мини|десно|300п|Вестминстерската палата во Лондон — дело на Бери Чарлс Бери (); ( - ) — истакнат англиски архитект, најпознат по изградбата на Вестминстерската палата во Лондон, како и некои други значајни места во Обединетото Кралство.
Почеток на кариерата
Бери е роден во Вестминстер, Лондон, како син на Волтер Едвард Бери. Се школувал во приватно учичиште во Хоумртон и Асплеј. По смртта на неговиот татко, тој наследил сума на пари која му овозможувала да патува низ целото Средоземје и Близок Исток, од 28 јуни 1817 до август 1820 годинастр. 15-63, in the Rev. Alfred Barry's, The Life and Works of Sir Charles Barry R.A., F.S.A., 1867, John Murray. Така, во текот на тие години тој ја посетил Франција, Италија, Грција, Турција, Египет, Палестина (денешен Израел) и Сирија, потоа Сицилија и назад се вратил преку Италија и Франција. неговата посета на овие земји, посебно на Италија, му дале огромна инспирација за тој да стане архитект.
Први успеси
Неговата прва поголема работа му била доделена во 1824 година за кралската манчестерска институција за промоција на литература, наука и уметност (денес дел од Манчестерска уметничка галерија). По ова следувале неколку цркви во Манчестер, вклучувајќи ја и Црквата на сите Светители, која била срушена во 1854 година. Една од првите големи дела на сер Бери била црква црквата Свети Петар во Бригтон, каде употребил нов готски стил.
Куќата на парламентот
По опожарувањето и уништувањето на поголемиот дел од Вестминстерската палата, била покренета иницијатива за нејзино реновирање. Во 1836 година, по анализата на 97 конкурентски предлози, кралската комисија го избрала готскиот стил од планот на Чарлс Бери. Камен-темелникот бил поставен во 1840, канцеларијата на управникот била завршена во 1847, а зградта на долниот дом во 1852 година. Поради ова, Бери бил прогласен за витез. Иако голем дел од работата била заврешна до 1860, конструкцијата била завршена една декада подоцна. Чарлс Бери, чиј архитектонски стил бил повеќе класичен отколку готски, цврсто се потпирал на Огастес Велби Пјуџин за раскошниот и карактеристичен готски ентериер, вклучувајќи тапети, гравури, витражи и мебел, како и кралските престоли и сводови.
Чарлс Бери починал на 12 мај 1860 година, и бил погребан во Вестминстерската опатија.
Наводи
Надворешни врски Биографија на Чарлс Бери — Britain Express
Трудови на Чарлс Бери — Парламентарен архив на Велика Британија
Категорија:Англиски архитекти Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Носители на Кралскиот златен медал Категорија:Луѓе од Вестминстер Категорија:Витези-бакалауреати Категорија:Погребани во Вестминстерската опатија