Сенаторската кула (руски:Сенатская башня) е кула која се наоѓа во Кремљ, на Црвениот плоштад во Москва, Русија.

Кулата била изградена во 1491 година од страна на италијанскиот архитект Пјетро Антонио Солари. Името кулата го добила според изградбата на Сенаторскиот дворец во 1787 година. Пред ова, кулата немала некое посебно име. Пред кулата се наоѓа Мавзолејот на Ленин.

Кулата е висока 34 метри.

Наводи

Категорија:Кули на Московскиот кремљ