Јордан Костадинов Иванов (роден на година во Белица, Пиринскиот дел на Македонија - починал на во Сандански) — бугарски деец од македонска народност, борец за народносните права на Македонците во Бугарија.

Јордан Костадинов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, близу Мелник. Мајка му е родена во селото Врапча, а татко му во селото Оштава.

Како македонски национален активист бил двапати затворан од бугарската власт, секогаш со задолжителен престој во најтешки затворски услови: без доволно храна и вода, во темна и студена ќелија. Првиот пат во 1974 година заедно со Кирил Панчев како членови на Независната македонска организација „Илинден“ на 3 години затвор. 1982 година Јордан Костадинов бил повторно осуден на две години затвор и 5 години без право да живее во Благоевград.

Во 1990 е еден од основачите на ОМО Илинден и е избран за претседател на организацијата. Починал на во Сандански.

Литература Македонија над сè, Стојан Георгиев-Томовичин, Битола, 1990

Надворешни врски Интервју со Јордан Костадинов Јордан Костадинов на ТВ За тортурата врз македонското малцинство Јордан Костадинов на ТВ

Наводи

Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Луѓе од Свети Врач Категорија:Бугарски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Бугарија