Мицко Крстевски (иќ), србизирано како Крстиќ, — македонски ајдутин, учесник во Руско-турската војна, војвода во Демихисарскиот заговор, пропаганден агитатор и прв српски четнички војвода во Македонија.
Првите години Потекло Мицко е роден околу 1855 године во кичевското село Латово, а неговите предци биле од Требино, село во Порече. Во младоста, тој бил мирно момче, а неговиот татко Крсто го испратил во Скопје каде требало да стане самарџија.Коџа, Четнички споменик, Војвода Мицко, живот и рад, Скопље, 1930
Судирот со Џемаил-ага Пред Велигден 1875 година, Мицко се вратил во своето село и дошло до случка која го сменила неговиот живот. Џемаил-ага, синот на бегот Мула Фазлија, на чиј имот Мицковиот татко Крсто работел, штом слушнал дека младиот самарџија дошол од Скопје, го посетил Крсто и побарал подарок за себе.
Почитувајчи ја обврската на чифлигарот кон својот господар, Мицко заминувајќи од Скопје купил јатаган, а неговиот татко го предал на Турчинот. Џемаил-ага му наредил на Мицковиот татко да седне и потоа сакајќи да провери дали поклонот е добар, со дршката од јатаганот го удрил пет пати, но од силината на ударот тој се скршил.
Џемаил Ага сега за возврат побарал 20 златни лира, бидејќи подарокот не бил добар, но Крсто немал толку, па му однел 5 златника кои ги чувал уште од неговиот татко, женска низа од 500 грошеви и 5 овци со јагњиња. По оваа случка кај Мицко се појавила желба за одмазда, но тој повторно се вратил во Скопје каде го чекал вистинскиот момент.
Учество во Руско-турската војна
Во 1876 година слушнал, за војната помеѓу Србија и Отоманското Царство и решил да замине како доброволец во српската војска. За да стигне во Србија, тој решил да помине преку тоа се денес Бугарија и Романија, бидејќи граничниот дел бил запоседнат од османлиската војска. Стигнал до Турн-Северин и таму го преминал Дунав, со чамец кој бил полн со Руси и негови сонародници кои од печалба заминале како доброволци.
Во Кладово, со останатите, се запишал како доброволец и отаму бил испратен на моравското боиште под команда на Јунгиќ. Мицко потоа војувал во Суповци, Дудулајиќ и Крајковец, а посебно се истакнал во Биљеговец. После овие борби тој бил поставен за командир на чета, а војната стигнала и до Македонија .
Ајдуство Ликвидацијата на Џемо мини|лево|200п|Мицко во ајдутска носијамини|десно|300п|Мицко со пријател Во Турн-Северин наишол на една група составена од луѓе од Порече кои биле групирани околу Стефан Петревски, тие решиле да се вратаат во Македонија и да започнаат со четување.
Поречани се поделиле во неколку групи, за неколку месеци се вратиле во својот роден крај и ја започнале својата акција. Мицко веднаш решил да се одмази и во заседа го ликвидирал Џемаил-ага. Одмаздата и песната која го опееала тој настан почнала да создава легенда од Мицко:
Седнал ми Џемо, слободен Џемо под таа круша водница, на таа нива орница во лева рака килибар во десна рака мартинка. Мајка му вели, говори: Не седи синко слободен, каури глава кренале, Мицко војвода излегол...
Демихисарски заговор
Малку подоцна дошло до Демихисарскиот заговор и до кординирана акција на четите за ликвидирањето на разните муслимански зулумџии. Во оваа акција, Мицко веднаш се приклучил и влекол во четата на војводата Ристо Костадинов.
Борбите биле чести и немилосрдни, а едно утро во османлиска заседа загинал војводата Ристо, и Мицко ја презел неговата чета и пушката ишарана со сребро и седеф. Меѓутоа заговорот наскоро бил уништен, во есента 1881 година, Мицко ја распуштил својата чета и ги испратил своите луѓе по дома, а самиот одбил да се предаде на Османлиите. Мицко се засолнил во една длабока пештера во близината на селото Белица, недалеку од Кичево. На дното од пештерата, Мицко поминал неколку месеци, а селаните со јаже му симнувале храна.
