Јаорец — пештера која се наоѓа во котлината Дебрца, југоисточно од селото Велмеј. Вкупната должина на пештерата изнесува 76 м. Таа е речиси без пештерски украси, a во хидрографски поглед потполно сува пештера. Во пештерата Јаорец вршени се систематски палеонтолошки истражувања, при што во нејзините плеистоцени (Wurm) пластови се пронајдени остатоци од пештерска мечка.

Во пештерата се најдени и прастари остатоци од човечко живеалиште (погл. Пештера Јаорец (Велмеј)).

Наводи

Категорија:Пештери во Македонија Категорија:Велмеј