Macedoniae Acta Archaeologica e периодично археолошко списание на Македонското научно археолошко друштво. Првиот број бил објавен во 1975 година во Прилеп чиј уредник бил уредник Бошко Бабиќ, а досега (состојба 2010) се објавени 17 броја. Во списанието се публикуваат резултатите од истражувањата на археолозите од Македонија и од странство презентирани на научните симпозиуми на МАНД, како и научни прилози од археологијата, нумизматиката, епиграфијата, антропологијата, старата историја и другите помошни дисциплини. Списанието се печати на македонски со резиме на странски јазик. Наводи
Надворешни врски
Сите броеви на Списанието
Категорија:Македонски списанија Категорија:Македонско археолошко научно друштво Категорија:Култура на Прилеп