Гоце Ангеличин Жура (, - , ) — македонски историчар на уметност, истражувач и археолог.

Животопис Жура е роден во Охрид во 1951 година. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Филозофски факултет - група, Историја на уметност и археологија, прва генерација, во Скопје. Прво вработување му било во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид во 1980 год., каде што непрекинато бил во работен однос до смртта како историчар на уметноста во сегашно звање музејски советник. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот "Св. Климент Охридски" за 2007 година.

Починал во Охрид на 1 април 2019 година.

Примарна дејност Во рамките на своите заводски задолженија како раководител на ресорот за “Фрескоживопис и иконопис од X до XIX век во Охрид и охридскиот регион“, вршел перманентен увид во состојбата на спомениците на културата.Тој е основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Прв истражувач е на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе – Р.Албанија, што резултира со откривање нови ликови на Светите Климент и Наум кои пополнуваат една голема празнина за овој период. Истражувањата исто така разултираат и со огромна фото документација, драгоцена за идните генерации и науката во целост.

Гоце Ангеличин Жура ја применил својата стручна информираност во многу јавни настапи низ аудио-визуелните медиуми и печатот, како и со соработка на дигитални проекти, со што придонел за значително поголем интерес на пошироката јавност за вредностите на средновековната уметност. Свои стручно-научни трудови има презентирано на бројни научни собири во Македонија и во странство. Има објавено шеесетина труда во периодиката меѓу кои се и книгите : Страници од историјата на уметноста во Охрид и охридско (XV –XIX век),Охрид 1997; Пештерните цркви на брегот на Охридското Езеро,Охрид 2000; Пештерните цркви во охридско-преспанскиот регион (Р Македонија,Р.Албанија, Р.Грција),Охрид 2005; Охридски митрополитски кодекс /соавтор/,Охрид 2005; Христијански храмови и свети места во охридско,Охрид 2007; Поглавари на Охридската црква, Охрид 2008; Црквата Света Богородица,с.Велестово,Охрид 2008.

Поважни стручни прилози Прилог кон проучување на охрискиот иконопис од XVII и XVIII век, Ликовна уметност, Друштво на Историчари на уметност на Македонија, 10-11(1983- 84), Скопје 1985; Некои согледувања за црковните споменици од XIX до XX век во охридскиот крај,исто..12-13,Скопје 1987; Црквата “Св.Ѓорѓи” во с.Врбјани-охридско, Лихнид, бр.6, Охрид 1988; Приказ на охридски икони од поствизантискиот период, Културно наследство, XII – XIII, Скопје 1988; Документи за црковните енории во Охрид од крајот на XVII век, Гласник на ИНИ,год.XXXVI, бр.1-2, Скопје 1992; Богородичината црква во с. Турје, охридско, Зборник Н.С., бр.1, Музеј на Македонија, Скопје 1993; Уште едно необјавено иконописно дело на зографот Димитар, Светиклиментово слово, Црковен Алманах, Охрид, 1994; Новооткриена пештерна црква на брегот од Охридското Езеро, Списание за изобразително искуство / ИЗКУСТВО АРТ/, Софија, бр. 18, 1994; Новооткриени средновековни портрети на св. Наум Охридски и охридскиот архиепископ Прохор, Културен живот, бр.1-2,Скопје 1995; Ѕвоно со ликот на ‘ Св. Наум’ македонија, Илустрирано списание на Матица на иселениците од Македонија, бр.5О4,IV, Скопје 1995; Краток опис на иконата’ Пресвета богородица со Христос’, Пелагонитиса, / Списание за православна вера,култура, образование и уметност/година прва, бр.1, Битола 1996; Црквата “ Св. Богородица пречиста – Ќелија” с. Велмеј – охридско, Културно наследство, 19-2о-21/1992-93-94/, Скопје 1996; Иконата на “ Свети Јован Претеча” од црк. Св. Ѓорѓи во Охрид, Пелагонитиса….бр.3-4,Битола, 1997; Ликот на “ Свети Климент Охридски” во пештерската црква “ Рождество Богородичино” во манастирскиот комплекс Калишта, ICOM, Меѓународен совет на музеите, MUSEOLOGICA,56,Скопје 2001; Топографија на христијанските сакрални објекти во Охридскиот регион, Пелагонитиса...год.VIII, бр.13-15, Битола 2003; Претстави на локални светители во Москополските цркви Св. Никола и Св,Атанасиј, Симпозиум 1ОО години од прокламирањето на имеријалниот акт ИРАДЕ, Битола, 2005; Пештерските цркви во Охридско-преспанскиот регион, Зборник Радова,4,Ниш,2006; Непознати ликови на Свети Климент во средновековните цркви, Прва научна средба, Св. Климент Охридски, живот-дејност,НУБ, Скопје 2007; Нов археолошки налаз у Охриду, дали је откривен катедрални храм Самуилове Патријаршије? Зборник Матице Српске за ликовне уметности, Нови Сад 2008 Црквата Светите 40 маченици во Охрид, Диана, оделење за превентивну заштиту – Народни музеј у Београду, број 12, 2008 Два прилога за познавање на поствизантиската уметност во охридско-преспанскиот регион, Културно наследство, 34, Скопје 2008 Мистиката на пештерните храмови во охридско-преспанскиот регион, Македонски фолклор, година XXXIV, број 65, Скопје 2008 Ликови на светители во москополски цркви (Р.Албанија), ПАТРИМОНИУМ.МК. Списание за културно наследство, година 2, број 3-4, 5-6, Скопје 2009

Наводи

Надворешни врски Во светот на успешните - Гоце Ангеличин Жура

Категорија:Македонски историчари на уметноста Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски археолози Категорија:Македонски истражувачи Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Југословенски археолози