Џејн Ер — познат и влијателен роман од англиската авторка Шарлот Бронте. Првпат бил објавен во Лондон, Англија во 1847 од страна на Смит, Елдер & Ко, со наслов Џејн Ер. Автобиографија под псевдонимот „Курер Бел“. Американското издание излегло наредната година, издадено од страна на Харпер & Брадерс во Њуjорк.

Содржина на приказната

Вовед во содржината на романот Џејн Ер е главниот лик во романот што раскажува во прво лице еднина. Романот поминува низ пет различни фази: Детството на Џејн во Гејтшед, каде што таа е емоционално и физички злоупотребувана од страна на нејзината вујна и братучеди; Нејзиното образование во училиштето Ловуд каде што таа пронаоѓа и пријатели, но исто така страда и од немаштија; Нејзиното време како гувернанта во куќата Торнфилд, каде што се вљубува во нејзиниот Бајроничен работодавец, Едвард Рочестер * Нејзиното време поминато со фамилијата Риверс во Марш Енд и Мортон, каде нејзиниот студен свештеник – братучед Сент Џон Риверс ѝ предложува брак ; Нејзиното повторно спојување и венчавка со нејзиниот љубен Рочестер.

Џејн Ер е роман поделен на 38 поглавја и повеќето изданија се најмалку по 400 страници (иако предговорот и воведот во некои копии заземаат и до дополнителни 100 страни). Оригиналниот роман е издаден во три тома, кој се сости од поглавјата 1 до 15, 16 до 26 и 27 до 38.

На моменти автобиографски, романот изобилува со критика на општеството. Ова е роман кој е сметан за пред своето време. И покрај темните и таинствени елементи, во романот се разликува доброто и лошото, моралното од неморалното.

Бронте го посветила второто издание на книгата на Вилијам Мејкпис Такери.

Поглавја 1-4: Детството на Џејн во Гејтшед

Десетгодишно сираче по име Џејн Ер живее со фамилијата на нејзиниот вујко, наречени Ридс. Вујната на Џејн, Сара Рид воопшто не ја поднесува. Кога нејзиниот вујко умира, тетката и нејзините деца стануваат многу злонамерни кон неа. Кога е навредувана од страна на нејзиниот братучед Џон, Џејн му враќата на тоа, но потоа е казнета поради тоа и е заклучена во собата каде што починал г-динот Рид. Како што доаѓа ноќта, паничните вресоци на Џејн ја вознемируваат целата куќа, но г-ѓа Рид не ја пушта од собата. Џејн се онесвестува и г-динот Лојд, кој е аптекар е повикан во куќата. Тој разговара со Џејн и со симпатии и предложува дека треба да замине во некое училиште.

Поглавја 5-10: Образованието на Џејн во училиштето Ловуд Г-ѓа Рид ја испраќа Џејн во интернатот Ловуд, добротворно училиште, и ги предупредува дека Џејн е измамничка. За време на една инспекција, Џејн случајно ја крши нејзината табла, па г-дин Брокелхрст самоправедниот свештеник кој раководи со училиштето, ја означува како лажливка и ја посрамотува пред целиот клас.

Џејн е утешена од страна на нејзината пријателка, Хелен Брнс. Г-ѓца Темпл, грижливата учителка, потпомага во одбраната на Џејн, и му пишува на г-дин Лојд кој одговара во одбрана на Џејн. На крајот, Џејн е јавно ослободена од обвиненијата на г-дин Брокелхрст.

Додека семејството на Брокелхрст живее во луксуз, осумдесетмината ученички престојуваат во ладни соби, имаат слаби појадоци и носат тенка облека.Многу ученици се разболуваат за време на епидемија на тифус. Пријателката на Џејн, Хелен умира од истоштеност во самите прегратката на Џејн.

Кога негрижата и нечесноста на г-дин Брокелхрст се изнесени на виделина, неколку добротворци започнуваат со изградба на нов објект и условите на училиштето драматично се подобруваат.

Погјавја 11-26: Времето на Џејн како гувернанта во куќата Торнфилд

Осум години подоцна, Џејн е учителка која е најмена од страна на Алис Ферфокс (домарката на куќата Торнфилд) како гувернанта за Адел Варен, младо француско девојче. Еден ден, за време на прошетка, Џејн се сретнува и му помага на еден коњаник, кој го повредил глуждот додека јавал. На нејзиното враќање во Торнфилд, дознава дека господинот на коњот е всушност Едвард Рочестер, сопственикот на Торнфилд. Рочестер е невесел, самоволен човек кој е близу дваесет години постар од Џејн. Адел е неговата заштитеничка, ќерка на некоја Француска “оперска пејачка” со која тој имал романтична врска во минатото. Меѓутоа, Адел не е негова ќерка, но е израсната од негова страна бидејќи нејзината мајка ја напуштила.

