десно|thumb|150px|Стамболовштината во Македонијамини|десно|150п|За македонцките работи мини|десно|150п|Македонски глас Отпорот на Македонците кон туѓите пропаганди се изразувал преку училишни бунтови, барања за воведување на македонскиот јазик во наставата, барања за обнова на Охридската архиепископија, создавање на разни друштва и асоцијации за организирано спротивставување на пропагандите. На територијата на Македонија дејствувале грчката, бугарската, српската, романската, католичката и протестантската пропаганда. Првите три пропаганди имале денационализаторски и негаторски однос кон македонскиот национален индивидуалитет. Католичката и протестантската пропаганда биле поставени врз верска основа но со политички цели, романската пропаганда дејствувала меѓу Власите во Македонија и поради тоа дошла во судир со грчката пропаганда, треба да се истакне дека романската пропаганда не дејствувала ретроградно врз македонското национално обособување. Овие пропаганди особено оние од соседните балкански држави во Македонија имале разгранети црковно-просветни пропагандни системи, кој требале да обезбедат што поголем број на национални приврзаници во Македонија, а:

Борба против Цариградската патријаршија

Најстарата пропаганда во Македонија била грчката пропаганда која во почетокот била предводена од Цариградската патријаршија и отука првиот отпор бил против оваа црква која со себе го носела погрчувањето. Во 50 - тите година на 19 век, незајакнатите македонски општини поединечно почнале да настапуваат пред Патријаршијата со барања со отстранување на грчките владици и нивно заменување со лица од словенско потекло Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980. Со развојот на економската сила на градското население бројот на барањата се зголемиле.

Барањата во однос на просветата се прошириле. Било барано да се воведе македонскиот јазик наместо во училиштата, а црковно - словенскиот во богослужбата. Бидејќи овие барања не биле исполнети, македонските општини истапиле со порадикални барања, се побарало обнова на Охридската архиепископија.

Во северниот дел на Македонија каде грчкото влијание било послабо барањата биле ограничени на барања за поставување на месен владика како и воведување на црковно - словенскиот јазик В. Кънчов, Град Скопие, Периодическо списание София, г. XI, 1898 и македонскиот јазик во наставата . Меѓутоа во Охрид каде традицијата за автохтона црква била особена жива се започнало силна борба и агитација за обнова на Охридската архиепископија Е. Спротстранов, По възраждането на гр. Охрид. Сб. НУНК София, г. XIII, 1896, во оваа борба посебно се истакнале Димитар Миладинов и Григор Прличев. Славко Димевски истакнува дека:

Македонските граѓани не можеле да сметаат на поддршката од Патријаршијата за канонска обнова на Охридската архиепископија и затоа целосно се насочиле кон Високата Порта обидувајќи се да ја добие нејзината наклонетост кон ова прашање. До Портата биле испраќани барања во кој било истакнато дека:

Еден дел од јужните македонски општини сметале дека таквите барања нема да бидат уважени од страна на Портата и затоа тие се свртеле кон Римокатоличката црква. Според еден од водачите на кукушкото преродбеничко движење Нако Станишев тие преминувале кон унијата затоа што:

Судир со бугарската пропаганда во врска со решавањето на црковното прашање

Во 60-тите години на 19 век околу Бугарската црковна општина во Цариград се концентрирале бугарските банкари и трговци кој ја финансирале бугарската пропаганда. Тие располагале со развиен бугарски печат и како таков го користеле за ширење на нивните идеи и цели, наспроти нив биле: носителите на македонскиот индивидуалитет, кои немале никакви услови за ширење на своите македонистички идеи

Бугарските првенци барале од Високата Порта македонските епархии да бидат вклучени во новата бугарска црква, а истовремено се започнало со притисок врз македонските црковно - училишни општини, исфрлање на сите учебници од наставата кој не се на бугарски јазик, да се постават што поголем број на бугарски учители кои ќе ја воделе наставата на бугарски јазик.

