мини|десно|250п|Планинарскиот дом „Дервен“ „Дервен“ (латиница: Derven) е планинарски дом на планината Бабуна, на височина од која има извонреден поглед кон Прилеп и неговата околина, кон планините Мукос и Селечка. Домот е изложен долго време на сонце, но истовремено и на ветрови кои постојано дуваат„Дервен“ претставува еден од малкуте планинарски домови на Балканот кои имаат оригинална, исклучително цврста кружна градба од камен и бетон која и покрај претрпениот пожар опстојува како туристичка атракција.
Местоположба “Дервен” со својата местоположба и локација е еден од најспецифичните планинарски домови во Македонија. Се наоѓа на планината Бабуна, близу до стариот пат Прилеп – Велес, над планинскиот премин Присад (1098 м). Од Прилеп е оддалечен околу 18 km. Самата планина Бабуна се протега од Голи Рид (1455 м) на север, до превојот Плетвар (994 м) на југоисток, во должина од 22 km. Највисок врв е Козјак (1747 м) во јужниот дел, над превојот Плетвар. Поради големата расчленетост на одделни ограноци, Бабуна има различни локални имиња: Борула Планина, Мукос, Злато, Дреновска Планина и др. До планинарскиот дом може да се дојде пеш, но и со теренско возило по макадамскиот пат, на кој има и маркации. Патеката е интересна и привлечна со поглед на природните убавини на Прилепското Езеро, манастирот Св.Ѓорѓија и едно од најголемите копови за мермер, Сивец, каде има неколку мали вештачки езерца. Посебен восхит е погледот од планинарскиот дом кон градот Прилеп, кон Селечка Планина и повисоките врвови на Бабуба како што се: Мал Мукос, Маркови Кули и др. Домот има присојна (јужна) експозиција, осончан речиси преку целиот ден, но со силни ветрови во овој гребенест дел.
Изградба
Изградбата на домот е започната 1951 година а завршена во 1955 година, со доброволна работа на прилепските планинари и со помош на органите на власта. Во 1955 година предаден е на управување на Планинарското друштво - „Козјак" од Прилеп кое заедно со Планинарскиот сојуз на СРМ и најмногу учествувало во неговата изградба. Граден е од цврст материјал: камен и малтер со приземје и кат. Има две големи простории во кои се сместени околу 50 кревети. Има кујна и трпезарија опремени со потребната опрема кои може да им служат на посетителите. Има и помошни простории и соба за домарот на домот.
Опожарување
На 1 март 1997 година, домот е опожарен и целосно руиниран. Останати се само камените руини од домот. Од 2013 година планинарското друштво Козјак е во преговори со општината Прилеп за возобновување на домот и ставање во функција. Традиционалното искачување „Козјак '97“ за првпат е одржано во 1997 година. Името на ова искачување „Козјак '97“ е во спомен за планинарскиот дом Дервен кој изгоре во март истата година. Искачувањето се организира една недела после православниот христијански празник Дуовден (Духовден).
Сместувачки капацитети
Во трпезаријата и домот по потреба можело да се сместат околу 72 планинанри. Домот бил постојано отворен. Имало домар и домаќинка кои се грижеле за редот и чистотата. Во домот имало телефон, радио и телевизор. Имало електрично осветлување, водоводна инсталација, умивалници и бања. Во домот можело да се добие храна, пијалак и други прехранбени производи, а можело да се подготвува и сопствена храна. Околината на домот била уредена ливада со планинска трева. Имало и бавча која ја обработувале домарите.
Привлечни одредишта Најпривлечни одредишта од домот се: највисокиот врв на планината Бабуба – Козјак (1747 м) кој е оддалечен околу 5 часа пешачење, врвот Мал Мукос, кој е оддалечен околу 2-3 часа, Голем Мукос, Студеница, Кадиница и манастирот Степаница (2-3 часа пешачење), Mанастирот “Св. Богородица – Трескавец”, “Златоврв” (1422 м) и други. Инаку, планината Бабуна е исклучително богата со вегетација и жив свет како и разновидни денудациски форми: Маркови Кули, Кукол, Златоврв. Непосредно пак до “Златоврв” (1422 м), на огранокот познат како Злато е манастирот “Св. Богородица – Трескавец”, еден од најстарите и најубавите во нашата држава. Името „Злато“ овој дел од планината го добил поради присуството на минерали во карпите кои при силен сјај од Сонцето блескаат како злато.
Пристап до домот
Домот се наоѓа над стариот пат Велес - Прилеп, преку планината Бабуна. Оддалечен е од Прилеп околу 20 km. Може да се дојде пеш или со автомобил. Патот е маркиран со видни маркици. До домот може да се дојде и со приодот од Велес кон Прилеп.
Можни излети
Излет на врвовите Мал Мукос и Голем Мукос, пешачење 2 - 3 часа од домот. Излет на Студеница и Кадиница и до манастирот Степаница, пешачење 2 - 3 часа од домот.
Галерија
Наводи
Дервен