Солунскиот конгрес од 1905 година е окружен конгрес на Солунскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација, тој бил еден од целата низа на окружни конгреси по Илинденското востание со цел да се зацврсти Организација и нејзината мрежа Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година.

Работа и решенија Првиот конгрес се одржал во јуни 1905 година.

Биле разгледани голем број на прашања, а на прво место биле осудени честите убиства и накажувања на симпатизерите на делото како и противниците на Организацијата и било побарано да се примени принципот на убедување, а не на казнување.

Било истаканто дека дека кон Организацијата не треба да бидат привлечени само учителите туку и луѓето од другите средини.

Биле разгледани разните злоупотреби на организациските луѓе и тоа било осуден.

На овој Конгрес биле разгледани постапките на Борис Сарафов и се побарало негово судење Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981, а исто така била осудено изедначувањето на активноста меѓу Организацијата и Бугарската егзархија Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. .

Била потенцирана самостојноста на Организацијата и македонското дело , а се потенцирала автономијата како основа за делување и биле осудени сите преговори за поделба на Македонија на сфери на влијани како идни граници за поделба на земјата.

Наводи

Литература Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943.

Категорија:Конгреси на Македонската револуционерна организација Конгрес 1905 Категорија:Македонија во 1905 година Категорија:Солунски револуционерен округ