Тучепи () — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци муслимани, иако порано било со мешана вероисповед.
Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на неколку стотини метри западно од границата со Македонија. Од другата страна, на 1 км источно лежи селото Отишани во Општина Дебар. Крај селото во северен правец минува Остренски Поток по кој понасевер оди по државната граница и го добива името Мирешница пред да се влее во Црн Дрим кај Миреши.
Историја Во XIX век Тучепи било македонско село во Дебарската Каза на Отоманското Царство, во процес на исламизација. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тучепи (Toutchépi) е село со 20 домаќинства сочинети од 18 Македонци муслимани (Торбеши) и 32 Македонци-христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Тучепи живееле 20 Македонци-христијани и 160 Македонци муслимани.
По податоци на Бугарската егзархија, на крајот од XIX век православното население на Тучепе се состоело од 6 куќи со 21 жител, Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тучене (Toutchené) имало 32 православни Македонци, сите под егзархијата.
Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Тучепи имало 4 македонски православни и 41 торбешка куќа.Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2. Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Тучепи имало 6 православни македонски куќи со 21 жител.Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Во отчет на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. „Отишани - Тучепи“ имало 5 православни македонски куќи.Отчет на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Тучепи се води како село со 50 куќи на Македонци муслимани.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица Категорија:Македонски населби во Албанија