Хашомер Хацаир (во превод: Младиот стражар) била еврејска младинска прогресивна организација во Македонија. Била активна во сите поголеми центри во Македонија со еврејско население. Дејствувала во периодот од 1921 до 1943 година. Во Штип кенот имал околу 30 членови, го раководител Аврахам Алберто Барух Цион. Во 1931 година во Битола бил основан кен со околу 400 членови, со седиште во просториите на еврејското училиште „Ла скулика де ла калежа“.Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993 Организацијата развивала воспитно-образовна дејност, изучување на хебрејскиот јазик и приближување кон природата со организирани логорувања (махана). Заедничката цел била да се подготвува младината за заминување во кибуците во Ерец Израел.Mark Cohen, Last Century of a Sephardic Community. The Jews of Monastir 1839–1943, New York, 2003
Наводи
Надворешни врски
Еврејските друштва во Битола
Категорија:Историја на Евреите во Македонија