Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) — македонски национален деец, поет, раскажувач и публицист.
Биографија Роден е на 15 декември 1910 година во Сер, денес во егејскиот дел на Македонија, но уште како дете бил принуден да се пресели во Бугарија, каде го поминал животот. Дипломирал на Правниот факултет во Софија и долги години работел како адвокат, а бил и судија. Неговата адвокатска канцеларија во Софија брзо станала собиралиште на други македонски доселеници.thumb|300px|right|Стихотворбата „Ѕвезда“ (На Јане Сандански), со белешки од Никола Вапцаров Во 1931 година, тој станал член на ВМРО (Обединета). Во 1932 година, тој станал член на ЦК на ВМРО (Об.), а во 1934 година, тој бил избран за секретар за агитација и пропаганда. лево|мини|Никола Вапцаров со членови на Македонскиот литературен кружок: Михаил Сматракалев, Антон Попов (седнати), Тодор Јанев, Кирил Николов (исправени), Софија, 1940. Во 1938 година, заедно со уште неколкумина Македонци, го основал Македонскиот литературен кружок.Македонскиот литературен кружок Софија 1938-1941 Документи, Архив на Македонија, Скопје 1995.
Сматракалев бил особено близок со Никола Вапцаров и неговото семејство. Кога овој ја објавил својата стихозбирка „Моторни песни“, Сматракалев бил единствениот што објавил критички осврт на новоиздаденото дело.
Михаил Сматракалев во 1993 година добил македонско државјанство, врачено директно од рацете на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров. Бил прогласен и за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
Починал на 16 април 1998 во Софија.
Мисли На забелешките на неговите противници дека многумина револуционери велеле дека се Бугари, Сматракалев ќе одговорил: Претставете си една картонска кутија на која пишува ’Бугарин‘, а што има во кутијата не ве интересира. Ние, за разлика од вас, го фрламе картонот и се интересираме за суштината што е во него. Не гледаме што пишува на капакот од сандакот, туку го отвораме и внимаваме што има внатре.
Творештво мини|294x294пкс|Весникот "Македонско знаме" (од 23 јули 1945) со страница посветена на тројцата Македонциː Антон Попов, Никола Вапцаров и Атанас Романов. Автор на статијата е Михаил Сматракалев„Бура над родината“ (стихозбирка, Софија, 1936) „Македонскиот литературен кружок“ (студија, Скопје, 1993) „Модрите широчини на татковината“ (поезија, раскази, критички огледи и записи, Скопје, 1994) „На македонски теми“ (студии, Скопје, 1999).
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Луѓе од Сер Категорија:Македонски преселници во Пазарџик Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Бугарски правници од Македонија Категорија:Бугарски судии Категорија:Родени во 1910 година Категорија:Починати во 1998 година