Македонското граѓанство на ваквото настапување се спротивставило. Отпорот започнал со одбивање на бугарските учители и учебници, а ваквите истапи на граѓанството постепено се претвориле во отпор против навлегувањето на бугарското влијание воопшто.

Македонските црковно-училишни општини и Егзархијата

Црковно-училишни општини

По формирањето Егзархијата се насочила кон преземање на црковно - училишни општини во Македонија, но на таквата политика општините се спротивставиле. Отпорот против Егзархијата имал општ карактер и бил присутен речиси во сите општини низ Македонија. Најмногу бил изразен во централните општини: Солун, Битола, Скопје и други, Овие централни општини се стремеле околу себе да ги групираат другите општини во рамките на еден вилает и заеднички да се спротивстават на Егзархијата.

Обид за создавање на единствен црковно-просветен центар за Македонија

Во 1882 година се датира еден обид за создавање на црковно - просветен центар за Македонија. Солунското граѓанство се обратило кон останатите македонските општини советувајќи ги во иднина да не кореспондираат дирекно со Егзархијата туку преку Солунската црковно - училишна општина, а со тоа требало да се создаде единствен центар кој би требало сите македонски општини да ги претставува пред Егзархијата.

Во меѓувреме биле спроведени избори за црковно - училишната општина во Солун и новото раководство побарало да се измени уставот од 1871 година и да се донесе нов во кој би требало да се гарантира општинската самоуправа.

Судирот на битолското граѓанство со Егзархијата

Поводот за судир меѓу битолчани и Егзархијата е назначувањето на поп Ставре за претседател на Битолската општина, иако битолчани го избрале архимандритот Ананиј. Против назначувањето на поп Ставре се изјасниле највидните граѓани: Робев, Колиштраков, Камчев и Димитар Ризов.

Во противењето на Егзархијата најмногу се истакнал Димитар Ризов, тој во тоа време одржувал врски со повеќе општини од Македонија. Спорот меѓу битолчани и Егзархијата траел две години и на крајот егзархот го сменил поп Ставре, но на местото претседател на општината не го поставил архимандритот Ананиј туку Евстатиј кој подоцна станал егзархиски митрополит.

Ова назначување предизвикало нов судир. Во 1882 година, Димитар Ризов во името на битолчани побарал помош од Високата Порта. Врз основа на членот 62 од Берлинскиот конгрес, Ризов побарал на македонските црковно-училишни општини да им се даде самостојност и тоа преку донесување на едниствен општински устав, а копија од ова барање било испратена и до Егзархијата со дополнително писмо во кое било истакнато дека таквиот устав треба да биде разгледан и одобрен од сите македонски општини.

Според Димитар Ризов, општинскиот устав требало да ги опфати: начинот на избирање на општинските членови, нивниот состав, прават и должностите и нивниот однос кон турската власт, Егзархијата, кон училиштата и народот.

Меѓутоа Високата Порта не го прифатила барањето на битолчани сметајќи дека тоа е локално прашање. Егзархот од своја страна се изјаснил против општинскиот устав бидејќи:

Варош

Во втората половина на 80-те години на 19 век меѓу македонското граѓанство и интелигенција се појавило едно движење кое било насочено против Бугарската егзархија. Првите дејствија против Егзархијата биле спонтани но постепено дошло до создавање на едно масовно движење.

Незадоволството од Егзархијата се зголемило до степен што македонското граѓанство почнало да размискува за масовно откажување од егзархиската јурисдикција Архив на Историскот институт при САН Београд: Збирка на Јован Ристиќ, Инв. бр. 12/629, Сиг. II/5. Масовноста на антиегзархиското движење се гледа и преку малото Варош во Прилеп. Граѓаните од Варош на чело со свештеникот Спасе Игуманов собрале доброволни прилози за да изградат своја црква и да не одат во Прилеп.

