Ивец (X–XI в.) — македонски благородник, истакнат војсководец од времето на Самуиловото Царство.Ioannis Scylitzae Synopsis Historiarum, rec. I. Thurn, Berlin, 1973

Есента 1015 година ја уништил византиската војска во Пелагонија, намамувајќи ја во заседа. По смртта на царот Јован Владислав, кога царицата Марија и другите великодостојници му се предале на Василиј II, тој се засолнил на планината Брохот, каде што го изградил дворецот Проништа и продолжил да им дава отпор на Византијците. На денот на домашната слава Голема Богородица во 1018 година со измама бил фатен од охридскиот архонт Евстатиј Дафномил и предаден на царот Василиј II,Б. Прокић, Војвода Ивац. Најстарији историски спомен ослави у Маћедонији, „Братство“, IX–X, 1902 кој му го одзел целиот имот и го испратил во затвор.

Ивец како тема во уметноста „Ивец“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 21.

Наводи

Категорија:Ивец Категорија:Македонски војсководци Категорија:Македонија во средниот век Категорија:Самоилово Царство