Меѓутоа во јануари 1882 година тој бил откриен од Османлиите кои побарале од него да се предаде. Откако тој одбил, тие собрале гранки и слама која ја запалиле, по што Мицко се предал откако му било ветено дека нема да биде убиен. Потоа бил спроведен во Битола каде бил осуден на 101 година затвор. Најпрво лежел во Солун, а подоцна бил преместен во Битола каде се сретнал со својот стар пријател Симјан Ристевски.
Заточеништво Мицко најпрво својата казна ја издржувал во солунскиот затвор, а потоа бил преместен во битолскиот затвор. Во меѓувреме во Македонија, доаѓа до засилување на странските пропагнади кои започнале меѓусебен натпревар за што поголем број на приврзаници со што започнале да го зголемуваат анатагонизмот меѓу населението во Македонија и да го делат населението на бугараши и србомани.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
Од ова не биле поштедени ниту затворениците кој почнале да се делат меѓу себе, а Мицко потпаднал под влијание на српската пропаганда. Во затворот, учителот од Крапа, Спиро Јовчевски (иќ), кој го научил Мицко да чита и пишува на српски јазик, а Мицко од своја страна започнал да му пишува писма на српскиот конзул Милојко Веселиновиќ. Во нив му пишувал за својот живот не споменувајќи ги воените подвизи и ајдутувањето. Писмата ги потпишувал со зборовите:
Во меѓувреме, во самиот затвор дошло до расправија и борба помеѓу србоманите и приврзаниците на МРО, во која Мицко 4 пати бил прободен со нож од Јордан Гавазов, Стојан Лазов и Дончо Штипјанчето, а неговиот пријател Симјан кој сакал да му помогне бил прободен во срце и на место починал.
Во 1897 година, во врска со Грчко-турската војна, Софија успеала да издејствува политичка амнестија за сите затвореници Македонци кои биле егзархистиВиди подетално http://www.cdsee.org/pdf/WorkBook2_sr.pdf (Do`ivqaj H. N. Breilsforda( 1905) – u Makedoniji se ne poistove}uju sa svojom nacijom) Сите затворени христијани сакале да ја искористат оваа амнестија и затоа почнале да се изјаснуват како Бугари по црква, меѓутоа кога Мицко бил изнесен од занданата и османлискиот стражар извикал: Мицко Крстев, Бугар-милет, сакајќи да му ги симне синџирите, Мицко одговорил:
По што излегол од редот и се вратил во ќелијата. Во 1901 година, во битолскиот затвор се нашол и Дамјан Груев поради Поп Ставревото предавство. Во затворот, Мицко и Груев станале пријатели, а Даме Груев направил обид за придобивање на Мицко на страната на ТМОРО. Оваа агитација завршила со ветување на Мицко дека ќе се приклони кон Организацијата, но тој бил премислен од страна на српските конзули и учители. мини|лево|150п|Даме Груев Мицко бил ослободен во 1901 година, со интервенција на српскиот конзул Чедомир Чеде Мијатовиќ, кој во Цариград цврсто се зазел за него. После 20 години заточеништво, Мицко бил на слобода, меѓутоа му било ограничено движењето, не смеел да ја напушта Битола и морал секоја вечер да се пријавува кај властите. Мицко од 1901 година до 1904 година, живеел во Битола и бил издржуван од српскиот конзулат.
Во служба на српската пропаганда Српски четнички војвода 100px|мини|лево|Мицко во четничка облека 300px|мини|десно|Мицко со своите четници Во поречкото село Самоков, се собрале српски свештеници, учители и претставници на србоманските села. По договорот кој бил склучен двајца селани однеле писмо на српскиот конзул Станојевиќ во Битола, барајќи од него оружје, пари и тајно испраќање на Мицко како нивни водач. Конзулот ги одбил, не сакајќи да слушне ниту за четите ниту за оружјето. Но на излегување од конзулатот тие биле пресретнати од конзуларниот службеник Саватие Милошевиќ (подоцна српски четнички војвода), кој им дал 60 наполеона и им ветил дека ќе го организира бегството на Мицко.
Бегство било организирано од Саватие и на 18 април Мицко ја напуштил Битола и преку Прилеп заминал за Поречието. На раскрсницата на крушевскиот и прилепскиот пат, Мицко бил пречекан од Вељо Шоповски кој го однел во селото Крапа и го сместил во куќата на српскиот учител Дукиќ. Таму Мицко го соблекол оделото и ја облекол белата поречка народна носија. Неколку дена подоцна му се придружиле 6 четници со што била создадена првата вооружена српска чета на територијата на Македонија, а Мицко се ставил во служба на српската пропаганда.
