Долно Оризари — село во Општина Велес, централна Македонија. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа непосредно до реката Тополка на надморска височина од 216 м. Лежи југозападно од градот Велес и не далеку на југоисток од Горно Оризари. Во близина на запад од селото и преку реката е фабриката „Порцеланка“.
Историја Подрачјето на Долно Оризари е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Свилара.
Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар го обележал Оризар како македонско село.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долно Оризари имало 125 жители, од кои 85 Македонци, а 40 Турци.
На почетокот на XX век целото хистијанско население на Долно Оризари потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 128 Македонци под егзархијата.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Долно Чалтики (Dl. Caltiki) како мешано македонско христијанско и турско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.
Стопанство
Население
По Втората светска војна е забележан голем пад на населението на Долно Оризари. На пописите во 1953 и 1961 г. за селото нема одделни податоци бидејќи е вброено во населението на Горно Оризари. Во подоцнежните децении имало по неколку жители, за конечно да биде иселено некаде во првата половина на 1990-тите. Според пописот од 2002 година, Долно Оризари немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Општествени установи Црква „Св. Богородица“
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Порцеланова — населба и некропола од римско време Свилара — некропола од железно време
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес Категорија:Раселени села во Македонија