Знамето на Германија е официјалното знаме на државата. Знамето е тробојка составена од три еднакви вертикални ленти во црна, црвена и златна боја.

Германската тробојка се појавила во XIX век и својата популарност ја стекнал за време на германската револуција во 1848 година. Карткотрајниот Франкфуртски парламент во периодот 1848-1850 година го предложил знамето како знаме на обединетите германски држави. Со основањето на Вајмарската Република по Првата светска војна, знамето било официјално усвоено како државни знаме. За време на Втората светска војна се користел друг дизајн на тробојката, за да подоцна се врати денешната верзија, прво во Западна и Источна Германија а подоцна во денешна обединета Германија.

Боите на денешното знаме се поврзуваат со републиканската демократија основана по Првата светска војна и боите ги претставуваат германската слобода и обединетост.

Бои

БоиЦрнаЦрвенаЗлатна RAL 9005црна 3020црвена 1021кадиумска жолта HKS 0, 0, 0 5.0PB 3.0/12 6.0R 4.5/14 CMYK 0.0.0.100 0.100.100.0 0.12.100.5 Пантон Black 485 7405 HTML хексидецимали #000000 #FF0000 #FFCC00 HTML децимали 0,0,0 255,0,0 255,204,0

Поврзано Германија Грб на Германија Знаме на Нацистичка Германија

Наводи

Надворешни врски

Средновековни знамиња на Германија

Категорија:Национални симболи на Германија