Мицко како искусен војвода во почетокот избегнувал поголеми судири бидејќи од една страна српската вооружена пропаганда во Македонија била во својот зародиш, а од друга страна тука биле четите на ТМОРО од кои можел да настрада.
Борбата за Порече мини|лево|150п|Петар Ацевмини|десно|300п|Четата на Ѓорѓи Сугарев (седнат, во средина) Четата на Мицко веднаш била забележана од ТМОРО и таа побарала образложение од страна на Белград. Српските владејачки кругови сметале дека во тој момент е најдобро да се избегне судирот со Организација и затоа преку Георги Герџиковиќ била организирана средба помеѓу Ѓорѓи Сугарев и Мицко. Истовремено му била пренесена наредбата на Мицко од Белград, дека тој треба да се покори на Организација или да ја распушти четата. Меѓутоа по оваа средба Мицко ја засилил својата дејност и неговата чета нараснала на 30 души.Ѓорѓи Димовски - Цолев, „Ѓорѓи Сугарев“, Битола, 1988.
Нетрпението кое постоело постепено се претворило во отворен судир со што започнала борбата за Порече. Во август 1904 година војводата Ѓорѓи Сугарев почнал да го гони Мицко и неговата просрпска чета, а српскиот одбор од Битола му препорачал на Мицко да внимава и му биле испратени дополнителни нови луѓе.
ТМОРО од своја страна, подготвилe план за опколување на Мицко, а како засилување бил испратен војводата Петар Ацев, кој во селото Долно Дивјаци ги здружил своите сили со Ѓорѓи Сугарев.
Меѓутоа кај Црешнево - Белица, Мицко му поставил заседа на Сугарев во која тој успеал да се извлече без загуби по што го возвратил ударот, а според признанието на еден четник во Мицковата чета имало 7 души ранети и еден загинат. Мицко успеал да се извлече од селото Белица и преминал на левата страна на Треска по што бил проследуван од четата на ТМОРО на чело со Сугарев. Оваа чета престојувала во селото Слатина, а набргу таму се нашол и Даме Груев.
Заробување на Дамјан Груев
Мицко скриен во шумата го видел доаѓањето на комитите на ТМОРО, и испратил свој човек во Кичево, кој ја предал на тамошните османлиски власти. Во текот на ноќта, два османлиски одреди го опколиле селото Слатина, а самото утро започнала борба меѓу Османлиите и комитите.
Четата на ТМОРО била изненадена и таа се обидела да се повлече од селото но насекаде била сочекана од заседи, на крајот еден дел од комитите се повлекле, а османлиските одреди се вратиле во Самоков и Кичево. По судирот, Мицко со својата чета влегол во селото, а набргу било разбрано дека Даме Груев е ранет и дека се наоѓа во некоја од куќите. Оваа заробување на Груев од страна на Мицко бргу се расчуло и започнале преговори за негово ослободување.
Заробувањето на Даме Груев оставило впечаток дека српската вооружена пропаганда во овој дел на Македонија е многу силна, а истовремено тоа било силен удар врз Организацијата. По едномесечно заложништво, Груев бил одведен во Скопје од страна на Мицко и бил ослободен, а тоа се случило околу 19 ноември 1904 година.
Последни години Интернација дясно|мини|300п|Просрпските војводи Јован Довезенски и Мицко Крстевски и двајца четници Набргу по ослободувањето на Даме Груев, Мицко се нашол во немилост на српските власти бидејќи почнал да ги манифестира своите разбојнички манири, а истовремено се појавиле нови српски чети на чело со Глигор Соколов, Јован Бабунски, Јован Довезенски и други.
Четничкиот горски штаб набргу испратил двајца нови војвода, Тренко и Темелкo Барјактаревиќ, да го заменат Мицко, а тој потоа се нашол во Србија по што бил интерниран во Крагуевац.
Ликвидација лево|мини|Српски извештај од 28 октомври 1909, за убиството на војводата Мицко Крстиќ, за кое османлиските власти се обидувале да го прикажат како дело на Бугарите, во што властите од Србија не верувале.