Кракатау или Кракатао () е сив вулкан —експлозивен вулкан — во Тихоокеанскиот Огнен Појас. Сочинува архипелаг од четири главни острови во Сундскиот теснец во Индонезија, меѓу Јава и Суматра во Индонезија. Неговата географија била пореметена најмалку двапати во текот на две големи ерупции во 416 или 535 година и во 1883 година. И покрај овие настани, архипелагот е домаќин на богат растителен и животински свет, благодарение на неговата тропска клима. Архипелагот е дел од Националниот парк Ујунг Кулон, класифициран како светско наследство од страна на УНЕСКО
Вулканот е најдобро познат по неговата експлозија на 27 август 1883 година, една од најсилните што ги памети човекот, во која загинале неколку десетици илјади луѓе предизвикувајќи големи цунами чии бранови се почувствувале и до Европа.
Во 20 век, вулканот изродил нов остров, Анак Кракатау или „детето на Кракатау", кој нуди поле за истражување на голем број научници. Местото на вулканот сè уште е активно, но ризикот од нова таква голема вулканска експлозија прилично е ограничен.
Топонимија и етимологија Денес постојат два правописа кои се прифатени околу името на вулканот: Кракатау, но воедно и Кракатао, како што бил запишан на португалски. Во изворите на геолозите се користат и двата.
Постојат четири теории околу името Кракатау. Според првата, изнесена од страна на францускиот језуит Ги Ташар, името потекнува од ономатопејата која ги имитира звуците на папагалите од видот какаду кои живеат на островите. Според втората, името потекнува од санскрит каде зборовите карка или карката, воедно и каркатака означуваат „јастог“ или „рак“ Simon Winchester, op. cit., page 28. Rogier Diederik Marius Verbeek, Krakatau, 1886, page 87. Lee Khoon Choy, A Fragile Nation: The Indonesian Crisis, World Scientific Publishing Company, juillet 1999, page 149 . или пак од кракача кој значи „пила“ или „меч“. Arysio Nunes dos Santos, Atlantis: The Lost Continent Finally Found, Atlantis Publications, 2005, page 311 . Според третата, името потекнува од малајскиот збор келакату со значење „мравка со бели крила“. Последната и најсериозна теорија тврди дека Кракатау означува „тивка планина“. Encyclopædia Universalis. Географија мини|Местоположбата на архипелагот Кракатау во Сундскиот теснец во Индонезија.|лево|223x223пкс
Островите формирани од страна на Кракатау се наоѓаат во Индонезија, во средината на Сундскиот теснец, помеѓу брегот на Суматра на северозапад и Јава на југоисток. Најблиското копно, градот Серанг, се наоѓа на 42 километри на исток а главниот град Џакарта е на 160 километри во истата насока. Административно, архипелагот зависи од провинција Лампунг на Суматра.
Топографија right|thumb|174x174px|Сателитски поглед на Кракатау, 18 мај 1992 г. thumb|Сателитски поглед на Кракатау во 2001.|175x175пкс Пред 1883 година, архипелагот Кракатау се состоел од три главни острови : на североисток Ланг ("долг" на холандски) и на северозапад Верлатен ("напуштен"), кои сведочат за постоењето на стара и многу широка купа чиј страничен дел го формираат двата острова – и на југ Кракатау, најголемиот остров во архипелагот, со должина од 9 километри и широчина од 5 километри. Постои исто така и островче покриено со дрвја по име Пулше Хоед ("полска капа", поради неговата форма) на неколку стотина метри од Ланг. На Кракатау се наоѓаат трите вулкански конуси: Раката (813 метри надморска височина) на југ, Данан (445 метри, веројатно двоен вулкан) во центар и Пербоеватан или Пербуатан (122 метри) на север.
После ерупција во 1883 година, топографија делумно била пореметена. Островот Ланг претрпел најмалку промени. Површината што ја стекнал со таложењето пепел и друг вулкански материјал брзо се намалила од морската ерозија. Оттогаш го носи името Кракатау-Кеџил или Панјанг. Верлатен претрпел штета на југоисток, на страната свртена кон експлозијата, и тројно ја зголемил површината од истата причина како Ланг. На североисточниот крај се формирал крајбрежен синџир, со мало езеро но тоа постепено било уништено од брановите. Верлатен оттогаш се преименувал во Сертунг. Пулше Хоед целосно исчезнал. Островот Кракатау во голема мера бил разнесен од експлозијата. Останал само неговиот јужен дел, со конусот Раката, кој изгубил десет метри висина и поголем обем на север, но останал највисоката точка на архипелагот со 813 метри надморска височина. Од Данан, останало само мало карпесто островче наречено Бутсмансротс. Точното место каде се наоѓал Пербоеватан сега е потопено на 550 метри длабочина. Во 1927 година, во тек на една нова ерупција, во средината на трите главни острови се појавил Анак Кракатау ("детето на Кракатау") и брзо се издигнал над морето, поради високата стапка исфрлен пепел и пемза пред да се стабилизира во август 1930 година. Неговата надморска височина била над 300 метри во 1999 година и истата продолжува да расте со тековните ерупции.
