Калараш () е округ во Романија, сместен во јужниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Калараш, а значаен е и градот Олтеница.
Географија Местоположба мини|десно|200п|Типичен предел во округот Округот Калараш е копнен округ во Романија, кој се наоѓа на границата кон Бугарија. Окружен е: на север со: Јаломица; на исток со: Констанца; на запад со: Џурџу; на северозапад со: Илфов.
Релјеф Округот се наоѓа во Влашка, поточно во нејзината јужна област Мунтенија. Јужна и источна граница на округот е реката Дунав, која на југ претставува и државна граница кон Бугарија, а на исток го одвојува округот од Добруџа. Во западните делови од округот се наоѓа устието на реката Арџеш. Релјефот во округот е претежно рамничарски.
Демографија Округот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои живее претежно романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 95% од населението во округот, а од останатите најбројни се Ромите.
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1981 година