Г-дин Рочестер изгледа дека е доста обвземен од страна на Џејн и таа ужива во неговото друштво. Меѓутоа, чудни работи почнуваат да се случуваат: чудна смеа се слуша низ ходниците, за малку кобен пожар избувнува во куќата и еден гостин по име Менсон е нападнат.

Џејн добива вести дека г-ѓа Рид претрпела срцев удар и дека ја бара да дојде кај неа. Враќајќи се во Гејтшед, останува таму еден месец. Нејзината вујна е во смртна постела, но ги одбива сите напори на Џејн за помирување со неа. Сепак и дава писмо кое го чувала од злоба спрема Џејн. Писмото е од Џон Ер, чичкото на Џејн кој ја известува дека сака таа да живее со него заедно во Мадира.

Откако се враќа во Торнфилд, Џејн се плаши дека Рочестер сака да се венча со Бланш Инграм, но на една летна вечер, тој и ја изјавува својата љлубов на Џејн и и предложува брак. Како што таа се подготвува за венчавката, лошите претчуства на Џејн се остваруваат кога една чудна и диволика жена се прикрадува во нејзината соба една вечер и го раскинува нејзиниот венчален превез на два дела. Како и со некои претходни мистериозни случки, г-дин Рочестер го поврзува инцидентот со пијанството на една од слугите во куќата, Грејс Пул.

За време на венчалната церемонија, г-дин Менсон и еден адвокат изјавуваат дека г-дин Рочестер не може да се венча, бидејќи е веќе оженет со сестрата на г-дин Менсон. Г-дин Рочестер горчеливо го признава тоа, објаснувајќи дела неговата сегашна жена е насилна и умоболна жена која ја чува заклучена на таванот во куќата, а за неа се грижи Грејс Пул. Кога Грејс ќе се напиела премногу, и давало шанса на неговата жена да побегне и таа била вистинсикот предизвикувач на чудните случки во Торнфилд.

Г-дин Рочестер ја замолува Џејн да замине со него на југот на Франција и да живеат како сопруг и сопруга, иако не можат да се венчаат. Одбивајќи да оди против своите принципи, Џејн, и покрај нејзината љубов кон него, го напушта Торнфилд во текот на ноќта.

Поглавја 27-35: Времето на Џејн со семејството Риверс

Џејн патува кон северот на Англија. Останувајќи без финансии, таа спие на надвор и моли за храна, но е одбиена како питач, крадец дури и полошо. Истоштена, е спасена од страна на Сент Џон Риверс, млад свештеник кој ја донесува во домот на неговите сестри Дајана и Мери. Како што и се подобрува нејзиното здравје, Сент Џон и наоѓа учителско работно место во блиско добротворно училиште. Џејн има топло пријателство со Мери и Дајана, но Сент Џон е премногу затворен во себе, и тој и Џејн не можат да се поврзат и покрај неговите напори да го преброди тоа по заслуга од нејзина страна. Џејн забележува дека братот и сестрите имаат проблем поврзан со финансиите, но не сака да ги загрижува прашувајќи за тоа.

Кога сестрите заминуваат да работат како гувернанти во Лондон, Сент Џон станува поопуштен во однос на Џејн, објаснувајќи ги конфликтите во неговото срце околу убавата и богата Розамонд Оливер. Кога Џејн го соочува со неговите чувства кон г-ѓица Оливер, тој признава дека ги потиснал тие чувства, бидејќи почувствувал дека е створен за мисионерска работа, и знае дека г-ѓица Оливер никогаш не би прифатила таков начин на живот.

Сент Џон го дознава вистинскиот идентитет на Џејн, и ја зачудува покажувајќи и писмо кое вели дека нејзинот чичко Џон починал и го оставил целото негово богатство во вредност од 20.000 фунти, или 1,560,000 денешни фунти. Кога Џејн дополнително продолжува да го испрашува, Сент Џонт и открива дека Џон е исто така чичко на него и неговите сестри. Тие некогаш се надевале на дел од неговото наследство, но се откажале од таа помисла од тогаш. Џејн, исполнета со радост по откритието на нејзиното семејство, инсистира да го поделат наследството подеднакво со нејзините братучеди.

