мини|333п|десно|Хинденбург почнува да паѓа неколку секунди откако избил огнот

Хинденбурговата катастрофа е експлозија на цепелинот „Хинденбург“, најголемиот крут авион што воопшто бил конструиран. Во пловидба бил пуштен во 1936 година во Германија, одбележувајќи го почетокот на првите комерцијални летови преку Северниот Атлантик; имал 10 успешни рути. На 6 мај 1937 година, додека се спуштал во Лејкхерст, Њу Џерси, САД, се запалил водородниот гас, уништувајќи го авионот и убивајќи 36 од вкупно 97 патници. Од катастрофата има филмска снимка и фонографски дискови. Поради инцидентот престана употребата на крути авиони за комерцијален транспорт.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2006, Книга 10, стр. 121.

Наводи

Категорија:Историја на САД (1918–1945) Категорија:1937 во САД Категорија:Воздухопловни несреќи во САД Категорија:Воздухопловни несреќи во 1937 година

ru:Гинденбург (дирижабль)#Крушение «Гинденбурга»