Геологија лево|мини|Развој на топографијата на Кракатау: последици на еруптивните фази. Кракатау се наоѓа на 140 километри североисточно од ровот во зоната на подвлекување на австралиската плоча под евроазиската плоча, и поконкретно, сундската, на местото каде што границата меѓу двете плочи нагло ја менува насоката, веројатно поради невообичаено слабата дебелина на кората во регионот Peter Bird, An updated digital model of plate boundaries, Geochemistry Geophysics Geosystems, An Electronic Journal Of The Earth Science, vol. 4, n°3, 14 mars 2003 . и на раскрсница помеѓу двата раседа. Вулканот, како дел од Тихоокеанскиот Огнен Појас се наоѓа на околу 120 километри над зоната Вадати-Бениоф. Стратиграфичката студија на Кракатау открива пет еруптивни фази. Првата фаза одговара на формирањето на праисторискиот Кракатау, составен од единствен конус и кој се одликува со два тека на лава и депозити од пемза денес видливи во Сертунг и Панјанг, како и на конусот на Раката. Втората фаза е деструктивна епизода поврзана со ерупција во 535 година, при што имало пирокластичен поток со исфрлање на тефра со игнимбрити во пониските слоеви на депозитите со тешки материјали во подолните делови и полесната пепел одозгора. Третата фаза започнува со формирањето на конусите на Раката, Данан и Пербоеватан на островот Кракатау, а остатоци се наоѓаат на првиот конус : низа на андезитни и базалтни лави и депозити од исфрлен вулкански материјал како згура, лапили и пепел. Четвртата фаза е втора деструктивна епизода поврзана со ерупцијата во 1883 година, која на островот Кракатау го оставила само расцепениот конус на кратерот Раката и депозити кои главно се состојат од пемза која содржи опсидијан и голема количина исфрлен пепел на Сертунг и Панјанг и на надворешната страна на Раката. мини|Анак Кракатау во јануари 2016мини|Анак Кракатау денесПеттата и последна фаза одговара на формирањето на Анак Кракатау. Ерупцијата во 1883 година, која го расцепила конусот на Раката ја соголила дајката која го пополнувала стариот вулкански оџак. На тој начин, Бутсмансротс станал мала карпеста платформа составена од паралелни плочи со наклон од 45° во однос на површината на морето, како остаток на дајка која претходно била дел од падините на Данан. Надворешните сливови на островите Сертунг и Панјанг, и во помала мера на Кракатау (или Раката), зачувале траги од релјефот на купата која го формирала вулканот пред 535, со многу жлебови и гребени, делумно закопани под талозите на експлозија во 1883 година. Анак Кракатау е составен од два споени конуси новиот го има речиси целосно покриено стариот конус чиј североисточен раб се издига на надморска височина од 156 метри. Лавата тука има особеност да тече во сите правци, и со тоа значително се зголемила површината на островот.
Основните минерали кои ја сочинуваат лавата како и вулканските бомби на младиот Анак Кракатау се составени од авгит, хиперстен, плагиоклас, а понекогаш и ситни зрнца оливин. Повеќето од овие кристали се наоѓаат претежно во форма на фенокристали, но исто така и во форма на микролити и микрогранули.
Клима Климата на архипелагот е од тропски тип, со висока стапка на влажност, но со релативно сува сезона од мај до октомври, со ниско ниво на врнежи во август со врв во јануари со повеќе од 300 мм вода. Температурите обично се движат помеѓу 25 и 32 °C. + 20px Податоци за Анак Кракатау (130 м) Krakatoa Online Monitoring - Weather annual data . Climatologie - Jakarta, Indonésie.МесецјануарифевруаримартаприлмајјунијулиавгустсептемвриоктомвриноемвридекемвригодишноПросечни температури (°C)27272728282827272828282727,5Просечни врнежи (мм)3502002008010050403040100125200
Флора и фауна thumb|Вегетативна мапа на Кракатау во 1992. Пред ерупција во 1883 година, архипелагот имал бујна растителност типична за влажните предели, но настанот веројатно ја уништил секоја форма на живот. Сепак, животот наскоро се вратил на островите, пораснале дрвја и грмушки, веројатно пренесени во форма на семе од морските струи или преку птичјиот измет, така што од 1886 година тука биле забележани веќе 30 видови на растенија а во 1920 година, на островот живееле 300 растителни видови и 600 животински видови. Но во 1953 година, нов бран на вулканска активност уништил 90 % од растителноста на Сертунг и Панјанг.
Денес, вистинска тропска шума е формирана на трите главни острови, со не помалку од 400 видови на растенија, 54 вида на пеперутки, 30 вида птици, 17 вида лилјаци, 9 вида влекачи и многу инсекти. Средишниот дел на Анак Кракатау е оставен на милост и немилост на ерупциите и тековите лава, така што меѓу 1972 и 1975, 1979 и 1980 година, како и во средината на 1990-тите и растителноста од видот Casuarina била сериозно погодена. Освен тоа, постојаното присуство на токсични гасови и топлината на тлото околу кратерот, како и недостатокот на вода во горниот дел на стрмните падини на кои тешко се задржува влажност, буквално спречуваат каква било колонизација на растенијата надвор од крајбрежните рабови. На брегот успеваат бадеми, кокосови палми и по некој вид цвеќе. Релативно брзата колонизација на растенијата се должи на два фактори : тропската клима и плодната почва. Видовите попрво се населиле врз пепелта отколку врз лавата и оваа разлика е јасно видлива на Анак Кракатау. Овие два фактора придонеле тука колонизацијата на видовите да биде побрза отколку на Суртсеј или на планината Света Елена од една страна, и Хаваите, од друга.
Историја
Ерупцијата во 416 (или во 535) година За датумот на првата историски документирана ерупција на Кракатау широко се дебатира. Генерално, ерупцијата е датирана во 416 година, но понекогаш и 535. Параратон, или „Книгата на кралевите", јаванска хроника напишана во 16 век, пишува дека во 338 година од сачката ера или 416 од грегоријанскиот календар:
мини|Архивска фотографија од кратер на Кракатау