Сент Џон ја замолува Џејн да го приддружува во Индија како негова сопруга. Тој верува дека Џејн ќе биде одлична во улогата на жена на мисионер и тоа е еднинствената причина за неговата брачна понуда. Таа се согласува да замине, но одбива брак, верувајќи дека неговите резервираност и разум се несогласливи со нејзинита топлина и страст. Но неговата моќ на убедување со време почнува да влијае на одлуката на Џејн.

Меѓутоа, токму во тој момент, таа одеднаш мисли дека го слуша гласот на г-дин Рочестер како го повикува нејзиното име. Следното утро, заминува за Торнфилд да ја провери дали на г-дин Рочестер е добро пред таа да замине засекогаш за Индија.

Поглавја 36-38: Повторното обединување на Џејн со г-динот Рочестер

Џејн пристигнува во Торнфилд за, но наоѓа само изгорени урнатини. Таа дознава дека жената на г-дин Рочестер ја запалила куќата и извршила самоубиство фрлајќи се од покривот. Обидубајќи се да ја спаси, г-дин Рочестер ја загубил раката и неговиот вид. Џејн е повторно со него, но тој се плаши дека неговата состојба ќе биде одбивна за неа. Кога Џејн го уверува во нејзината љубов кон него и му кажува дека никогаш нема да го напушти, тој повторно и нуди брак. Видот со време делумно му се враќа, доволно за да го види неговото првородено синче.

Ликови

Џејн Ер: Главниот лик на романот. Сираче уште како бебе, таа се бори низ скоро безљубовното детство и станува гувернанта во куќата Торнфилд. Иако се заљубува во нејзиниот богат работодавец, Едвард Рочестер, нејзината силна смисла на совест не и дозволува да стане негова љубовница, и не се враќа кај него сè додека неговата умоболна жена не почине и таа самата не дојде до наследство. Г. Рид : Вујкото на Џејн, кој ја посвојува Џејн кога нејзините родители ќе починат. Пред неговата смрт, ја замолува неговата сопруга да се грижи за Џејн Г-ѓа Рид: Вујната на Џејн, која ја посвојува Џејн, но ја запоставува и злоупотребува. Нејзината одбивност кој Џејн продолжува сè до нејзината смрт Џон Рид : Братучедот на Џејн, кој постојано ја навредува, некогаш и во присуство на неговата мајка. Се самоуништува како возрасен, и се смета дека се самоубил. Елиза Рид: Братучетката на Џејн. Огорчена бидејќи не е привлечна како нејзината сестра, таа и се посветува комплетно на религијата. Џорџијана Рид : Братучетка на Џејн. Иако пакостлива и непослушна, таа е и убава и попустлива. Нејзината сестра Елиза и ја уништува нејзината понуда за брак со богат лорд. Беси Ли : Негувателката во Гејтсшед. Понекогаш се однесува добро кон Џејн, кажувајќи и приказни и песни. Подоцна се мажи за Роберт Ливен. Роберт Ливен : Кочијашот во Гејтсшед, кој и ги носи вестите на Џејн за смрта на Џон Рид, која е причината за срцевиот удар на г-ѓа Рид. Г. Лојд : Сочувствителен аптекар кој пишува писмо до г-ца Темпл потврдувајќи ги зборовите на Џејн за нејзиното детство и со тоа ослободувајќи ја Џејн од обвинувањата на г-ѓа Рид за лажење. Г. Брокелхрст : Свештеникот - директор на училиштето Ловуд, за подоцна да се открие како ги запоставува студентите. Г-ца Марија Темпл : Љубезната надзорничка на учиолиштето Ловуд, која ги третира Џејн и Хелен ( и другите ) со почит и разбирливост. Таа помага во расчистувањето на погрешните обвинувања на г-дин Брокелхрст кон Џејн. Г-ца Скачерд : Нерасположена и зломорна учителка во Ловуд. Хелен Брнс: Ученичка и најдобра пријателка на Џејн во Ловуд. Таа одбива да ги мрази тие што ја злоупотребуваат, верувајќи во Бог и “вртејќи го другиот образ”. Умира од истоштеност во прегратките на Џејн. Едвард Ферфакс Рочестер: Господарот на куќата Торнфилд: Бајроничен херој, кој има несреќен прв брак пред да ја сретне Џејн. Берта Антоанета Менсон : Насилната умоболна прва сопруга на Едвард Рочестер Адел Варен : Французинка на која Џејн и е гуверната во Торнфилд. Таа е заштитеничката на г-дин Рочестер и веројатно негова ќерка. Меѓутоа, г-дин Рочестер го негира тоа бидејќи нејзината мајка се гледала со друг маж без негово знаење.