КК Торус е поранешен македонски кошаркарски клуб со седиште во Скопје. Клубот бил поранешен учесник во Првата македонска кошаркарска лига.
Историја
КК Торус бил основан на 25 мај 1999 година во Скопје. КК Торус имал играно четири пати во Првата кошаркарска лига на Македонија, поточно во сезоните од 2008/2009 до 2011/2012. Во сезоната 2009/2010 која била најуспешна сезона за клубот, Торус завршил на третото место во македонската кошаркарска Суперлига, а потоа и до полуфиналето каде загубил од Фени Индустри, а Торус бил вицепрвак во Македонскиот Куп во 2010 каде повторно загубил од Фени Индустри. Последен тренер на КК Торус бил Слободан Петровски.
Постигнувања Прва македонска кошаркарска лига - полуфинале: 2009/10, 2010/11, 2011/12 Куп на Македонија - финале: 2010 БИБЛ лига: групна фаза 2011/12
Тогашна управа
Управата на КК Торус за сезоната 2009/10 била следната:
Стручен Штаб Драган Василов – Цевка - шеф на стручен штаб Борис Нешовиќ - тренер Небојша Ѓуковиќ - асистент на тренер Горан Андонов - лекар Николица Цекиќ - лекар
Раководство Војо Петров - претседател Љубомир Марковски - директор Драган Василов – Цевка - лице за контакт
Поважни поранешни играчи
Иван Атанасовски Игор Атанасовски Перо Блажевски Џеремаја Босвел Карон Бредли Владимир Брчков Дејан Вегов Ерик Гилкрајс Ивица Димчевски Марјан Јаневски Немања Јелесијевиќ Никола Караколев Димитар Караџовски Филип Конзулов Александар Костоски Бојан Крстевски Стефан Крстевски
Горјан Марковски Јован Марковски Зоран Миловиќ Илија Милутиновиќ Милан Миљковиќ Александар Опачиќ Кирил Павловски Џастин Рејнолдс Тони Симиќ Александар Стефановски Игор Тадиќ Фил Тарнер Ангел Тасевски Бојан Трајковски Брајан Харисон Александар Хелд
Извор:Eurobasket.com
Наводи
Поврзано Прва македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Македонска кошаркарска федерација Спорт во Скопје Кошарка во Македонија
Надворешни врски Профил на КК Торус на страницата на КФМ Профил на КК Торус на eurobasket.com
Т Т Ж Категорија:Престаноци во 2012 година во Македонија