ординација поради неговото кашлање. На 12 мај 1874, Холидеј и уште 12 други беа обвинети за нелегално коцкање. Бил уапсен во Далас во јануари 1875 откако си размениле неколку истрели со чувар на салун, но никој не беше повреден и не беше прогласен за виновен. Ја премести својата ординација во Денисон,Тексас и откако бил прогласен за виновен и казнет за „играње карти“ во Далас, се одлучил да ја напушти државата. Во годините што следеле, Холидеј имал многу вакви недоразбирања, разгорени од неговиот став и карактер дека смрт од пиштол или нож е подобра од смрт од туберкулоза. Алкохолот што Холидеј го користел да ја контролира кашлицата најчесто го придонесувало ова. Тој често ја користел изреката; „I'll be your Huckleberry.“ Ова било сленг во тоа време за „Јас сум најдобриот пиштолџија за тебе.“ Понатаму, тоа било практично прашање за еден коцкар, кој си терал по свое на работ од законот, морал да ги поддржи спорните точки на игра најмалку со закана на сила. Холидеј продолжил да патува низ рударските гратчиња, каде коцкањето било профитабилно и легално. Холидеј бил во Денвер, Чејен и Дедвуд (места погодени од „златна треска“ во територијата на Дакота) есента 1876. До 1877, Холидеј бил во Форт Грифин Тексас, каде првпат се сретнал со Вајат Ерп. Биле запознаени од заеднички пријател, Џон Шанси. Двајцата оформиле неверојатно пријателство; Ерп порамнодушен и контролиран, Холидеј понервозен и импулсивен. Ова пријателство беше зацврстено во 1878 во Доџ Сити, Канзас, кога Холидеј го одбранил Ерп во салун од неколку каубоји кои сакале да го убијат Вајат, каде Ерп и Холидеј допатувале да заработат пари со коцкање со каубојите кои го терале својот добиток од Тексас. Холидеј сè уште се занимавал со заболекарство во неговите соби во Доџ Сити, како што е наведено во реклама во весник од Доџ во 1878 (ветувал дека ќе им ги врати парите на клиентите ако не биле целосно задоволни), но ова е последниот негов обид со практика. Во интервју за еден весник понатаму во својот живот, рекол дека се занимавал со стоматолошка практика „околу 5 години“. Холидеј се запознал со Мери Кетарин Хорони („Нослата Кејт“- „Big Nose Kate“) во Форт Грифин и ја почнал својата долгорочна авантура со неа.

Посветен коцкар и репутација на пиштолџија

Ерп учествувал во инцидент, во времето кога бил заменик шериф, опколен од луѓе кои сакале да го убијат. Холидеј, кој тогаш бил сопственик на бар во градот и играл фаро (како и низ целиот свој живот), го напуштил барот, се приближил од друг агол да ја покрие групата со пиштолот или пукал или се заканил дека ќе пука во еден од овие луѓе. Ерп потоа секогаш бил благодарен на Холидеј што му го спасил животот тој ден. Многу други престрелки на Холидеј се понекогаш преувеличени. Имал неколку документирани престрелки во различни салуни, каде што бил сметан дека е брз колку Дивиот Бил Хикок. Една таква документирана се случила кога Холидеј бил вмешан во кавга за железничка пруга. На 19 јули 1879, Холидеј и познатиот пиштолџија Џон Џошуа Веб седеле во салун во Лас Вегас, Ново Мексико кога поранешен војник од армијата на САД, Мајк Гордон почнал силно да и вика на една од девојките во салунот. Кога Гордон испаднал од салунот, Холидеј го следел. Гордон го извлекол пиштолот и испукал еден куршум, промашил. Холидеј наеднаш го извлекол пиштолот и го убил Гордон. На Холидеј му било судено за убиството но бил ослободен, најмногу заради сведоштвото на Веб.

