Прилепски плускавец или Silene prilepensis — местен македонски флористички ендемит од семејството Caryophyllaceae (каранфили), ограничен само во околината на Прилеп (Козјак), опишан од академик Кирил Мицевски.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 313

Опис Повеќегодишно растение густо обраснато со куси влакненца. Стебленцата се вертикални високи 30-40 см, обично поединечни, поретко неколку заедно. Соцветието ретко, метличесто, со малубројни цветови, кои се со куси дршки, скоро приседнати. Чашката е гола, долга е 7 мм, обратно овална, венчето е црвено, семките кафеави.

Живеалиште Расте на варовнички камењар, на надморска височина од околу 1400 метри.

Наводи

Категорија:Плускавец (растение) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Каранфили Категорија:Ендемска флора на Македонија