Мочната (урична) киселина е хемиско соединение на јаглеродот, кислородот и водородот. Таа е краен оксидациски производ на метаболизмот на пуринските бази во телото на човекот и се наоѓа во мали количества во урината.

Мочната киселина е краен производ на азотниот метаболизам кај птиците и влекачите, за разлика од луѓето и многу други животни каде што главен производ е уреата. Кај животните кои произведуваат мочна киселина во големи количества, истата се екскретира преку фецесот. Луѓето произведуваат мали количества од оваа киселина, додека зголемувањето доведува до појава на артритис попознат како подагра (гихт).

Наводи

Категорија:Органски киселини Категорија:Кружење на азотот