Битка на Сома — позната битка во Првата светска војна помеѓу британско-француските и германските сили во која учествувале преку 3 милиони војници.

Тек на битката Британските и француските сили тргнале во фронтален напад против германската армија, која била во ровови северно од реката Сома во Франција. Една недела британските сили ги бомбардирале сè уште непомрднатите германски позиции. Првиот ден настрадале 60.000 британски војници, од кои 20.000 загинале. Офанзивата постепено преминала во исцрпувачка битка затоа што врнеле силни октомвриски дождови, кои го направиле калливото поле во непроодно. Пред да заврши битката сојузниците напреднале само 8 км. Загубите биле огромни: 650.000 на германска страна, 420.000 на британска страна и 195.000 на француска. Оваа битка станала метафора за залуден и дискриминаторски колеж.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје 2005, Книга 1, стр. 192

Наводи

Категорија:Битки во Западниот фронт во Првата светска војна Категорија:Битки на Австралија во Првата светска војна Категорија:Битки на Канада во Првата светска војна Категорија:Битки на Германија во Првата светска војна Категорија:Битки на Нов Зеланд во Првата светска војна Категорија:Битки на Обединетото Кралство во Првата светска војна Категорија:Историја на ЈАР Категорија:Судири во 1916 година