Меѓутоа Егзархиската црковно-училишна општина од Прилеп не се согласила со таквиот обид за подигање на нова црква бидејќи тоа би ги смалило нивните приходи, судирот толку се заострил што тој стигнал и до самиот егзарх Јосиф во Цариград. Меѓутоа егзархот застанал на страната на црковно-училишната општина, а тоа придонело варошани на чело со свештеникот Спасе Игуманов го поставиле прашањето за јурисдикцијата на Егзархијата и покренале црковно прашање на македонска основа.

Варошани решиле да се откажат од егзархиската јурисдикција. За таквата акција влијаела одлуката на егзархот Јосиф, која била оценета како деспотска, а друга страна влијаел и самиот Спасе Игуманов кој поборник за возобновување на Охридската архиепископија, треба да се истакне дека меѓу нив имало и влијание на српската пропаганда. Под сугестија на српските претставници Светислав Правица и Шпиро Копривица од Прилеп, било решено Спасе Игуманов да замине во Цариград и со посредство на Стојан Новаковиќ да се сретене со цариградскиот паријарх и од него да се побара признавање на Македонската православна општина Климент Џамбазовски, Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на XIX век, Скопје, 1960 г. во Прилеп, односно таа требало да ја признае црковната власт на Цариградска патријаршија.

Свештеникот Спасе во Цариград преговарал со патријархот но до договор не дошло бидејќи спасе инсистирал општината да носи македонско име, а патријархот се согласил само на името православна општина без придавката Македонска .

Меѓутоа Спасе Игуманов не се откажал и затоа се обратил до апостолскиот викар на Римокатоличката црква и побарл да се признае самостојноста на Македонската православна општина во Прилеп во замена за унија со Рим. Но викарот на таквата иницијатива се искажал против, тој во својот извештај до Конгрегацијата за пропаганда на верата истакнал:

Додека поп Ставре го чекал одговорот од викарот бил повикан од страна на Теодосиј Гологанов и тој му замерил што преговара со Стојан Новаковиќ, цариградскиот патријарх и римокатоличкиот викар. Меѓу другото Гологанов истакнал дека Спасе и Варошани треба да се откажат од идејата за отцепување од Егзархијата бидејќи црковно-училишната општина сама нема да може да преживее и дека најдобро би било да се почека да созреат условите за обнова на Охридската архиепископија:

По враќањето во Прилеп, поп Ставре и Варошани го продолжиле судирот со Егзархијата. Поради тоа Ставре бил наклеветен дека подготвува бунт на населението и поради тоа бил уапсен и затворен во битолскиот затвор од страна на турските власти. Ставре подоцна бил ослободен и добил забрана да доаѓа во Прилеп по што морал да замине за Белград, а во 1890 година се нашол во Скопје кога таму пристигнал новиот егзархиски митрополит Теодосиј Гологанов.

Во контекст на ова движење Ѓорче Петров истакнува дека се јавило едно настроение на:

Обиди за обнова на Охридската архиепископија

Митхад-паша и Солунското граѓанство

По создавањето на Бугарската егзархија Македонците не се откажало од стремежот за обнова на Охридската архиепископија. Во првата половина на 70-те години на 19 век силна активност пројавило солунското граѓанство. Дополнителен импулс било и доаѓањето во есента 1873 година на Митхад-паша за солунски валија. Тој бил долгогодишен министер и добро ги познавал внатрешните состојби во Отоманското Царство и стремежите на потчинетото население.

Со таквата поткрепа солунското граѓанство создало комитет со цел да се организира населението во Македонија за заедничко настапување пред Високата Порта со барање за обнова на Охридската архиепископија Цариградски спомени. Българска сбирка, I/1 ноем. 1894, кн. 11, с. 849.

Дејноста за обнова на Архиепископијата брзо се проширила во Македонија но и во македеонската колонија во Цариград. Во северниот дел на Македонија посебно се истакнале градовите Скопје и Велес која јасно истапиле против грчката пропаганда но и на засилениот бугаризам.