Тумбстоун, Територија на Аризона

До 1879 Доџ станал многу чесен град за оние луѓе кои претходно го гледале поинаков. За многумина, било време да се преселат во некои делови каде цивилизацијата што ја носела железничката пруга не допирала, места каде што ќе се прават пари. Холидеј, до ова време, бил познат по својата докажаност како коцкар и пиштолџија. Преку неговото пријателство со Вајат и другите браќа Ерп, особено Морган и Вирџил, Холидеј отишол во градот со рудници за сребро Тумбстоун, Територија на Аризона во септември 1980. Браќата Ерп биле таму од декември 1879. Некои тврдат дека Ерпови го повикале Холидеј откако настанале проблемите со бандата „Каубоји“. Во Тумбстоун, Холидеј брзо се вмешал во локалната политика и насилство која довела до познатата престрелка кај ОК Корал во октомври 1881. Престрелката се случила пред и до Флај пансионот и уметничкото студио, каде Холидеј имал соба, денот по ноќната караница помеѓу Холидеј и Ајк Клентон. Клентонови и Меклориеви се собрале пред пансионот, и куќата западно од него, пред да ги пресретнат Ерпови. Холидеј сугурно мислел дека се тука за да го убијат. Познато е дека Холидеј ја носел сачмарката на Вирџил; оружјето му било дадено пред престрелката од Вајат Ерп, Холидеј носел долго палто кое го прикривало оружјето. Вирџил Ерп го земал бастунот на Холидеј, тој барал да се одбегне паника меѓу граѓаните на Тумбстоун и помеѓу Клентонови и Меклориеви. Стратегијата пропаднала: додека Вирџил го направил тоа, еден сведок видел човек, со голема сигурност Холидеј, вперил во градите на каубој „голем бронзен пиштол“ (најверојатно сачмарката), потоа се повлекол. Вајат Ерп и Френк Меклори биле првите што отвориле оган, скоро во исто време според сведочењето на Вајат Ерп. Потоа, Холидеј ја искористил сачмарката да го убие Том Меклори, единствениот човек што ќе се здобие со фатални рани од сачмарка во пределот на градите. Ова најверојатно се случило рано во престрелката, пред Холидеј да извади пиштол. Том бил погоден пред другите истрели било и сведоштвото на сведок од каубојите (Хем Лајт). Помалку веројатни сценарија каде Холидеј во едната рака држел пиштол а во другата сачмарка и го искористил пиштолот прво, биле претпоставени. Најприфатеното тврдење е дека Холидеј пукнал со сачмарката еднаш (го ранил Том Меклори) потоа ја заменил со пиштол во остатокот на престрелката. На обвинителна расправа било утврдено дека престрелката не била криминален чин во корист на Холидеј и Ерпови. Ситуацијата во Тумбстоун подоцна се влоши кога Вирџил Ерп од заседа беше трајно ранет во декември 1881. Потоа Морган Ерп беше убиен во заседа во март 1882. По убиството на Морган, Ерпови, нивните семејства и Холидеј си заминаа од градот. Во Тускон, додека Вајат, Ворен Ерп и Холидеј ги испраќале ранетиот Вирџил Ерп и неговата жена Али за Калифорнија, се спасиле од уште една заседа и ова ќе биде почетокот на одмаздата кон убијците на Морган.

Одмаздата на Ерп

Прва жртва на одмаздата бил Френк Стилвел, поранешен заменик на Џони Беан. Стилвел бил во Тускон за да ограби кочија но бил убиен на шините до возот на Ерп. Што барал Стилвел на станицата не е никогаш откриено (можеби чекал некој човек кој ќе сведочи против Ерп во негова полза), но Вајат Ерп сигурно мислел дека Стилвел бил таму да го повреди. Во неговата биографија, Вајат признава дека пукал во Стилвел со сачмарка. Меѓутоа, Стилвел бил најден со две рани од сачмарка и три рани од пиштол. Холидеј, кој бил со Вајат таа ноќ и рекол дека Стилвел и Ајк Клентон чекале на станицата да го убијат Вирџил Ерп, е најверојатно вториот кој пукал. Холидеј никогаш дирекно не ја разјасни неговата улога во убивањето на Стилвел или другите што следеле. Откако семејството Ерп заминало безбедно во Калифорнија, Холидеј, Вајат, помладиот брат на Вајат, Ворен и пријателите на Вајат, Шерман Мекмастерс, Турки Крик Џек Џонсон, и Тексас Џек Вермилион јавале по одмазда три недели, во кои Кадравиот Бил Брошус и најмалку уште двајца други сметани одговорни за смртта на Морган биле убиени. Најверојатно, поради налози за апсење на шестмина од групата за одмазда (вклучувајќи го и Холидеј) во територијата на Аризона за убиството на Стилвел, групата заминала за Ново Мексико, потоа Колорадо, во средината на април 1882. Додека биле во Ново Мексико, Вајат Ерп и Холидеј имале мала расправија и се разделиле, заминале на различни правци во Колорадо. По одмаздата, ниту Холидеј ниту друг член од групата не се вратил во Аризона да живее. Во мај 1882, Холидеј беше уапсен во Денвер за убиството на Стилвел. Поради недостаток на докази, Колорадо одби да го екстрадира, иако поминал две недели во затвор додека се чекала одлуката. Тој и Вајат се сретнале повторно во јуни 1882 во Ганисон откако бил пуштен. Постои контроверзност во однос на тоа дали некој од на Ерп групата наминал на кратко во Тумбстоун да го убие Џони Ринго на 13 јули 1882. Биографите на Ринго мислат дека тоа не е веројатно. Неколку други познати пиштолџии биле вмешани во смртта, како Бакскин Френк Лесли, помалку познатиот Лу Кули и коцкарот Мајк О’Рурк. Некои веруваат, дека смртта на Ринго била предизвикана од самоубиство.

Краен стадиум на болеста, смрт и погреб