мини|245п|десно|Карта на Општина Велес со селските атари. мини|245п|десно|Демографска карта на Општина Велес со селските атари.

Велес — општина во Македонија. Се наоѓа во централното подрачје на државата и низ нејзе тече реката Вардар и поминуваат меѓународниот автопат Е-75 и меѓународната железничка пруга кон Солун. Административен центар на општината е градот Велес. Намалена е општината со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година.

Географија Општина Велес се наоѓа во средишна Македонија, во Вардарскиот Регион. Се граничи со Општина Петровец на север, Општина Зелениково и Општина Чашка на запад, Општина Градско на југ и Општина Лозово и Општина Свети Николе на исток.

Демографија

Според пописот од 2002 година, Општина Велес броела 55.108 жители од кои:

Народ ВкупноУдел (%) Македонци 47.183 84,86 Албанци 2.299 4,17 Турци 1.751 1,31 Роми 677 1,45 Власи 279 0,42 Срби 402 0,62 Бошњаци 2.406 4,37останати 729 0,98

Вероисповед Вкупно православни 46.843 муслимани 9.071 католици 67 протестанти 6 останати 862

Јазик Вкупномакедонски 47.148албански 2.283турски 1.751ромски 677влашки 279српски 402бошњачки 1.857 останати 713

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Општина Велес брои 48.914 жители, од кои:

Народ ВкупноУдел (%) Македонци 36.825 75,29 Албанци 2.736 5,59 Турци 1.037 2,12 Роми 507 1,04 Власи 270 0,55 Срби 267 0,55 Бошњаци 1.825 3,73 останати 729 1,48 лица без податоци 4.718 9,65

Општина Велес зафаќа површина од 427,45 км квадратни и има 128,92 жители на км квадратен густина на населеност.

Во составот на општината се и 30 села: Башино Село, Белештевица, Бузалково, Ветерско, Горно Каласлари, Горно Оризари, Долно Каласлари, Долно Оризари, Иванковци, Карабуниште, Клуковец, Крушје, Кумарино, Лугунци, Мамутчево, Новачани, Ново Село, Ораовец, Отовица, Раштани, ’Рлевци, Рудник, С’лп, Сливник, Сојаклари, Сопот, Црквино, Чалошево и Џидимирци.

Историски села: Влахчани, Дуган, Еленоводица и Чука.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Велес е Марко Колев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 23 члена.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

ФК Борец (Велес), оформен 1926 година, е најпознатиот фудбалски клуб од Велес, долги години игра во 1 МФЛ (Прва македонска фудбалска лига), а од него ќе излезат голем број на познати фудбалери, како Илчо Боров, Панче Ќумбев, Зоран Паунов итн. Моментално клубот се натпреварува во 2 МФЛ - Јужен регион.

ФК Металург (Велес), е вториот велешки фудбалски миленик. Повеќе сезони има играно во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига).

РК Борец (Велес), клубот во кој својата кариера ја почна нашиот најпознат ракометар, Пепи Манасков.

ОК Борец (Велес), го има освоено одбојкарскиот куп во 1993 година

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Велес Податоци за општина Велес — Министерство за локална самоуправа