Краткиот втор живот на Бри Танер () е попратен роман на филмскиот серијал „Самрак“, дело на писателката Стефани Маер. Тоа е приказна на новородената вампирка, Бри Танер, која се појавува во третиот дел од серијалот, „Замрачување“. Книгата е напишана од гледна точка на Бри, како контраст на останатиот дел од серијалот, кој е напишан од перспектива на протагонистот Бела Свон. Маер им дозволила на режисерот Дејвид Слејд, сценаристката Мелиса Росенберг и на неколку од глумците да прочитаат извадок од приказната за време на продукцијата на „Самрак сагата: Затемнување“.

Резиме

Приказната го раскажува животот на Бри Танер и новосоздадените вампири, претворени од страна на Викторија, со цел да ја убијат Бела. Бри се спријателува со Диего, друг вампир од групата, бидејќи и двајцата се чувствуваат дека се искористени и имаат сомнежи за вистинските намери на нивниот водач, а исто така, нејзината визија е поинаква и помалку крвава од другите новородени вампири. Диего мистериозно исчезнува, оставајќи ја Бри дури уште позбунета и недоверлива. За тоа време, Бри се спријателува со Рили, вампир-отпадник поради неговата моќ да ослободи ужасна миризба што ги вознемирува другите новородени. Тој ќе ја убеди Бри да учествува во битката, водејќи ја во ужасен крај во рацете на Волтурите, што се дознава преку приказната во „Затемнување“.

Категорија:Самрак (серијал романи) Категорија:Американски романи Категорија:Книги од 2010 година