мини|десно|250п|Карта на Бохајското Море и околината Бохајското Море (кин. 渤海, пинјин: Bó Hǎi), наречено и Бохајски Залив е највнатрешната заливска област на Жолтото Море, околу крајбрежјето на североисточна Кина. Зафаќа површина од околу 78.000 км2 и претставува една од најпрометните водни површини во светот поради релативната близина до Пекинг.
мини|десно|250п|Местоположбата на Бохајското Море
Историја Сè до почетокот на XX век, заливот се нарекувал Чили (直隸, Zhílì) или Печили 北直隸, Běizhílì). Ова се имиња на некогашните покраини во областа.
Географија Бохајското Море се граничи со полуостровите Љаодунг и Шандунг. Во последно време ова е еден од најпрометните морски патишта во светот. Бохајското Море има три помали залива: Лајџоу (јужно), Љаодуншкиот Залив (северно) и истоимениот Бохајски Залив (западно).
Поврзано Бохај Бохајски Залив
Надворешни врски
Извештаи на УНЕП - Утврдување на области: Бохајско Море
Категорија:Жолто Море Категорија:Мориња во Азија Категорија:Заливи во Кина Категорија:Заливи во Тихиот Океан